Се влошува епидемиолошката состојба во Србија, денеска речиси 3.500 заразени


 

Состојбата со корона вирусот во Србија се влошува, бројот новозаразени расте, а болничките капацитети се исполнети. Медицинскиот персонал е на крај на силите.

Во последните 24 часа во Србија потврдени се 3.460 новоинфицирани, а починаа 17 пациенти.

На респиратори се 152 пациенти, а тестирани биле 15.200 лица.

Во болниците од корона вирус се лекуваат 3.776 пациенти.

Досега во Србија се регистрирани 446.313 заболени од корона вирус, починаа вкупно 4.383 пациенти, а тестирани се 2.888.376 лица.

Д-р Предраг Кон по седницата на Кризниот штаб изјави дека на следната седница во петок ќе се одлучува за конкретни мерки кои би се применувале од викендот, но дека медицинскиот дел од штабот сака пет дена да затвори сè.