Апасиев обвини дека Никола Димитров бил врбуван од структурите на ЦИА


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, попладнево на седницата на Собранието за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања, изјави дека Никола Димитров „веројатно бил врбуван од структурите на ЦИА кога беше амбасадор во САД“ без да понуди било каков доказ освен што прочита една реченица од мемоарите на генералот Панде Петровски.  „Моите односи со дотичниот се […]

Златен глобус 2021: Комплетна листа на номинации


САД- Номинациите за наградата Златен глобус  се објавени денеска, а со тоа почнува сезоната на холивудските филмски награди, којашто беше нарушена оваа година поради корона-пандемијата и одложувањето на бројните големи снимања и прикажувања. Поради недостаток на големи филмски продукции, бројни се номинациите од продукцијата на стрим-платформите, како што се Нетфликс, Амазон прајм и Епл. Златниот […]

Димитров: По 14 години македонскиот јазик за првпат е напишан во документ на ЕУ


„Еден од резултатите на Преспанскиот договор меѓу другото е и тоа што по комплетирањето на тој процес, службите во Европската Унија во Брисел излегоа со меѓуинституционален водич за употреба на името и терминологиите каде јазикот е кристално чист македонски јазик и врз основа на тоа Европската комисија како чувар на принципите, стандардите и темелните документи […]

САД привремено ја замрзнуваат одлуката за повлекување војници од Германија


Новата американска администрација во моментов ја замрзнува минатогодишната одлука за повлекување значителен број на војници од американските трупи во Германија, изјави во денешниот телефонски брифинг командантот на Европската команда на вооружените сили на САД, генерал Тод Волтерс. Тој истакна дека одлуката за повлекување на американските трупи од Германија е „замрзната“ и оти администрацијата на претседателот […]

МВР ќе ги изнесе пред Обвинителство сите докази за случајот „Јавна соба“


 МВР апсолутно ги поддржува барањата на граѓаните во однос на „Јавна соба“. Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавното обвинителство. Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од „Јавна Соба“, стои во соопштението од МВР. Од МВР информираат дека […]

Несекојдневен повик во струшката Брза помош, тимот на свет донесе здраво машко бебе


Повик во струшката Брза помош ноќта на 1 февруари, не навестил за драмата која следувала во возилото, каде екипата на свет донела здраво машко новороденче. Главните актери, доктор Васко Дулески и медицинската сестра Семра Бајрамоска, полни со адреналин и среќни за позитивниот исход за МИА го раскажаа новото искуство во кое породиле жена во возилото […]

Истражување: Британскиот сој на короната дава нешто поинакви симптоми


  Симптомите на позаразниот, британски сој на корона вирусот се малку поинакви од доминантната варијанта, покажува студијата на Националното статистичко биро на Британија. Губењето на мирисот и вкусот, заштитниот знак на заразата до корона вирус, е поретка кај заразата со ткн. B.1.1.7 варијанта. Кашчицата, уморот, мијалгијата (болките во мускулите) болките во грлото во оваа верзија […]

Општина Велес и годинава ќе субвенционира велисипеди, сончеви колектори и инвертори


Поради големиот интерес што жителите на Велес го пројавија изминатата година, за субвенционирање на сончеви термални колектори, инвертори и велосипеди, општината и годинава од буџетот ќе субвенционира мерки за енергетска ефикасност и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, во вкупен износ од еден милин денари, кои ќе треба да ги распореди на една од наредните […]

Бангладеш ќе ѝ подари на Унгарија 5.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“


Вакцините се благодарност за операциите спроведени од унгарски лекари и успешното раздвојување на споени близнаци     Бангладеш испраќа 5.000 дози од вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ во Унгарија како благодарност за операциите спроведени од унгарски лекари и успешното раздвојување на споени близнаци, објавија унгарските медиуми во средата. Бангладешскиот медиум BDNews24 минатата недела објави дека Унгарија ѝ се […]

Дури 12 починати од Ковид-19 во Скопје, вкупно 20 денеска


Во последните 24 часа се направени 2.291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 180 -Кавадарци 24 -Велес 19 -Куманово 14 -Тетово 14 -Гевгелија 12 -Охрид 8 -Гостивар 7 -Струмица 7 -Делчево 7 -Прилеп 6 -Струга 6 -Кочани 6 -Неготино 6 -Радовиш 6 -Штип 5 -Демир Капија 5 -Свети Николе 3 […]

Судот да даде одговор што се случило на 12 април 2012, бараат семејствата на жртвите од „Монструм“


Од сите изведени вербални и материјални докази во текот на главниот претрес недвосмилено се докажа дека во дејствијата на обвинетите се содржат суштествените елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар, порача во завршен збор за случајот „Монструм“ законскиот застапник на оштетените семејства. Цели три години, според адвокатите на жртвите, се изведувале докази […]

Царовска за МИА: Со концепцијата градиме македонски систем за основно образование


Македонски систем за основно образование е она што се гради со Нацрт-концепцијата за основно образование, вели во видео интервју за МИА, министерката за образование Мила Царовска. Интервјуто го правевме пред одржувањето на јавната расправа во Собранието за концепцијата, која е закажана за в петок, а на која, како што посочи Царовска, смета дека се поканети […]

Белгија одлучи кои млади лица ќе бидат приоритетни за вакцинација


Здравствените власти во Белгија се усогласија за тоа кои лица треба да бидат приоритетни за вакцинација, надвор од најзагрозените категории над 65-годишна возраст и медицинскиот персонал, јави дописничката на МИА од Брисел. Конкретно за лицата помеѓу 18 и 64-годишна возраст приоритетно ќе бидат повикани за вакцинација лицата со хронични бубрежни заболувања, како и so хронична […]

Стефоска се сретна со актерите од Струмичкиот театар: Бараме најдобро решение


Според постоечкиот закон, кој е донесен пред години Комисијата во Министерството за култура ја испочитува од почеток до крај формално правната процедура и затоа Васил Бубев беше назначен за директор на Струмичкиот театар. Јас сум легалист, но не значи формален легалист. Откако ги сослушав актерите од театарот се договоривме да си дадеме време до понеделник […]

„Го сакам Водно” бара стопирање на постапката за прогласување дел од Водно во заштитено подрачје од категорија 5


Овој акт за кој разговараме и сакате да го донесете никогаш не бил, не е, ниту ќе биде суштината на антропогено пошуменото Водно. Ова сега што се предлага и самото зонирање е биодиверзитет кој никогаш не бил суштината што Водно се заштитило. Тоа го нагласи Татјана Стојановска од „Го сакам Водно” на денешната јавна дебата […]

Главниот истражувач во АстраЗенека бара да се работи на студии за ефикасноста на комбинации на вакцини


 Податоците што покажуваат дека руската вакцина Спутник против коронавирус е 92 проценти ефекасна се добредојдени, но треба да се направат повеќе студии за да се покаже дали администрацијата на дози од различни вакцини може да биде ефикасна, изјави денеска главниот истражувач на АстраЗенека Мене Пангалос. Клинички испитувања кои комбинираат дози на АстраЗенека и Спутник веќе […]

Апел на стопанските комори од Западен Балкан до ЕК: Укинете ги визите, дајте ни иднина


Во српската Стопанска комора во Белград (ПКС) се одржа седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на Западнобалканската шесторка (Киф ЗБ6), асоцијација што ги обединува стопанските комори на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од ПКС од оваа средба, бизнисмените […]

Хоџа: Винарските визби да дадат извештај колку грозје ќе им биде потребно од годинашнава реколта


На сите винарски визби им е наложено да дадат извештај колкави ќе бидат нивните потреби од годинашната реколта на грозјето и им се побарани сугестии во делот на тоа како треба да се одржуваат лозјата за годинава да има подобар квалитет на грозјето, порача  денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. -Денеска воспоставуваме […]

Зошто Јапонија и Јужна Кореја не брзаат со вакцинацијата


Бавното темпо на богатите источноазиски држави им дава шанса да извлечат поука од грешката на другите што брзаат со вакцините и подобро да се соочат со ризиците на посмртоносните варијанти на вирусот   ТОКИО – Најголемите градови во Јапонија се наоѓаат во вонредна состојба со зголемувањето на смртните случаи од корона вирусот, дури и додека […]

Вучиќ од Путин побарал нови дози на вакцини и помош за нивно самостојно производство


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин и го замоли да и помогне на Србија што поскоро да добие дополнителни количини на руската вакцина, за да што повеќе и побргу српските граѓани добијат сигурна заштита од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград. -Вучиќ му се заблагодари на претседателот […]