Стефоска: Ќе го заштитиме достоинството на авторот


Акцентот е ставен врз квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност на животот на граѓаните, поддршка на автори од различни етнички заедници, стимулирање на креативни творци, на ранливи маргинализирани групи, реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот, сподели на денешната прес-конференција министерката за култура Ирена Стефоска […]

Извештајот за напредокот на земјата ќе биде испратен до УНЕСКО


Националната комисија го усвои извештајот за напоредокот на земјата за УНЕСКО. Според процедура тој беше на седница на Влада и мислење од сите други институции, тие процедури се завршени. Извештајот се преведува, мора да е преведен совршено и утревечер најдоцна ќе биде испратен до Центарот за светско наследство при УНЕСКО, информира на денешната прес-конференција министерката […]

Пензионерскиот синдикат незадоволен од петтиот пакет антикризни мерки


Пензионерскиот синдикат на Македонија е незадоволен од петтиот пакет мерки и смета дека треба сите пензионери да бидат опфатени со сет антикризни мерки за помош. -Сметаме дека со овој сет на антикризни мерки требаше да бидат опфатени сите пензионери, имајќи во предвид дека дел од пензионерите добија помош со претходната мерка. Очигледно е дека како […]

Американска компанија сака да гради фабрика во „Жабени“ крај Битола


БИТОЛА – Американска компанија за производство на рударска опрема била заинтересирана да гради во зоната „Жабени“ крај Битола. Неофицијално дознаваме дека станува збор за компанија „Jennmar“ со седиште во Питсбург, која произведува рударска и тунелска опрема од највисок квалитет. Ако се реализира намерата ова ќе биде втора поголема странска инвестиција после германската фабрика за производство […]

Пристигна втората пратка вакцини „Фајзер“ кои ни ги донира Србија


Министерот за здравство, Венко Филипче на граничниот премин „Табановце“ ја прими втората пратка 3.510 дози вакцини на производителот Фајзер кои се донација од вкупно 8 илјади дози од соседна Србија. Филипче ја прими донацијата од неговиот српски колега Златибор Лончар. Тие двајцата ја претоварија пратката од автомобилот, со кој српските власти ги транспортирале вакцините до […]

БГНЕС: Врие од улици со имиња на комунистички диктатори, Павел Шатев протеран од градот


Бугарската новинска агенција БГНЕС реагира на предлогот за промена наимињата на  улиците во Скопје оценувајќи дека имињата на најпознатите водачи на национално ослободителното движење, вклучително и на учесници во солунските атентати, се избришани од градот. -Веќе нема да има улица во Скопје именувана по Борис Сарафов, кој заедно со Даме Груев и Анастас Лозанчев го […]

Еврокомисијата загрижена за дигиталните работнички права


Со пандемијата и развојот на дигиталната работа, Европската комисија отвора консултација со социјалните партнери за правата на работниците во овие нови услови, јави дописничката на МИА од Брисел. Работата преку онлајн платформи која експлодираше откако започна пандемијата поттикнува нови прашања во однос на социјалната заштита на работниците, условите за работа, недоволната транспарентност и несигурноста на […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 414 лица


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 414 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. -По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се […]

Стражај: Поддршката од Словачка на Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ е многу јасна


Политичката поддршка на Словачка за Северна Македонија за почеток на преговори со Европската Унија е многу јасна и ние сме посветени на таа поддршка, изјави денеска Томаш Стражај, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), кој учествуваше на онлајн дебатата на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија „Аерозагадувањето од аспект на загревањето на […]

„Нептун“ семејството заедно со генералниот директор Горан Цветинов ги пронајдоа и наградија најуникатните палавковци


Најголемиот ланец на маркети за бела техника и електроника во Македонија, „Нептун“ предводен од генералниот директор, Горан Цветинов, континуирано работат на подобрување на корисничкото искуство, имплементирајќи нови начини, кои помагаат за подобро препознавање на потребите на потрошувачите. Како што секогаш се стремат кон подобро запознавање на потрошувачот, на ист начин постојано ги препознаваат и поддржуваат […]

На 2 март продолжува судењето за „27 април“, денеска сослушани сведоци на одбраната на Јанакиески


Судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година продолжува на 2 март, откако на денешно рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на Миле Јанакиески. Повеќето сведоци, сослушани на денешното рочиште, рекоа дека иако членувале во разни вибер групи, во ниту една не било разговарано околу протестите за „За заедничка Македонија” пред […]

На пристаништето во Хамбург запленети рекордни 16 тони кокаин


Германските царински службеници соопштија дека на пристаништето во Хамбург заплениле повеќе од 16 тони кокаин, сокриени во контејнери од Парагвај. Ова е досега најголемата запленета пратка на овој вид дрога во Европа, јавуваат француските медиуми. „Огромното количество кокаин можеше на црниот пазар да  донесе заработка од неколку милијарди евра“, се наведува во соопштението на царинската […]

ЈП „Железничка инфраструктура“ аплицира за 150 милиони евра до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан


Владата на вчерашната 47. седница ја разгледа Информацијата за доделување на грант преку 25-ти повик за техничка помош и за шестиот повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија како дел од коридорот VIII. Во таа насока му укажа на ЈП за железничка инфраструктура  Железници на Република Северна […]

Во четвртиот квартал лани со воз превезени 64.000 патници, 149.536 со авион


Во четвртиот квартал лани во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 692 илјади, во градско-приградскиот  9.312.000, во железничкиот 64.000, а во воздухопловниот превоз 149.536, објави денеска Државниот завод за статистика. Во четвртото  тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е […]

Се работи на обезбедување средства за почнување на третата фаза од пругата кон Бугарија


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува во текот на годинава да биде избран изведувач на првите две делници за пругата кон Бугарија и да има прогрес на работите на терен, а како што изјави денеска, работат да обезбедат средства за почнување на третата фаза. За пругата кон Бугарија, согласно со одлуката од Владата, […]

ФИТР со нова програма за соработка на стартапите и корпоративниот сектор


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) започнува нова програма за зголемување на соработката меѓу стартапите и корпоративниот сектор. Целта е да се мотивираат големите корпорации во партнерство со ФИТР активно да се вклучат во развојот на македонскиот стартап еко систем. Програмата за корпоративна иновативност, што се воведува првпат, подразбира финансиска и техничка помош што […]

Маричиќ: За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението


 За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението, најави министерот за правда Бојан Маричиќ, откако утрово бил информиран од Државниот завод за статистика дека подготовките за пописот одат во најдобар ред.   -Од Државниот завод за статистика утрово не информираа дека подготовките за пописот одат во најдобар ред. За помалку од […]

За помалку од една недела почнува првата фаза од пописот


За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението, најави министерот за правда Бојан Маричиќ, откако утрово бил информиран од Државниот завод за статистика дека подготовките за пописот одат во најдобар ред.   -Од Државниот завод за статистика утрово не информираа дека подготовките за пописот одат во најдобар ред. За помалку од […]

Тотален хаос со вакцините во ЕУ – Макрон ги отпиша, Германија има вишок


Само што се усогласија Брисел со фармацевтската компанија „АстраЗенека“, нејзините вакцини повторно доцнат. Покрај тоа, се појави вишок од вакцините затоа што Макрон ги „отпиша“. За што се работи? Приказната почна пред неколку месеци, кога се покажа дека „АстраЗеменка“ нема да успее да ги испорача нарачаните вакцини против корона вирус до членките на ЕУ, што […]

Промовиран новиот Национален геопортал – со еден клик до огромен број на просторни податоци


Новиот Национален геопортал овозможува брз, автоматизиран и непречен пристап до просторните податоци, како и нивна интероперабилна размена, изјавија денесска на прес конференција вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, промовирајќи го новиот Геопортал којшто од неодамна е пуштена во функција. Вицепремиерот Битиќи, којшто е и претседател на Советот на […]