Дмитриев: ЕУ веќе во март може да ја одобри употребата на руската вакцина „Спутник V“


Веќе следниот месец може да се очекува руската вакцина „Спутник V“ да биде одобрена за употреба во ЕУ, изјави денеска директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев. -Ги поднесовме документите до Европската медицинска асоцијација, која е европски регулатор. Процесот на преглед може да трае во февруари и почетокот на март, рече Дмитриев во […]

Вработени во МВР издавале возачки дозволи без положен испит


Оддделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осуммина вработени во МВР, поради основано сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, „несовесно работење во службата“ по чл. 353 и „фалсификување на службена […]

Димитров до Милошоски: Го палиш пожарот, па бараш отчет од тој што го гаси


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го обвини министерот Никола Димитров дека е виновен што Историската комисија меѓу Бугарија и Македонија постигнала технички напредок  кој, според него, се состои во тоа што се откажала од терминот Македонска историска  комисија бидејќи преку уставниот закон за спроведување на амандманите во 2019 година Димитров им го овозможил тоа на […]

Здравствената агенција на ЕУ почнува со процесот на проценка на вакцината Новавакс


Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека ја почнала процедурата за проценка на вакцината против коронавирусот што ја разви американскиот производител на лекови Новавакс. Врз основа на првичните резултати од лабораториските тестови и клиничките студии, ЕМА ја почна својата постапка за проценка, се вели во соопштението. Тоа значи дека податоците и резултатите од студиите […]

Во боите на ретките болести осветлени и водите на Охридското Езеро


Нуркачите од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид се приклучија кон националната кампања за осветлување на знаменитости и културно-историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со ретките болести. Тие со илуминација поставена кај месноста Сараиште ги осветлија водите на Охридското Езеро, на местото каде се наоѓа старата дрвена шина користена за извлекување бродови и […]

Се намалува бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19 во САД


Изгледа дека бројот на нови случаи на Ковид-19 и хоспитализации во САД се намалува, додека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сè уште верува дека за 100 дена може да ја постигне целта од 100 милиони вакцинации, соопшти денеска работната група на Белата куќа за корона вирусот. Сепак, Рејчел Валенски, директорка на Центарот за контрола […]

Во Хрватска 730 новозаразени, починаа 17


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 730 нови случаи со корона вирус, а починаа 17 пациенти. Тестирани биле 7.023 лица. Активни се уште 2.926, а 1.222 се лекуваат во болница, од кои 99 на респиратор. Во Хрватска дпсега се забележани 233.637 заразени, починаа 5.088, оздравеа 225.623. Досега тестирани се вкупно 1.206.372 лица.

Детали за убиствата во Оклахома: Мажот убил две туѓи и три свои деца


Џарон Диџон Приџин (25) е обвинет за убиство на шестмина вчера во Оклахома, меѓу кои пет мали деца. Полицијата го уапси под сомнение за убиство откако застрелал шест жртви, меѓу кои и деца на возраст од 1, 3, 5, 6, и 9 години, соопшти полицијата. Возрасната жртва е 24-годишниот Џеварион Ли, наводно брат на убиецот. […]

Прв пат три жени номинирани за најдобра режија на „Златен глобус“


САД- Клое Жао, Емералд Фенел и Реџина Кинг испишаа историја како номинирани во категоријата за најдобра режија на 78. Златен глобус –прв пат три жени во иста година. Всушност, никогаш немало номинирано ниту две режисерки во иста година. Барбра Стрејсенд и Катрин Бигелоу беа номинирани двапати, плус номинации добија и Џејн Кемпион, Софија Копола и […]

Филмот „Улиште“ освои три награди на „Санденс 2021“


Филмот „Улиште“ ги освои најзначајните награди на американскиот филмски фестивал „Санденс 2021“, за најдобар филм, најдобра режија и награда од публиката, соопшти Агенцијата за филм. Филмот „Улиште“ на косовската режисерка Блерта Башоли, каде Република Северна Македонија се јавува како земја копродуцент со поддршка на Агенцијата за филм во 2018 година е всушност копродукција меѓу Косово, […]

Швајцарија не ја одобри вакцината на „АстраЗенека“


Швајцарските регулатори во средата соопштија дека им требаат повеќе информации пред да ја одобрат вакцината за коронавирус „Оксфорд/АстраЗенека“. „Достапните податоци во моментов не упатуваат на позитивна одлука во однос на придобивките и ризиците“, напиша Свисмедик во соопштението за печатот. Наместо тоа, агенцијата сака да види податоци од тековните големи испитувања на луѓе во САД и […]

Навратилова бара регулатива за трансродови спортисти


САД – Поранешната шампионка во тенис, Мартина Навратилова денеска апелираше за специјално регулирање на статусот на елитни трансродови спортисти откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ со кој се регулира учеството на трансродови ученици во училишни спортски натпревари. Во интервју за Би-Би-Си Радио 4, Навратилова повика на специјален претседателски указ за врвните спортисти за да се спречи дискриминација врз основа […]

Анкета: Во новиот бугарски парламент ќе влезат шест партии


Денеска објавените резултатите од најновото социолошко истражување на јавното мислење во Бугарија на агенцијата „Маркет линкс“ покажуваат дека владејачката ГЕРБ на изборите би добила 17,3 отсто од гласовите, а по неа ќе следи БСП со 15,3 отсто. Според анкетата трета политичка сила во моментов во Бугарија и во новиот парламент ќе биде Има таков народ […]

Кинески научници предупредуваат на долгорочни последици од Ковид-19 врз плодноста кај мажите


 Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Вухан повикуваат на итно истражување за долгорочните ефекти од заразата со Ковид-19 врз плодноста кај мажите, поради бројни докази за намалена подвижност на сперматозоидите, помал број на сперматозоиди и оштетување на тестисите, и велат дека вирусот се заканува да го уништи човештвото и откако ќе заврши пандемијата. – […]

Првпат воведена имунимодуларна терапија на Клиниката за хематологија


На Универзитетската Клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија. Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на пациент врз кој се вршеше оваа терапија, а новата метода на лекување ја спроведува стручен тим на Клиниката, предводен од директорката на Хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис. За усовршување на […]

Бајден: Поединечната помош од владиниот пакет нема да биде помала од 1.400 долари


Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека е подготвен да ги разгледа построгите креитериуми за примателите на помош од пакетот економска помош за санирање на последиците од пандемијата со Ковид-19. Тој истакна дека вредноста на пакетот е 1.900 милијарди долари и оти не планира да го намали износот од 1.400 долари наменети за секој примател […]

Маж од Шуто Оризари противправно ја држел сопругата дома, пријавил нивниот син


Полициски службеници од ПО Шуто Оризари и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во текот на денот го привеле лицето О.М (44), поради противправно држење на својата сопруга М.М во нивниот дом, информираат од МВР. Во соопштението од Министерството се наведува дека случајот бил пријавен од страна на нивниот син, а при приведувањето полцијата […]

Странците ќе можат да влезат во Шведска само со негативен ПЦР тест


Шведска– Странските посетители кои патуваат во Шведска ќе мора да покажат негативен тест за ковид-19 не постар од 48 часа, соопшти денеска шведската Влада. Одлуката следува по минатонеделната препораката од Шведската здравствена агенција, која има за цел да спречи ширење на нови мутации на коронавирусот. – Од сабота, 6 февруари, странските државјани кои сакаат да влезат […]

Јелен закажа итен состанок со регулаторите поради Гејмстоп лудилото на берзите


Регулаторите се загрижија поради нестабилноста на пазарот на капитал предизвикана од лавина вложувања на инвеститори-аматери во GameStop, во сребро и други акции, а се започна преку социјалните медиуми Американската министерка за финансии Џенет Јелен оваа недела ќе свика вонреден состанок со врвните финансиски регулатори за нестабилноста на пазарот на капитал предизвикана од лавина вложувања и […]

Утре сончево со мала до умерена облачност, до недела натпросечни дневни температури


Времето до крајот на денов ќе биде претежно ведро, информираат од УХМР. -Утре сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-1 до 5, а максималната ќе достигне од 12 […]