Османи на пат кон Софија, ќе разговара за Акцискиот план


Министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе е на пат кон Софија, каде што ќе има посебна средба со неговата бугарска колешка Екатарина Захариева, потврди денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. -Очекувано централна точка на преговорите е да биде  Акцискиот план, штом се врати од оваа посета ќе имаме повеќе информации во МНР и во […]

Гасоводот Скопје-Гостивар ќе биде готов до крајот на 2021, до сега реализирани 75 отсто


Почнуваат постапките за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија и интерконекциското поврзување со Грција   Пелагонискиот регион, според очекувањата на надлежните институции, ќе може да се приклучи на преносниот систем за гас годинава, а во втората половина од наредната година поголемиот дел од скопскиот регион да може да се снабдува со гас Министерот […]

 Регистарот за имињата на улиците денеска на одобрување во Владата


Среќен сум што традиционални улици во нашиот град, коишто се поврзани со битието и функционирањето на урбано Скопје ќе ги вратиме, затоа што тие се уште разговорно помеѓу скопјани се викаат на тој начин, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Советот на Скопје вчера на седница ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците […]

Јавниот долг на Албанија достигна 77,8 отсто од БДП


Јавниот долг на Албанија на крајот на 2020 година достигна рекордно ниво од 77,8 отсто од Бруто домашниот производ (БДП) што е највисока стапка забележана досега за албанските финансии, како одраз на тешките последици од кризата. Според Министерството за финансии, вкупниот долг достигнал 1,22 трилиони леки од 1,11 трилиони во 2019 година, што претставува раст […]

Арсовски: Правдата е обезбедена, Мијалков е во притвор


Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, објави денес дека досега се вакцинирале 1.510 медицински лица, а министерот Венко Филипче ќе ја прими втората донација со вакцини од Србија. Фокусот на новинарите сепак беше околу  бегството и враќањето на Сашо Мијалков, но  немаше нови детали за соопштување. Портпаролот  Душко Арсовски  го повтори ставот на Владата  дека институциите ги […]

Евростат: Се поголем број Европејци купуваат преку интернет


Kупувањето преку интернет е во пораст во земјите-членки на Европска Унија поради промената на навиките на граѓаните, а пандемијата најверојатно ќе го забрза овој тренд, се наведува во извештајот на европската агенција за статистика Евростат. Во 12-месечниот период што завршува во март, 89 проценти од граѓаните на ЕУ на возраст од 16 до 74 години […]

Кинеската вакцина „Синофарм“ ефикасна 72,51 отсто, Фајзер и Модерна на врвот


Кинеска Одделот на „Синофарм“ во Институтот за биолошки производи во Вухан денеска ја информира јавноста дека нејзината вакцина против Ковид-19 според првичните анализи, во третата фаза од клиничките испитувања се покажала ефикасна во 72,51 проценти од случаите со коронавирус. Британските медиуми јавуваат дека оваа кинеска компанија веќе ја доставила официјалната апликација до националната администрација за […]

Издржливоста на пирејот


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Предлогот за етничка графа во личните карти ги стави на иста страна двете најголеми партии. СДСМ го поддржува овој проект од стратегиски, а ВМРО-ДПМНЕ од тактички причини. Демократската јавност жестоко ги брани граѓанско-либералните идеи и уставни норми Повеќе општествени случувања во последно време ми ја навртувааат размислата на прашањето на издржливоста. Оваа идеја […]

Критичниот момент за пописот ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април


Државниот завод за статистика вчера го објави јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во периодот од 1 до 21 април годинава. Главен услов е тие да немаат засновано работен однос и да завршиле средно образование. Заводот за статистика од пријавените […]

Кога ќе се реализира петтиот пакет – една третина од мерките треба да добијат виза од Собранието


Десеттина од 29-те мерки од петтиот економски пакет треба да се реализираат со носење на законски решенија, а сите кои се поврзани со Развојната банка се веќе во собраниска процедура, како што се законот за инвестициски фондови и законот за државна гаранција. Во собраниска процедура се и некои други законски решенија кои ќе ги операционализираат […]

Западен Балкан без роаминг од 1 јули


Режимот на домашен роаминг на Западен Балкан од 1 јули 2021 година значи чекор поблиску до намалување на цените на роамингот со Европската унија, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, на состанокот на Работната група за роаминг на Западен Балкан. -Потпишувањето на Договорот за намалување на цените на роамингот на Западен […]

Дерковски не комуницирал со Јанакиески и со Ристовски на 27 април 2017 година


Со сослушување на сведоци предложени од одбраната на Миле Јанакиески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, продолжува судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Сведокот Оливер Дерковски, рече дека во периодот 2016-2017 година немал партиска функција и само бил член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека, иако […]

Уште еден земјотрес во Хрватска, се почувствува и во Загреб


Во 10.58 часот утрово се случил нов земјотрес во Хрватска, повторно на територијата на Сисак и Петриња, а се почувствувал и во Загреб. Земјотресот бил со епицентар во централна Хрватска, 14 километри југозападно од Сисак, каде што пред крајот на минатата година се случи катастрофален земјотрес кој урна неколку куќи, при што загинаа седум лица. […]

„Клупата на Горан Стефановски“ го започна своето патување од Лондон за Скопје


„Клупата на Горан Стефановски“, малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје, информираат од Општина Центар. Симболичната клупа-споменик, е излеана и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставена во паркчето спроти бараките на Општина Центар, веднаш до чинарот, кој на роденденот на Стефановски – 27-ми […]

НБА ги објави имињата на кошаркарите кои ќе бидат замени за „Ол стар“ натпреварот


Кошаркарот на Бруклин, Џејмс Харден ќе игра на НБА „Ол-стар“ деветта година по ред. Покрај него, резервисти на Источната конференција ќе бидат: Џејлен Браун и Џејсон Тејтум (двајцата Бостон), Зак Лавин (Чикаго), Џулиус Рендл (Њујорк), Бен Симонс (Филаделфија) и Никола Вучевиќ (Орландо). Плејмејкерот на Феникс, Крис Пол, ќе биде 11-кратен „Ол-стар играч“. Покрај него на […]

Над 114.500 граѓани лани купиле полиси за здравствено осигурување


Бројот на лица кои купиле здравствено осигурување лани пораснал за пет пати во однос на 2019 година, а во полиси граѓаните вложиле 4,45 милиони евра што е за 45 отсто повеќе од 2019 година, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 2020 година покажуваат […]

Битиќи подготвен да разговара со угостителите, тие и до сега не биле исклучени од ниту една мерка


Oтворен сум за средби, бев отворен и пред да се донесе петтиот пакет на економски мерки, а и сега сум  отворен за да седнеме и да разговараме со угостителите и да изнајдеме решение, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи непосредно пред отпочнувањето на за денеска закажаниот протест на угостителите за организирање свадби и други […]

Стартап „Trident Peak“ се пласираше меѓу 8-те најдобри на Светскиот инвестициски форум за бизнис ангели


Македонскиот стартап „Trident Peak“ се пласираше меѓу 8-те најдобри старт-ап од целиот свет на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. Оваа стартап ќе почне преговори за идни инвестиции со глобалните инвеститори присутни на Форумот. Привилегија да бидат дел од овoj светски настан годинава имаа и осум стартапи од последната генерација на „Сивус Акцелератор“ меѓу кои […]

Промет на пазарот на нафта – акциите во САД пораснаа, цените паднаа


Цените на нафтата денеска паднаа под притисок на индустриските податоци што покажаа неочекуван пораст на американските резерви на „црното злато“ минатата недела, како резултат на намалената побарувачка од рафинериите во јужните држави на САД, кои беа затворени поради екстремно студеното време. Залихите на сурова нафта во САД се зголемија за еден милион барели за една […]

Раст на германскиот БДП од 0,3 отсто во четвртиот квартал од 2020 година


Германската економија во последниот квартал од минатата година пораснала за 0,3 проценти, што е подобар резултат отколку што се очекуваше, соопшти  денеска Федералното биро за статистика, Дестатис, ревидирајќи ги највисоките досегашни проценки. Британските медиуми пренесуваат дека најголем удел во растот на Бруто домашниот производ на крајот од годината имале силниот извоз и солидната градежна активност. […]