Извештајот за напредокот на земјата ќе биде испратен до УНЕСКО


Националната комисија го усвои извештајот за напоредокот на земјата за УНЕСКО. Според процедура тој беше на седница на Влада и мислење од сите други институции, тие процедури се завршени. Извештајот се преведува, мора да е преведен совршено и утревечер најдоцна ќе биде испратен до Центарот за светско наследство при УНЕСКО, информира на денешната прес-конференција министерката за култура Ирена Стефоска.

Откако ќе биде испратен, ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за култура.

– Најотворено и најискрено апелирам Охрид и охридскиот регион мора да стане национален приоритет, национанлен стратешки приоритет. Точката на обединување на сите во земјава независно од која било и каква припадност, само тогаш и така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањата од Центарот за светско наследство при УНЕСКО, рече Стефоска.

Додаде дека работат интензивно за добра меѓусебна комуникација да може подобро и поефикасно да ги исполнат обврските од страна на реактивната мониторинг комисија.