Во Хрватска има 274 новозаразени, а починаа 18 пациенти


 

Во последните 24 часа забележани се 274 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува 1.959.

Меѓу нив 927 пациенти се на болничко лекување, од кои 84 на респиратор.

Починаа 18 пациенти, или вкупно досега 5.357.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска заболеле 237.999 лица, а оздравеле 230.683.

Тестирани се вкупно 1.275.009, од кои 6.686 во последните 24 часа.