Николовски: За три недели 36 илјади членови на СДСМ ги ажурирале податоците


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска е во посета на Штип, Карбинци и Берово. Тој на прес-конференцијата во Штип истакна дека СДСМ секојдневно расте, модернизира, менува и дигитализира, за да, како што рече, уште повеќе подобро им служи на граѓаните и на државата. Посочи дека процесот на ажурирање на членството се одвива со одлично […]

МИА и БТА договорија зајакната соработка и заедничка борба против лажни вести


Зајакнување на соработката преку размена на сервисите, кои ги продуцираат, заедничка борба против лажните вести и придонес за засилување на новинарските стандарди во медиумската сфера договорија вчера новинските агенции на Северна Македонија и Бугарија, МИА и БТА. Во посета на БТА, вчера беа генералниот директор и главен и одговорен уредник на МИА, Драган Антоновски, заменик-директорот […]

Силна експлозија го потресе Бордо, три лица повредени, а две се водат за исчезнати


Силна експлозија утринава го потресе францускиот град Бордо, а локалните медиуми јавуваат дека причина за инцидентот е протекување на гас. Медиумите наведуваат дека најмалку три лица се повредени, и две се водат за исчезнати. Силни полициски сили го блокираа делот од градот во кој дојде до ескплозијата.

Биткоинот повторно над 40 илјади долари


Цената на биткоинот го надмина нивото од 40.000 долари за време на денешното викенд тргување, објави порталот investing.com на својот профил на Твитер. Според податоците од порталот, кој ги следи движењата на пазарите на криптовалути во реално време, со биткоинот се тргуваше на ниво од 40.187 долари, што претставува скок во вредност од 6,59 проценти. Најголемата светска […]

Од следната недела пријавување за вакцинација преку интернет


Следната недела очекуваме да ја објавиме веб-страната што ќе биде од информативна природа и ќе го содржи делот за пријава, односно за изразување на интерес за вакцинација, информираше денеска на прес-конференција Жаклина Чагаровска од „Мој Термин“. Таа објасни дека кога веб-страната ќе биде достапна, пријавувањата можат да започнат веднаш. Пријавувањето ќе се одвива на начин […]

Објавена Методологијата за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.


Врз основа на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а со цел единствена примена на методолошките основи при попишувањето, директорот на Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, соопштија од Влада. […]

Филипче: Немам резерва кон ниту една вакцина


Ќе бидеме една од ретките земји која во прв момент ќе обезбеди значајна количина на вакцини за сериозно голем процент од населението, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека нема резерва кон ниту една вакцина и оти би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина што прва ќе пристигне во […]

Хаотична ноќ во НБА, Дурант сред натпревар пратен во изолација поради анти-ковид протоколот


Гостинскиот триумф на Торонто над Бруклин од 123:117 остана синоќа во сенка на хаосот што се случуваше вон и на теренот, откако кошаркарот на „Нетси“ Кевин Дурант се најде под посебен надзор поради анти-Ковид протоколот. Како што јавија американските медиуми, на целиот хаос претходел контакт на Дурант со лице кое пред натпреварот добило неуверлив резултат […]

Вашингтон ја поддржува кандидатката од Африка за директорка на Светската трговска организација


САД соопшти дека дава „силна поддршка“ на Нгози Оконџо-Ивеали за функцијата генерална директорка на Светската трговска организација (СТО), со што го повлече американското вето кое администрацијата на Доналд Трамп го стави на кандидатурата на Нигеријката. „Администрацијата на Бајден-Харис е среќна што може да обезбеди силна поддршка за кандидатурата на Нгози Оконџо-Ивеали за функцијата нов генерален […]

Блокада на проширувањето на ЕУ: Површната пресметка на Макрон


Француските граѓани начелно се противат на приемот на С. Македонија и земјите од Западниот Балкан во ЕУ, но, како што покажува една нова анализа, за таа тема знаат малку. Зошто тогаш Елисејската палата ја спушти рампата? Минаа две години откако бившата француска министерка за Европа Натали Лоазо во Белград изјави дека од проширувањето на ЕУ нема ништо- […]

Во Словенија отворени продавниците, вработените ќе се тестираат еднаш неделно


Голем број продавници во Словенија се отворија денеска, кои претходно беа затворени за клиенти со месеци, по одлуката на Владата да даде зелено светло за отворање на повеќето деловни активности. Според владината одлука, сите продавници и компании под 400 квадратни метри можат да се отворат без оглед на тоа што продаваат или каква услуга даваат, […]

Реал остана со 12 фудбалери за мечот со Хуеска


Актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид се соочува со големи кадровски проблеми пред денешниот натпревар против Хуеска, во рамки на 22 кого во Ла Лига. Тренерот Зинедин Зидан на располагање за гостувањето против последнопласираниот им во Лигата има само 12 фудбалери, откако поради разни причини во составот на „кралскиот клуб“ ќе недостасуваат Дани Карвахал, Серхио […]

Кинеска сонда ги испрати првите слики од Марс


Кинеската сонда Тјанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција. Тјанвен-1 беше лансирана во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан. Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата. Тјанвен-1 […]

Коосновачот на Бионтек оптимист дека на лето животот ќе се врати во нормала


Креаторот на првата вакцина против коронавирусот Угур Шахин, професор на Универзитетот во Гутенберг и ко-основач на биотехнолошката компанија „Бионтек“, верува дека на лето ќе се вратиме во нормален живот, пишува денеска Вечерњи лист, кој беше на предавање и разговараше со познатиот научник. На прашањето кога ќе заврши пандемијатана Ковида-19, Сахин рече дека нема да заврши, […]

Кина: Граѓаните онлајн ќе ги пријавуваат фирмите кои загадуваат


Кина планира да лансира нова информативна платформа што ќе им овозможи на луѓето да ги следат емисиите од компаниите што ја загадуваат животната средина, за да можат да им помогнат на властите да ги казнат прекршителите, соопшти Министерството за животна средина. Вкупно 2,36 милиони компании, индустриски постројки и институции во Кина имаат законска обврска да […]

Битиќи: Причината зошто не стигнаа повеќе пари кај граѓаните е неразумноста на клучните чинители во политичкиот живот во Северна Македонија


Во најголемата криза со пандемијата, политиката преовладува наспроти логиката да се помогне на тие на коишто им е потребно, истакна денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи на прес-конференцијата на која беше претставен јавниот повик за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР, прашан за неискористените во целост, најавени една милјареда евра како […]

Отворен јавниот повик за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР


Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција го најавија отворањето на првиот од 11-те јавни повици за оваа година за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР. Повикот ќе […]

Вакцинацијата почнува со кинеската вакцина, граѓаните ќе добијат сертификат


Министерот за здравство Венко Филипче рече дека Владата на вчерашната седница одлучила да набави 200.000 кинески вакцини, а договорот треба да се потпише во понеделник. Направен е делатен план за транспорт , дистрибуција до вакциналните пунктови , како и начинот на спроведување на вакцинација. – Вакцинираните ќе добијат сертификат по терк на искуството на други […]

Приведени дилери на дрога во Прилепско


Приведени се шест лица од Прилеп за продажба на хероин, кокаин и амфетамин, а запленети се и возила и пари кои според полицијата потекнуваат од продажбата на дрогата. Криминалната група соработувала и со полицајци кои ги користеле да не се превземат мерки против нив. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски, денеска на прес-конференција соопшти дека  секторот […]

(Во живо) Прес на Филипче, Грозданова и Чагоровска


Прес-конференција ќе одржат министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Комитетот за имунизација д-р Александра Грозданова и Жаклина Чагоровска од електронскиот систем „Мој Термин“. Проследете ја во живо: