Лалчевска : Е-базата на прописи е архива на националната легислатива од 45-та година до денес


Покрај печатеното и електронското издание на Службен весник, секојдневно ја ажурираме нашата електронска база на прописи, за која слободно можеме да кажеме дека е архива на националната легислатива од 45-тата година до денес. Базата нуди брзо пребарување, со еден клик, со еден збор од насловот на прописот, или пребарување по области, но она што е […]

Најмногу снег на Попова Шапка, најладно во Битола


Висината на снежната покривка изутринава на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар, 35 во Маврови Анови, 31 во Тополчани, 30 во Крушево, 27 во Пожаране, 26 во Битола, 25 во Дебар, 23 во Тетово, 21 во Берово, 20 во Претор, 18 во  Демир Капија и Ѓуриште, 17 во Прилеп, 10 во Крива Паланка и Охрид и […]

Во Битола гостуваат ракометарите на Гудме од Данска


Ракометниот клуб ГОГ Гудме, високо рангиран тим од државата на светскиот ракометен првак Данска, вечер гостува во Битола каде силите ќе ги одмери со македонскиот вицешампион РК Еурофарм Пелистер. Во тимот на гостите настапуваат четворица репрезентативци од неодамнешното светско првенство што се одржа во Египет, и тоа за нас е дополнителен предизвик, изјави пред вечерашната […]

Угостителските објекти, хотелите и културните институции во Австрија остануваат затворени до Велигден


Австрија– Австриската Влада ја продолжи епидемиолошката мерка за заклучување на угостителски објекти, хотелите и културните институции до „околу Велигден“, соопшти синоќа австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој рече дека на 1 март повторно ќе се анализира ситуацијата со експерти, лидерите на провинциите и парламентарните партии. Курц потенцираше дека епидемиолошката состојба е сè уште стабилна и по олабавувањето на […]

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, а наместа има и остатоци од кашест снег на коловозот.  Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица. Во целосен прекин е сообраќајот на патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку други патни правци има забрана за движење за […]

Мурињо прогласен за најдобар тренер на 21. век од страна на ИФФХС


Германија– Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС) на својата официјална веб-страница објави рејтинг на најдобрите тренери во светот во 21 век. Првото место го зазеде сегашниот тренер на Тотенхем, Жозе  Мурињо. Педесет и осумгодишниот Мурињо, има две победи во Лигата на шампионите, со Порто сезона 2003/04 и со Интер во 2009/10, го има […]

Хрватскиот политичар Владимир Шекс ја тужи Хрватска во Стразбур поради документи за Туѓман


Хрватска–  Хрватскиот политичар Владимир Шекс потврди дека ја тужи Хрватска пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур затоа што не му е дозволен пристап до документи на поранешниот претседател Фрањо Туѓман. Тој нагласува дека од национален интерес да се открие тој период од модерната историја, а не да се крие. Станува збор за документи од […]

„Спејс Икс“ лансира ракета носач со 60 микросателити


САД– Спејс Икс (SpaceX) лансираше ракета носач Фалкон 9 со 60 микросателити Старлинк. Лансирањето беше пренесувано во живо на веб-страницата на приватната американска компанија на Илон Маск. Ракетата беше лансирана пред 23 часот по локално време вчера од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида. Фалкон 9 беше користен во пет претходни лансирања за да се намалат трошоците, […]

Студен бран остави најмалку осум милиони луѓе без струја во Тексас и Мексико


САД– Невообичаено студен атмосферски бран остави повеќе од осум милиони клиенти во Тексас и Мексико без електрична енергија. Во јужната американска држава има четири милиони претплатници без електрична енергија. Поради зголемената потрошувачка, локалниот оператор на електрична енергија е принуден да ја исклучува електричната енергија на ротациска основа. Цената на пазарот на електрична енергија во Тексас […]

Идната недела средба Османи – Захариева, Германија не отстапува од проширувањето и старт на преговорите со С Македонија


Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија идната недела треба да се состанат со цел да го договорат терминот на одржување на втората меѓувладина конференција на која треба да биде усвоен Акцискиот план, најави вчера премиерот Зоран Заев. Акцискиот план, односно секторскиот план за соработка со Бугарија е дефиниран од двете земји […]

Конгресот на САД ќе формира независна комисија за нападот врз Капитол од 6 јануари


САД– Конгресот на САД ќе формира независна комисија, како онаа формирана по нападите од 11.09.2001., за да го испита смртоносниот напад врз Капитол минатиот месец. Претседателката на Претставничкиот дом контролиран од Демократската партија, Ненси Пелоси, го наведе тоа во писмото до нејзините сопартијци. Пелоси пишува дека Комисијата „ќе ги испита и известува за фактите и […]

Утре почнува вакцинацијата против Ковид-19, до крајот на месецот се очекуваат и кинеските вакцини


Вакцинацијата против Ковид-19 во земјава почнува утре, и тоа најпрвин со вакцинирање на зравствените работници од Инфективната клиника во Скопје. Надлежните потврдија дека подготовките за масовното вакцинирање се во тек, а до крајот на месецов се очекува да пристигнат и кинеските вакцини. Вакцинацијата ќе почне во среда во 10 часот, во модуларната болница на Клиниката […]

Телефонски разговор Камала Харис-Емануел Макрон


САД – Потпретседателката на САД Камала Харис и францускиот претседател Емануел Макрон вчера имаа телефонски разговор во кој ја изразија својата посветеност за зајакнување на билатералните врски меѓу двете земји, соопшти кабинетот на Харис. Во соопштението се вели дека Харис и Макрон се согласиле за потребата од тесна билатерална и мултилатерална соработка во борбата против Ковид-19 и климатските промени, како и со […]

ЕК почнува програма за анализа на мутациите на новиот коронавирус


Франција– Европската комисија утре почнува програма за проучување на мутациите во новиот коронавирус, јавија француски медиуми повикувајќи се на нејзиниот претседател Урсула фон дер Лајен. Таа ј објави информацијата во интервју за денешниот број на весникот Ле-з-еко. Наречена „ХЕРА инкубатор“ (Health Emergency Response Authority Incubator), програмата „ќе обедини лаборатории, здравствени власти, научници и Европската комисија“, […]

Финализираниот петти пакет економски мерки на усвојување пред Владата


На денешната редовна владина седница се очекува да биде усвоена инфорацијата за петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните поради ковид пандемијата. Финалниот предлог на петиот пакет мерки викендот беше презентиран пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во државава. Премиерот Зоран Заев вчера истакна дека […]

Декларација за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер, денеска ќе потпишат Заедничка декларација за намери за соработка меѓу владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, потпишувањето ќе се одржи преку видео врска, […]

Земјава во жолта фаза – ниски температури до минус 18 степени


Северна Македонија денеска, според најавите од синоптичарите, ќе биде зафатена од поларен студ од жолта фаза со ниски тепратури кои ќе се спушат до минус 18 степени. Управата за хидрометеоролошки рабoти соопшти дека времето ќе биде претежно ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната […]

Јанез Јанша останува премиер, го преживеа гласањето за недоверба


Јанез Јанша останува премиер на Словенија откако денеска не помина гласањето за искажување недоверба кон неговата влада. По целодневната дебата во собранието, во која опозицискиот блок партии го предлагаше Карел Ерјавец, претседател на партијата на пензионерите ДеСУС, за нов премиер во постапката наречена конструктивно гласање за недоверба, предлагачите не усепаја да соберат 46 гласа во […]

Нуриел Рубини: Биткоинот е во минус, не се обложувајте на криптовалути


Нобеловецот Нуриел Рубини, најпознат по прецизното предвидување на големата финансиска криза што му донесе прекар „Доктор пропаст“, остро го критикуваше биткоинот и неговото влијание врз животната средина, во авторскиот текст објавен во „Фајненшл тајмс“. „Бидејќи основната вредност на биткоинот е нула и би била негативна ако се примени соодветен данок за неговото производство, бидејќи предизвикува […]

Извозот на „Газпром“ во Европа во 2020 година намален за 12 отсто


Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти пад на својот извоз во Европа во 2020 година, кога цените и побарувачката во енергетската индустрија пропаднаа поради пандемијата на коронавирус. „Газпром“, кој ја вклучува Турција во Европа, соопшти дека неговиот европски извоз паднал за 12,1 процент во 2020 година на 174,97 милијарди кубни метри на годишно ниво, од […]