ВМРО-ДПМНЕ почна со уривање на пописот, СДСМ ги нарече „очајни“


Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа „не“ на Зоран Заев за фалсификат попис, тврди ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи практично кампања за бојкот на оваа статистичка операција.  -Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по денешната порака која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис. Народот јасно кажа дека не е предмет за […]

Една година од првиот „локдаун“ во Европа


Франција –  Овој викенд се одбележува една година откако Италија беше прва во Европа што воведе блокада поради Ковид-19 – затворањето опфати одредени региони, како што се Ломбардија и Емилија-Ромања, и специфични сектори, како што се дел од училиштата, и драстичните мерки што го шокираа светот, пишува Гардијан. Во тоа време, Италија имаше 152 регистрирани случаи […]

Во Сараево предупредување поради енормно зголемен број новозаразени со Ковид-19


Директорот на Службата за итна медицинска помош во Сараево, Адем Залихиќ, ги предупреди граѓаните за огромен скок на бројот на новоинфицирани со Ковид-19. Тој на својот Фејсбук профил објави дека епидемиолошката состојба во Сараевскиот кантон се влошува и декапотврда за тоа е огромниот скок на бројот на новоинфицирани во изминатите 24 часа, што изнесува 246. […]

Уште девет години имаме за да спречиме климатска катастрофа, смета Џон Кери


САД – Специјалниот претставник на Белата куќа за климата Џон Кери предупреди дека светот има само девет години да дејствува, со цел да се избегне климатска катастрофа. – Околу 2030 година е времето во кое мора да бидеме на вистинскиот пат за да го запреме нивото на глобално зголемување на температурата за 1,5 степени, изјави Кери. […]

Филипче: Граѓаните заслужуваат нов клинички центар, пратениците на опозицијата да го одблокираат законот


Министерот за здравство Венко Филипче ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание со чие донесување ќе се овозможат активности за изградбата на новиот клинички центар планиран на локација во Ѓорче Петров.   Партиските разлики, порача денеска ресорниот министер,  треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните. За изградбата на новиот […]

Анализа: Европејците повеќе штедат во време на пандемијата


Белгија –  Европејците трошат помалку и штедат повеќе за време на пандемијата на коронавирусот, покажува студијата на Deposit Solutions, финансиска фирма со седиште во Хамбург. Лани на тековните и штедните сметки во еврозоната пристигнало салдо од 585 милијарди евра, се вели во анализата на компанијата. Обемот на заштеди во еврозоната се зголеми за 48 проценти во […]

Ердоган сака подобри односи со САД


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нагласи дека заедничките интереси на Турција и САД далеку ги надминуваат нивните разлики и се залага за поголема соработка со новата американска администрација на претседателот Џозеф Бајден. Во видео порака објавена доцна синоќа, Ердоган призна дека турско-американските односи се „сериозно искушение“, но истакна дека нивното стратешко партнерство „надминало разни видови […]

Градоначалникот на Ница повика за делумно затворање во регионот поради Ковид-19


Франција – Градоначалникот на францускиот медитерански град Ница денеска повика на „локдаун“ за време на викендот во регионот за да се запре приливот на посетители и да се ограничи наглото зголемување на инфекциите со коронавирусот. – Потребни ни се силни мерки што ќе бидат над полицискиот час во 18 часот на национално ниво, или построг полициски […]

Џонсон со амбициозен план – да се вакцинираат сите возрасни Британци до крајот на јули


До крајот на јули, на сите постари луѓе во Велика Британија ќе им биде понудена вакцина за коронавирусот. Тоа го вети британскиот премиер Борис Џонсон, јави ДПА. Тој посочи дека целта е да се заштити најранливиот дел од населението и да се преземат понатамошни чекори за ублажување на некои од сегашните ограничувања. Досега, повеќе од […]

Савада: Северна Македонија е стабилна земја, Јапонија ја поддржува за членство во ЕУ


Немам сомнеж во стабилноста на Северна Македонија и сум голем оптимист во однос на процесот на проширување на Европската Унија. Јапонија е силно посветена на поддршката за Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Иницијативата за соработка со земјите од Западен Балкан ја демонстрира таа посветеност. Ова го потенцира новиот јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори […]

ОН: Советник на Трамп кршел ембарго за оружје за Либија


Поранешен офицер на американската морнарица и основач на приватна воена компанија Blackwater USA, Ерик Принс, некогаш близок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, го прекршил ембаргото на ОН за извоз на оружје во Либија. Тоа се случило заедно со три компании од ОАЕ и нивни менаџери за време на операција за помош на воениот командант […]

Вучиќ тврди дека вакцните во Србија се резултат на билатерален договор


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска посочи дека ревакцинацијата е од клучно значење и изрази верување дека ќе бидат вакцинирани  и ревакцинирани  1,1 до 1,2 милиони луѓе, што е 20 отсто од возрасната популација, пред да пристигнат вакцините од програмата Ковакс. Обраќајќи им се на медиумите, Вучиќ рече дека вакцините АстраЗенека, што денеска пристигнаа во […]

Секој трет здравствен работник во Црна Гора бил заразен со Ковид-19, смета претседателот на Здравствениот синдикат


Позицијата на здравствените работници во Цран Гора се смени за време на епидемијата на коронавирусот, така што голем број од нив беа преоптоварени, бидејќи има голем број вработени кои се заразени или изолирани, изјави за Дан претседателот на Здравствениот синдикат, Владимир Павичевиќ. Павичевиќ нагласи дека, според нивните податоци, околу 30 проценти од здравствените работници во […]

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка


Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 37 сантиметри, а таму изутрина во 7 часот е измерена и најниската температура во државава од  – 7 степени.   Во Крушево има 14 сантиметри снег, 12 во Маврови Анови, 11 во Битола,  шест во Пожаране, пет во Ѓуриште, три во Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минусни […]

Во Израел се отвора економијата по масовната вакцинација


Израел денеска делумно ја отвори својата економија, што се смета за враќање кон нормалниот живот во таа држава на денот кога пред една година беше првпат откриен случај на заразен со Ковид-19. Продавниците се отворени за сите граѓани, но влезот во спортски сали, театри, кина е ограничен само на луѓе кои примиле две дози од […]

Следниот викенд Трамп ќе одржи говор на конференција на Републиканската партија


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе одржи говор на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Орландо, Флорида следниот викенд, јавија американските медиуми. Трамп ќе зборува за иднината на Републиканската партија и конзервативното движење, според информиран извор. Конференцијата ќе се одржи од 25 до 28 февруари, а говорот на Трамп е закажан за последниот ден. Покрај […]

Трет ден по ред во Франција расте бројот на новозаразени со Ковид-19


Трет ден по ред, бројот на нови случаи на коронавирус се зголемува во Франција, а министерот за здравство, Оливие Веран, предупредува дека тој тренд не е добар знак. Според податоците на Министерството за здравство за вчера, во последните 24 часа биле заразени уште 22.371 лице, а починале 183 пациенти. Веран рече дека трендот на податоци […]

Бајрами: НБ е професионална институција, зад сите одлуки стои цел тим


Народната банка во наредниот период ќе продолжи со олабавената монетарна политика, преку одржување соодветно, високо ниво на девизни резерви и задржување на стабилниот девизен курс на денарот. Во интервју за МИА, ова го истакнува вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами, кој нагласува дека зад сите одлуки на Народната банка стои цел професионален тим. – Народната […]

Ирска нема да отвора хотели до средината на летото


Властите во Ирска нема да размислат за повторно отворање на хотелската индустрија пред средината на летото поради големото ширење на коронавирусот во земјата, изјави премиерот Михол Мартин. Баровите, рестораните, кафулињата и хотелите беа затворени во Ирска во поголемиот дел од минатата година, а последната национална блокада стапи на сила кон крајот на декември. Земјата е […]

Лагард: Најголем страв не е дека ЕУ ќе има многу долгови, туку дека владите можат „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, нагласи дека нејзиниот најголем страв не е дека Европската унија ќе има многу долгови, туку дека владите можат „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки. Според неа, таквите програми мора „постепено“ и внимателно да се релаксираат. – Ова е најтешкиот, најсуптилниот момент кога треба да се направат проценки, изјви […]