(Видео) На авион над Денвер му експлодирал моторот, делови паднеле во населена област


Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што „Боинг 777-200“ мораше да биде принуден да се врати на аеродромот, бидејќи по полетувањето се запалил десниот мотор. Деловите од авионот што паднале не се мали и тој речиси ќе се урнел врз станбени објекти, јавија американски медиуми, наведувајќи дека нема повредени. […]

Тутунарите со нови здруженија ќе се борат против старите проблеми при откупот на тутунот


Во време кога уште се дебатира кога ќе заврши откупот на тутунот, а се бара продолжување на законскиот рок за откуп, во една од најпроблематичните и најтешки откупни сезони, се навестува формирање барем на пет – шест нови тутунски здруженија кои, како што се нагласува, ќе ги решаваат проблемите на тутунарите кои годинава ескалираа. Како […]

Османи во официјална посета на Обединети Арапски Емирати


Шефот на дипломатијата Бујар Османи од денеска престојува во дводневна официјална посета на Обединетите Арапски Емирати на покана на неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Како што соопшти МНР, на првиот ден на посетата во Дубаи, Османи ќе има средба со државната министерка за меѓународна соработка […]

Скопјани дишеле најмалку загаден воздух во јануари во последните седум години


Проблемот со загадувањето на воздухот во земјава е долготраен, а Скопје како главен град неколкупати се наоѓаше на листата топ 10 најзагадени градови во светот. Иако со години и здруженијата и надлежните институции бараат решение за надминување, како и лоцирање на коренот на овој феномен, сепак низ годините се соочуваме со бројни денови во кои […]

Ливерпул претрпе четири домашни порази во низа за прв пат по речиси еден век


Актуелниот англиски првак Ливерпул загуби вечерва во градското „Мерсисајд“ дерби против Евертон со 2:0 и за прв пат од 1923 година запиша серија од четири последователни порази на домашен терен. Ричарлисон во третата минута и Гулфи Сигурдсон од пенал во 83 минута му ја донесоа на Евертон првата победа на „Енфилд Роуд“ од 1999 година и прв триумф над градскиот […]

Продолжува дебатата за етничката припадност во личните карти, ЕУ препорачува усогласување со европското законодавство


За земја кандидат за членство во ЕУ, како Северна Македонија, императив е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива, кога станува збор и за личните карти. Власта најавува следење на сите европски одлуки и регулативи во врска со личните карти, опозицијата останува на ставот граѓаните да можат да се изјаснат доколку сакаат во личната карта […]

Премиерот Заев во посета на компанијата „ТАБМАК“ во Пробиштип 


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе ја посетат компанија „ТАБМАК“ во Пробиштип, која редовно инвестира во развој и унапредување на технологиите на годишно ниво. – Последната инвестиција на извозно ориентираната компанија, која е во тек, се реализира со поддршка на Законот за […]

Облачно со температура од 7 до 13 степени


Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје и околината претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Од утре времето ќе биде стабилно и претежно сончево. […]

Како ќе изгледаат првите 100 дена на роверот на НАСА на Марс


Роверот „Упорност“ (Perseverance) на НАСА успешно слета на површината на Марс, со што ја започна историската мисија да бара древен микробиолошки живот. Роверот, тежок 1.025 килограми, ќе се напојува со помош на радиоизотопски термоелектричен генератор кој содржи речиси 5 кг плутониум диоксид како извор на топлина за производство на електрична енергија. Иако тежи над еден […]

„Филијалите“ на ВМРО се будат, почнуваат кампања против пописот


Вкупно 18 организации од земјата подржани и од македонски организации од Канада, Америка, Австралија и Европа утре во  хотелот „Континетал“ ќе потпишат Повелба за стратешка соработка против фалсификување на пописот и негово одложување поради Ковид – 19.  Според најавата, целта на овој, како што се нарекува, национален блок е да  води кампања против пописот. Паролата […]

Последниот маж од домородно племе почина од корона вирус


И последниот маж од бразилско домородно племе кое во текот на 20 век било жртва на масакр во неколку продори на мнозинското население, почина од последиците на корона вирусот. Арука Јума умре во средата на возраст меѓу 86 и 90 години, а беше последниот маж припадник на племето Јума, кое некогаш броело 15.000 луѓе. Зачестените […]

„Скопје за Балашевиќ“: Последен аплауз пред Универзална (галерија)


На платото пред Универзалната сала во Скопје вечерва се собраа неколку стотици граѓани за му оддадат почит на пејачот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина вчера во Нови Сад на 67-годишна возраст.На настанот насловен „Скопје за Балашевиќ“ на голем видео бим се редаа фотографии на Балашевиќ, додека во исто време во позадина се слушаа неговите […]

Шекеринска до ВМРО-ДПМНЕ: Престанете да плукате по армијата!


„Ги повикувам ВМРО ДПМНЕ и нивните портали да престанат да ги плукаат луѓето во Армијата и одбраната. Последните омаловажувања на македонскиот хируршки тим кој е на обука со норвешки експерти за мисија во Авганистан, предизвикаа остра реакција на Норвешка. Лажни обвинувања на сметка на својата земја!„- реагираше вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска.  По написите […]

Димитров: Захариева кажува скандалозни невистини


Бугарската шефица на дипломатијата изјави дека Македонија имала помала усогласеност со надворешната политика од ЕУ и од Србија. Дека тоа било под 50 отсто   Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, жестоко ѝ одговори на бугарската шефица на дипломатијата по нејзините тврдења дека македонската надворешна политика била под 50 отсто усогласена со онаа на ЕУ. […]

Филипче: Следуваат санкции за оние кои го прекршиле планот за вакцинација


Министерот за здравство Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација, соопшти вечерва Министерството за здравство. Во соопштението се посочува дека ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во […]

Земјотрес во Косово, почувствуван и во Македонија


  Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер, забележан е попладнево во Косово, а бил почувствуван и во Македонија. Земјотресот се случи во 16.46 часот, со епицентар кај Гњилане, пренесе „Коха диторе“. Според податоците кои ги објави Евро-медитераснкиот центар за сеизмологија, потресот се почувствува и во Македонија, пренесе „Косово онлајн“.

Почина пејачката Марина Пухариќ


 Вчера на 66-годишна возраст почина пејачката пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика Марина Пухариќ. Пухариќ ќе остане запаметена по нејзините композиции „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и на забавните нумери „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“ […]

Димитрис Лигнадис, познат грчки актер и режисер, уапсен за силувања


Грција– Поранешниот уметнички директор на Националниот театар на Грција и познат актер и режисер Димитрис Лигнадис, вечерва беше уапсен во Атина по поднесените две тужби во кои се товари за силување, јави дописничката на МИА од Атина. Еден од случаите е од пред десет години, а жртвата тврди дека тогаш на 14-годишна возраст, бил неколкупати […]

Геополитика на вакцините: „Фајзер“ против „Спутник V“


НАНО РУЖИН Идеолошката битка и ривалитетот дојдоа до израз во натпреварот помеѓу Кина и Русија од една, и САД и останатиот Запад од друга страна. Овој геополитички натпревар носи печат на логиката на студената војна од времето на блоковската политика   Во екот на студената војна, СССР го лансира првиот вештачки сателит „Спутник“ (1957) и […]

Во Тексас прогласена состојба на катастрофа


Претседателот на САД, Џозеф Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Тексас, што отвора можност за пренасочување на федерални фондови кон таа сојузна држава каде милиони луѓе, поради снежното невреме, немаат струја и вода. Според  Федералната агенција за управување со вонредни состојби речиси половина држава вчера немаше вода за пиење, а струја нема веќе неколку […]