МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна испорака на лични документи


 Интензивирањето на соработката помеѓу МВР и АД „Пошта на Северна Македонија“ е една од темите на кои се разговарало на денешната средба на ресорниот министер Оливер Спасовски со генералниот директор Јани Макрадули. Од МВР соопштуваат дека од двете страни е истакната потребата од формирање работна група која би ги разгледала сите евентуални пречки  за испорачување […]

Објавен повик на Фондот за регионални предизвици за поддршка на инвестиции во проекти за кооперативна обука во Западен Балкан 6


Фондот за регионални предизвици го објави регионалниот повик за поддршка на инвестиции во кооперативна обука, во износи од 150.000 до 600.000 евра, со вкупен фонд на средства за користење од 18,8 милиони евра. Настанот што го најави почетокот на овој огромен регионален проект ги собра претставниците на меѓународните организации и иницијативи, регионални организации, јавни институции […]

Олимписки игри 2024 година: Ајфеловата кула ќе се поднови и ќе ја добие бојата која ја сакаше Густав Ајфел


На скоро 132 години, Железната дама ќе ја добие својата „жолто кафеава“ боја посакувана од Густав Ајфел во 1907 година. Операцијата ќе чини педесет милиони евра, програмирана за во ноември 2022 година, јави дописникот на МИА. Посетителите на Ајфеловата кула со оглед на Ковид-19 и рестрикциите беа заменети со бојаџиите, а блесоците на телефоните со […]

Ердоган ги нарече „терористи“ студентите што протестираат


ИСТАНБУЛ – Претседателот Таип Ердоган во средата рече дека неговата влада нема да дозволи едномесечните демонстрации на турски универзитет да прераснат во антивладини протести слични на оние во 2013 година, нарекувајќи ги демонстрантите „терористи“. Наспроти владината забрана за демонстрации, студенти и наставници на универзитетот Богазичи во Истанбул протестираа против назначувањето на Ердоган за ректор на […]

Зеленски: Поддржувам слобода на говор, но сум против пропаганда


 Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека ја поддржува слободата на говорот, но се противи на пропаганда финансирана од држава-агресор, алудирајќи на Русија. Според ТАСС, со оваа изјава тој ја поддржал одлуката за санкционирање на три ТВ канали и нивниот сопственик, пратеникот Тарас Козак. „Санкциите се тешка одлука. Украина силно ја поддржува слободата на […]

Сопиште утре од 10 часот без вода


 Без вода утре од 10 часот ќе биде Општина Сопиште, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект шибер Ф 150 на улица 13 во Сопиште и ќе трае сѐ до санирање на дефект. 

(Видео) Марш „Јавна соба“ е кривично дело


Со пароли „Жртвата никогаш не е виновна”, „Непостапувањето е соучество”, „Нашето Не, не значи Да” започна протестот против насилството врз жените пред Министерството за внатрешни работи. Демонстрантите бараат освен затворање на групите, надлежните да ги пронајдат сите креатори и администратори на „Јавна соба“. Велат дека жртвите на сексуално насилство се плашат да пријават во полиција […]

Хенкок: Нова студија поддржува одложување на втората доза


Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека нова студија покажала оти една доза на вакцина, изработена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, обезбедува високо ниво на заштита за 12 недели, што ја поддржува стратегијата на Владата да се одложи втората доза за да можат што повеќе луѓе да ја примат првата. Изјавата на британскиот министер за здравство уследи […]

Петиција сообраќајот за југоистокот да не се одвива низ Штип, додека се проширува патот Штип-Радовиш


Поради изградба на експресниот пат, односно проширување на старата коловозна лента од штипската населба Три Чешми до мостот на реката Брегалница на патот Штип-Радовиш планирано е во наредните шест месеци сообраќајот да се пренасочува низ градот Штип. Граѓани и бизнис секторот од Штип веќе имаат петиција за да сообраќајот не се одвива низ неколку улици […]

Пандемијата предизвика големо назадување на демократските слободи во светот во 2020 година


Демократските слободи во светот се намалија за речиси 70 проценти поради ограничувањата наметнати за борба против пандемијата на коронавирусот, според студијата на „Економист“ за Демократски индекс, спроведена во 167 земји. „Пандемијата на коронавирусот предизвика голем удар на демократските слободи, спуштајќи го просечниот индекс на демократија на најниско историско ниво“, се вели во годишната студија на […]

ДСЗИ нема забелешки за случајот со Клиниката за нефрлогија, за струшката болница поднесена иницијатива до ОЈО


 Државниот сантираен и здравствен инспекторат комплетно постапи во случајот со Клиниката за нефрлогија и согласно законските прописи и записниците на Комисијата за интерхоспитални инфекции нема забелешки. Ова го соопшти директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова на денешата прес-конференција на Инспекцискиот совет одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот на повеќе заболени на Клиниката за […]

Меркел го брани Брисел: Нема ништо погрешно во пристапот на ЕУ со вакцините


Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот призна дека ја „мачи“ тоа што другите земји се далеку понапред за вакцинирање на нивното население против корона вирусот, но инсистира на тоа дека „во основа ништо не тргнало наопаку“ со пристапот на ЕУ. Во интервју за германскиот јавен радиодифузер АРД, Меркел го повтори ветувањето дека на секој заинтересиран […]

Вакцинацијата во земјава ќе почне овој месец со 200.000 кинески вакцини


Првата количина вакцини против Ковид-19 кои ќе пристигнат во земјава во февруари ќе бидат кинеските вакцини. За многу кратко време ќе го знаеме и датумот, а ќе пристигнат 200.000 вакцини со што ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сите вакцини кои се […]

До денеска 70 Македонци со двојно државјанство се вакцинирале во Врање


Македонските државјани имаат голем интерес за вакцинирање во Србија и досега околу 70 граѓани од Северна Македонија, кои имаат и српско државјанство, се вакцинирани со кинеската вакцина на „Синофарм“ на пунктот во Врање, јави дописникот на МИА од Белград. -Бидејќи не можев да ја примам вакцината во Скопје, вакцината не дојде во Македонија и бидејќи […]

Мицкоски повика сите пратеници да го поддржат нивниот предлог за измени на Законот за средно образование


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика пратениците од  другите политички партии да го поддржат предлогот на неговата партија за измени на Законот за средно образование, кој го поднесоа во понеделникот, со што ќе им помогнат на матурантите да се измени концептот за државната матура и да се намали бројот на задолжителни предмети кои ќе […]

Полицијата приведе малолетник кој крадел во Скопско


Во Полициската станица Чаир вчера во 13.45 часот од слобода е лишен малолетник од Скопје поради основано сомнение дека е сторител на неколку кривични дела „тешка кражба”. Како што информира МВР, првата кражба е пријавена на 30.01.2021 во маркет во село Горо Оризари, скопско од каде се одземени пари и продукти, втората кражба е пријавена […]

Заев подотвори врата за одложување на пописот за месец или два


Сакам да испратам порака да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот. Наша должност е да се попишеме сите, законот тоа го предвидува, тоа е исто така меѓународна пракса, обврска на сите и апелирам вклучување на најголемата опозициска партија во оваа одговорна операција, затоа што последиците од било какви девијантни појави што може да се јават […]

Русија во училиштата распредели чувари, учениците ќе ги предупредува против демонстрации


  Русија сака да распореди чувари во училиштата по протестот против затворањето на дисидентот Алексеј Навални за да се осигураат дека учениците повеќе не одат на тие протести, јави весникот „Комерсант“. Посебно обучен персонал треба да разговара со младите на нивни јазик за недопуштените собири. Руските власти со денови се обидуваат на секој можен начин […]

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна  заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 февруари (четврток) 2021 година  започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита ( сите парични прaва) за месец јануари 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата […]

Шпанија лани ја посетиле странски туристи како во 1969 година


Бројот на странски туристи кои ја посетиле Шпанија во 2020 година падна за повеќе од 80 проценти, односно на 19 милиони туристи. Официјалните податоци покажуваат дека бројот на странски туристи одговара на нивото од 1969 година. Туристичките пристигнувања паднаа за 85 проценти на годишно ниво во декември откако властите воведоа нови ограничувања поради коронавирусот. Туристите […]