Над 50 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата, а 23.808 преку матичните лекари


Вкупно 50.200 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 23.808 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство. Веб страницата беше пуштена минатата недела, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе […]

Со петтиот антикризен пакет 50 милиони денари поддршка и за 120 радиодифузери


Вкупно 50 милиони денари поддршка за сите 120 радија и телевизии во земјава кои имаат концесии за емитување програма, се предвидени со петтиот пакет мерки, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Радиодифузерите, како што објасни Заев, годинава ќе бидат ослободени од давачката за концесија. -Водевме грижа за еднаквоста и рамноправноста. Терестријалниот предавател што го плаќаат околу […]

Маричиќ пред амбасадорите на ЕУ: Државата интензивно работи на пописот и реформите во правосудството


Подготовките за спроведување на пописот биле тема на денешиот состанок на министерот за правда Бојан Маричиќ со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, на кој присуствувале и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами. Како што соопшти Министерството за правда, по носењето на Законот и објавувањето […]

Ристовска: Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери


Во рамките на незаконски прислушкуваните разговори биле следени три категории на лица, таргети, лица соговорници и оштетени лица, односно лица под посебни истражни мерки, сподели денеска обвинителката, Ленче Ристовска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ и нагласи дека следените доживеале најголема штета поради фактот дека биле следени и пред, и по ПИМ мерките. Ристовска образложи дека […]

Мицкоски: Петтиот пакет економски мерки е неразвоен и нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните


Никаде не видов интензивна реализација на капитални инвестиции, што е основа за раст на економијата во една држава. Не се гледа каде ќе се градат патишта, болници, каде ќе се инвестира во театри, културни институции и градинки, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со петтиот пакет економски мерки најавен од Владата.   […]

Битолскиот театар подготвен за премиерата на „Ноќта кога ја убив месечината“ 


Во Народниот театар Битола завршија подготовките за премиера на претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ во режија на Марјан Ѓорѓиевски, закажана за 19 февруари во Битола. Станува збор за театарски проект инспириран од делото „Мостот“ на Лорен ван Велтер, за кое превод од бугарски на македонски јазик подготви Александар Копања. -Капитализмот е на тест. Слободата […]

Израел ќе ги укине ограничувањата само за вакцинираните лица


 Израел од 21 февруари ќе почне да ги укинува ограничувањата против коронавирус, но само за вакцинирани и оние кои го биле излекувани од Ковид-19, соопшти Министерството за туризам на земјата. Само носителите на „зелени пасоши“ ќе имаат дозвола да посетуваат спортски сали, базени, фитнес клубови, хотели (без ресторани), културни објекти и настани. Овој документ ќе биде […]

ЕУ не ја додаде Турција во списокот на земји што се сметаат за даночен рај


Белгија– Иако темата била на маса, земјите членки денеска на министерскиот состанок за финансии не постигнале едногласност за да се додаде Турција во списокот на даночни раеви, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја пренесоа повеќе европски медиуми утрово повикувајќи се на извори присутни на министерскиот состанок. Турција за сега се наоѓа на сива […]

Заев: Ова е последно помагање за исплата на плати


Мерката со која се помагаат компаниите за исплата на плати ќе биде последна од ваков вид, рече денес премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за петтиот сет економски мерки. „Да, ова е последно помагање за исплата на плати. Чесно е Владата да ја испрати пораката – очекуваме развој, раст. Тоа се случува во светот, ги следиме […]

Во Бугарија запленети приближно 402 килограми хероин


Бугарија – Бугарската царина на 7 февруари заплени 401,468 килограми хероин, објави денеска на Твитер главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, јави дописникот на МИА. Хероинот бил откриен во Варна во пратка со битумен што пристигнала од . Дрогата била скриена во четири контејнери, а примател на практата била трговска фирма од Шумен. Сопственикот на фирмата […]

На полуфиналето и финалето на Австралија опен ќе биде дозволено присуство на гледачи


Австралија– Петдневната блокада во Викторија, Австралија, ќе заврши како што беше планирано на 17 февруари во 23:59 часот по локално време, освен ако во средата наутро не дојде до скок на позитивни случаи со коронавирус. Државната влада денес одржа состанок за финализирање на планот за завршување на „локдаунот“ в четврток, објави „Herald Sun“. Планот за повторно […]

Прекината собраниската седница поради недоволно пратеници  


 Собраниската седница денеска почна по два часа од закажаниот термин и набргу беше прекината поради недоволен број присутни пратеници во салата. Откако заменик-министерот за правда Агим Нухиу го образложи Предлогот поднесен од Владата за изменување и дополнување на Законот за прекршоци, по скратена постапка, кои се однесуваат на прекршоци во животната средина, гласањето беше поништено […]

За еден и пол месец малолетници извршиле 27 кривични дела во Југоистокот


 За еден и пол месец малолетници во југоистокот на државата извршиле 27 кривични дела што е драстично зголемување во споредба со лани истиот период, кога биле пријавени само четири такви кривични дела, информираат од СВР Струмица. Крадците најчесто оперирале во Струмица, Богданци и Гевгелија, каде од возрасни лица краделе пари и вредни предмети. Освен разбојништвата и тешки […]

За вакцинација пријавени над 50 илјади лица


До денеска, вкупно пријавени за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk се 50.200 лица, сооптшија од Министерството за здравство за ТВ21. Утре вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи на Инфективна клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции ќе работи во две смени […]

Данците произведуваат најмногу отпад во ЕУ


Евростат објави колку отпад произведуваат земјите членки на Европска Унија, а прва на листата е Данска. Во просек во 2019 година секој граѓанин на ЕУ произвел 502 килограми отпад годишно. Најлоши резултати покажуваат Данска и Луксембург со 844 и 791 килограми отпад по човек годишно. Најмалку отпад по жител имаат Полска и Романија со 280 […]

ИЈЗ: Зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19, детектирани поголем број нови варијанти на вирусот


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 8 до 14 февруари се тестирани вкупно 16.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,2 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани сe 2.232 нови позитивни случаи […]

ФИТР и ДЗИС потпишаа меморандум за соработка со цел поттикнување иновации и афирмација на домашните компании


Фондот за иновации и технолошки развој и Државниот завод за индустриска сопственост потпишаа меморандум за соработка со цел поттикнување на иновациите и афирмација на домашните компании и организации. Соработката ќе се реализира преку организирање на активности за поттикнување на заштита на иновациите, размена на информации, знаења и искуства, учество во работни тела и организирање на […]

Рама повторно ја критикуваше ЕУ околу вакцините и не исклучи набавка на вакцини од Кина


 Албанскиот премиер Еди Рама и понатаму не ги штеди своите критики кон Европската унија кога станува збор за вакцината против Ковид-19. Рама рече дека нема да биде изненадување доколку Албанија, како и Северна Македонија, го сврти погледот кон кинеската вакцина, во време кога ЕУ нема одговор за земјите од западен Балкан. Според него ако тоа […]

Кузевски: Сите попишувачи ќе се обучуваат за заштита на личните податоци на граѓаните


Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) е вклучена во подготовките за пописот на населението што треба да се одржи од 1 до 21 април, а сите попишувачи ќе поминат обука како да ги заштитат податоците на лицата што ќе ги попишуваат. Истовремено и Државниот завод за статистика, согласно обврските, презема соодветни мерки за заштита […]

Судски совет ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова


Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе едногласна одлука да ја разреши од функцијата врховната судијка Лидија Неделкова. Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев по завршувањето на седницата изјави дека Неделкова е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката. -Констатиравме дека она што е […]