Заев: Ако некој зборува на мајчин јазик, со тоа не губат другите


Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива Република Северна Македонија, како граѓанска и демократска држава, напиша премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук. Како што наведува, ширум светот денеска под покровителство на Обединетите Нации и УНЕСКО, се организираат настани по повод Меѓународниот ден […]

Телевизиите поддржуваат платени медиумски кампањи на Владата


 Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, земајќи го во предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на светска пандемија, информира дека ја подржува Владата во однос на нивната иницијатива, за измена на членот 102 од актуелниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства […]

Ќе се набават 100.000 вакцини „Спутник“, најави Заев


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека согласно планот за вакцинација и склучените договори, имаме капацитет за да се набават дополнителни 100.000 вакцини, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација. Потврди дека следните дополнителни вакцини ќе бидат од вакцината „Спутник“. -Во координација со министерот за здравство синоќа добив информација дека имаме капацитет, согласно планот […]

Постапката за избор на кандидати за градоначалници во СДСМ почнува во јуни или јули


Поддршката за втор мандат на неколкумина градоначалници е лична, но СДСМ има тела и јасна процедура за избор на кандидите за градоначалници за Локалните избори, кои треба да се одржат наесен, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање  кои други градоначалници ќе се поддржат или нема да се поддржат. Најави […]

Швајцарија може да го преиспита договорот со „АстраЗенека“


Швајцарија би можела да се откаже од нарачаната вакцина на АстраЗенека против Ковид-19, но раскинувањето на договорот со таа британско-шведска компанија во моментов не е опција, иако може да се разгледа, објави денеска весникот НЗЗ ам Зонтаг. Швајцарија побара повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот претходно овој месец пред да ја одобри вакцината, која доби […]

Вучиќ: Ако Косово мисли дека нема потреба од дијалог, немам проблем со тоа


Србија знае кои се нејзините национални и државни интереси и ќе продолжи да се бори за својот народ, и неговите права, без оглед на тоа што ситуацијата е скоро безнадежна, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прашањето да прокоментира дали Србија има одговор на новите притисоци од Приштина и Вашингтон и најавите за […]

Заев очекува деновиве да се решат административните пречки за исплата на субвенциите


Владата прави напори секогаш да излезе во пресрет на барањата на земјоделци, како што е случајот со оризопроизводителите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се исполнат барањата на кочанските оризопроизводители, кои најавија протести и блокада на патот Штип-Кочани за во вторник, 23 февруари. -Запознаен сум со незадоволството на оризопроизводители. Знам дека […]

НС ГРИТГ и МАКАМТРАНС бараат да се обнови листата на работници со бенефициран стаж


Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништвото – НС ГРИТГ и Независниот синдикат на камионски транспортери МАКАМТРАНС бараат  да се обнови постојната листа за работни места за кои се врши пресметка на  работниот стаж со дополнителен стаж на единица  време (година). -Независните синдикати направија список на градежни работници во кои спаѓаат ѕидаротесари, […]

Во поголемите градови во Бугарија ќе има деноноќни пунктови за вакцинација


Од понеделник во Бугарија ќе бидат отворени 24 часа пунктови за вакцинација. Тоа го најави денеска министерот за здравство на Бугарија Костадин Ангелов. – Се зависи од вас. Благодарение на оние кои веруваат во науката има долги редици луѓе. Ќе отвориме деноноќни пунктови за вакцинација во градови во државата, изјави тој. Вакцинацијата во Бугарија се […]

Јужна Кореја ќе ја почне вакцинацијата за една недела


Јужна Кореја ќе започне да ја администрира првата од 117.000 дози на вакцините против корона вирусот од „Фајзер“ на 27 февруари, еден ден откако земјата ќе ги започне своите први инокулации со вакцината на „АстраЗенека“, објави во неделата премиерот. Ројтерс пренесува: „Плановите предвидуваат околу 10 милиони луѓе со висок ризик, вклучително и здравствени работници и […]

Дебата: Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик за смртен исход од КОВИД-19


„Eдна третина од пациентите со Ковид 19 имаат нарушена црнодробна функција, а оние кои имаат цироза на црниот дроб за 32 отсто имаат поголеми шанси за смртен исход од вирусот“, истакна д-р Бети Тодоровска од Клиниката за гастроентерохепатологија на редовните онлајн едукации кои секој недела ги организира Лекарската комора на РСМ со цел да се […]

Заев: Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис


Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис. Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро. Убеден сум дека ќе имаме успешен попис од 1 до 21 април, онака како што е предвидено, изјави денеска во Пробишти премиерот Зоран Заев, на прашањето да […]

Албанија: Се вакцинираат познати личности од културата и политичкиот живот, постари од 80 години


Во Албанија продолжува вакцинацијата против Ковид-19, со којa до сега се опфатени околу пет илјади здравствени работници, и лица од домови за нега на стари лица. Како што претходно најави премиерот Еди Рама, денеска почна имунизацијата на познати личности од културата и политичкиот живот постари од 80 години, меѓу кои и поранешниот претседател Алфред Моисиу, […]

Ѓоковиќ по деветти пат го освои Австралија опен (видео)


Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е победник на годинашното издание Австралија опен. Србинот до деветтиот трофеј и трет во низа на Грен слемот во Мелбурн дојде по релативно лесната победа над Данил Медведев претпладнево во финалниот меч кој траеше нешто помалку од два часа. Во првиот сет Ѓоковиќ на Русинот му препушти 5 гема […]

Бесими: Петтиот пакет мерки насочен кон закрепнување на економијата, инвестиции и развој


Петтиот пакет-мерки има развојна компонента, односно е насочен кон закрепнување на економијата, инвестиции и развој. Тоа е важно да се испрати како порака, тоа сме го дискутирале со коморите, и мислам дека тоа ќе биде една здрава основа не само за да излеземе од кризата туку и за да се обезбеди побрз раст во следниот […]

Николов: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за клинички центар


ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за клинички центар, изјави денес Игор Николов, член на Извршниот комитет на опозициската партија Според него зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем е приоритет за сите, но тоа не треба да се изведе со нетранспарентен процес и закон од само 9 членови, кој не обезбедува никакви детали за тоа […]

На седница на Советот на град Скопје во вторник предлогот за дополнување на листата на имиња на улици


Советот на Град Скопје на претстојната седница најавена за вторник следната недела ќе гласа по 22 точки меѓу кои е и предлог – листата за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови, и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје. -Станува збор за листа од 570 нови и стари имиња на […]

Мечка гризна жена додека користела полски тоалет на Алјаска


  На Алјаска се појави црна мечка која нападна ѓена на езерото Чилкат додека користела полски тоалет. Таа се здобила со рана од гризење и огреботини од канџи, пренесе Би-би-си. Биологот од АЛјаска, Карл Кох, претпоставува дека се работи за црна мечка врз основа на фотографиите од траги кои ги видел и сведочењето на други […]

Во болниците се лекуваат вкупно 626 ковид пациенти, има 430 празни кревети


 Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 626 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.   Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови […]

Казни за 199 возачи во Скопје


Во засилени  акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера се изречени 199 мерки од кои 49 за управување со брзина поголема од дозволената, а 29 за возење под дејство на алкохол.   Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 23 од изречените мерки се за возење без возачка дозвола, 11 […]