Уште еден земјотрес во Хрватска, се почувствува и во Загреб


Во 10.58 часот утрово се случил нов земјотрес во Хрватска, повторно на територијата на Сисак и Петриња, а се почувствувал и во Загреб.

Земјотресот бил со епицентар во централна Хрватска, 14 километри југозападно од Сисак, каде што пред крајот на минатата година се случи катастрофален земјотрес кој урна неколку куќи, при што загинаа седум лица.

Бил со јачина од 4,3 степени. Засега нема информации за штети.