Саша Богдановиќ позитивен на Ковид-19


Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ попладнево објави дека е позитивен на Ковид-19. „И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите. Вирусот е опасен и непредвидлив.Одржувајте дистанца, носете заштитни […]

Осудени директорот на МНГ и пилотите кои го превезувале Карлос Госн


Турција– Турски суд ги осуди извршниот директор на турската авиокомпанија МНГ и двајца пилоти за нивната улога во транспортот на поранешниот претседател на компанијата Нисан мотор ко. Карлос Госн од Јапонија за време на бегството во Либан пред нешто повеќе од една година. Судот ги осуди на четири години и два месеци за криумчарење мигранти […]

Лавров го обвини Западот за „себичност“ во пандемијата


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го обвини Западот за неуспехот на обединувањето на глобално ниво во борбата против пандемијата и економскиот пад во обраќањето до Советот за човекови права на ОН во средата (24 февруари). Во својот говор пред телото за човекови права на Обединетите нации, Лавров го критикуваше Западот што одби да […]

Заврши снимањето на грчко-германско-македонскиот филм „Зад стоговите сено” во Дојран


Во Дојран денеска заврши снимањето на филмот „Зад стоговите сено” во грчко -германско -македонска копродукција. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на С. Македонија, ЗДФ Арте од Германија и Грчкиот филмски центар, Грчката Национална телевизија ЕРТ. Препознаен е и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж. Според […]

Приведени шест лица од Прилеп барани со потерници


Денеска, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Прилеп, ги приведоа С.Џ.(37), И.С.(27) , Џ.А.(28), Џ.А.(31), Т.А.(40) и А.М.(31), сите од Прилеп, за издржување на затворски казни. Лицата се предадени во Казнено-поправнаta установа Затвор Битола.

Засега нема индиции за дополнителни мерки, иако тоа не е исклучено


 Не ја исклучувам можноста за некаква форма на дополнителни мерки, дали на локално, дали генерално на ниво на територијата на цела држава, меѓутоа сега засега немаме такви индиции дека такви мерки треба да препорачаме, изјави министерот за здравство Венко Филипче кој денска на Табановце од неговиот српски колега Златибор Лончар, ја прими втората пратка од осумте […]

Серија земјотреси на Исланд, најсилниот 5,6 степени според Рихтер


  Повеќе потреси го погодија Исланд утрово. Најсилниот се случил околу 11 часот, а епицентарот е југозападно на островот. Вториот земјотрес по јачина е 5 степеси според Рихтер. Другите земјотреси се со помал интензитет.

Османи ненајавен во Софија, го очекувале наредните денови?


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска пристигнува во Софија на ненајавена посета, која се очекуваше во наредните денови, според коментарите на политичарите во двата главни града, пишува бугарски „Дневник“. Медиумот го цитира притоа портпаролот на Владата Душко Арсовски, дека Османи ќе разговара со неговиот колега, вицепремиер и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и […]

Се влошува епидемиолошката состојба во Србија, денеска речиси 3.500 заразени


  Состојбата со корона вирусот во Србија се влошува, бројот новозаразени расте, а болничките капацитети се исполнети. Медицинскиот персонал е на крај на силите. Во последните 24 часа во Србија потврдени се 3.460 новоинфицирани, а починаа 17 пациенти. На респиратори се 152 пациенти, а тестирани биле 15.200 лица. Во болниците од корона вирус се лекуваат […]

Владата денеска ќе одлучува за драфтот на договорот за набавка на руските вакцини


ладата го добила драфт договорот за набавка на најавените 100.000 вакцини од Русија, за што веќе во текот на денот ќе има затворена седница на која Владата треба истиот да го усвои, изјави министерот за здравство Венко Филипче запрашан за процесот на набавка на вакцини  кој се одвива преку повеќе механизми. -Се уште траат преговорите […]

Филипче: Немаме информација дали Мијалков контактирал со епидемиолози


Немаме информација дали Сашо Мијалков контактирал со епидемиолози или претставници на ДСЗИ согласно неговата изјава, рече министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање за тврдењето на поранешниот директор на УБК дека не избегал туку во бил изолација поради симптоми на Коид-19. Филипче денска на Табановце од неговиот српски колега Златибор Лончар, ја прими втората […]

Косовската министерка за финансии поднесе оставка, именуван нов министер


Министерката за финансии во косовската влада во оставка, Хикмете Бајрами поднесе оставка на функцијата и на нејзино место е именуван досегашниот заменик министер Агим Красниќи, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одлуката потпишана од премиерот Авдулах Хоти се наведува дека Бајрами е разрешена на нејзино барање. Бајрами во писмото до Хоти наведува дека во […]

Николоски: Владата нема стабилно мнозинство


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на Неготино рече дека Владата, односно премиерот Зоран Заев нема стабилно парламентарно мнозинство.  „Не гледам дека има стабилно парламентарно мнозинство. Го споделив тоа и со граѓаните на Неготино. За тоа говори фактот дека последен пат собраниска седница е одржана на 3 февруари“, кажа Николоски. Според потпретседателот Николоски […]

Македонските власти ги потопија надежите за бугарски пасоши врз основа на пописот


Македонските власти ги потопија надежите на културниот центар во Битола – што ги поздрави  претседателот Румен Радев – дека секој што ќе се регистрира како Бугарин на претстојниот попис во земјата, може да добие бугарско државјанство по скратена постапка, пренесува бугарски „Дневник“, посочувајќи дека тоа е епилог на пораките од Заводот за статистика во Македонија.  […]

Пендаровски на средба со стопанските комори од Платформата за јавно-приватен дијалог


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателите на четирите стопански комори кои се дел од Платформата за јавно-приватен дијалог. На средбата, како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, претседателите на коморите му ги презентирале прогнозите и предизвиците со кои би се соочиле во 2021, со осврт на минатата исклучително тешка година, како на здравствена, така […]

КБ: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против Комерцијална банка се плод на неговиот личен неуспех


Како една од најтранспарентните компании во земјава и носител на бројни награди и признанија од реномирани меѓународни институции, меѓу кои и престижната награда “Банка на годината“, Комерцијална банка АД Скопје ја информира јавноста дека сите дезинформации и конструкции што во последните месеци ги изнесува г-динот Трифун Костовски против Комерцијална банка се плод на неговиот личен […]

Интервјуто на принцот Хари и Меган кај Опра на 7 март


Англија – Откако британскиот принц Хари и Меган Маркл официјално објавија дека трајно ги напуштаат своите кралски должности и по најавата на кралицата Елизабета Втора за нејзина телевизиска изјава на неколку часа пред закажаното интервју на принцот и неговата сопруга кај Опра Винфри, западните медиуми почнаа да шпекулираат околу тоа – кому ќе му припаднат нивните […]

„ХБО макс“ засега нема да ги тргне филмовите на Вуди Ален


САД – Продукциската куќа ХБО нема намера, од својата стрим-платформа да ги тргне филмовите на Вуди Ален по новата документарна серија „Ален против Фароу“ која фрла ново светло врз наводите дека режисерот е сексуален напасник. На платформата „ХБО макс“ во мигов има шест филма на Вуди Ален: „Broadway Danny Rose“ (1984), „Radio Days“ (1987), „September“ (1987), „Another Woman“ (1988), „Shadows […]

Со Ковид-19 инфициран дел од медицинскиот персонал на Заводот за кардиваскуларни болести во Охрид


Дел од лекарите и медицинскиот персонал од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид заразени со британскиот сој на коронавирусот, што во значајна мера ја отежнува дејноста на институцијата. Според информациите, состојбата во болницата е комплексна, но установата останува отворена за пациентите и итните случаи. -Последниве денови сведоци […]

Европратеници ја пофалија Србија за економијата, критики за корупцијата и медиумите


Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент го усвои извештајот за Србија од известувачот Владимир Билчик, јави дописникот на МИА од Белград. Во усвоените амандмани на европските парламентарци засилени се формулациите и критиките во областа на борбата против корупцијата, функционирањето на Народното собрание и состојбата на медиумите, додека позитивните оценки се однесуваат на економските индикатори, […]