Вакцинацијата почнува со кинеската вакцина, граѓаните ќе добијат сертификат


Министерот за здравство Венко Филипче рече дека Владата на вчерашната седница одлучила да набави 200.000 кинески вакцини, а договорот треба да се потпише во понеделник. Направен е делатен план за транспорт , дистрибуција до вакциналните пунктови , како и начинот на спроведување на вакцинација.

– Вакцинираните ќе добијат сертификат по терк на искуството на други земји кои почнаа со вакцинација – рече Филипче.

–  Ние ќе го потпишеме во понеделник, после што се надевам дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Ние интензивно работиме и на обезбедување на соодветен начин на транспорт. Тоа значи дека станува збор за 200.000 вакцини, како што веќе најавивме, рече Филипче.

Појасни дека прво ќе се вакцинираат оние кои работат во ковид-центир, во болниците, приватни болници, домови за стари лица, матични лекари, лаборатории, јавни и приватни, вакциналните пунктови.

– Здравствените работници од Клинички центар ќе се вакцинираат на еден пункт, останатите од Скопје, ќе се вакцинираат во поликлиниката „Букурешт“. Здравствените работници од другите градови ќе се вакцинираат во здравствените домови во нивниот град – рече Филипче на денешната прес-конференција.

Втората приоритетна група се луѓето над 70 години, а во втората фаза ќе се вакцинираат луѓето над 65 години, потоа помлади луѓе со коморбидитети, вработени во центри за јавно здравје, аптеки, витални институции, новинари, образовни институции и градинки.

Во третата фаза ќе се вакцинираат сите кои работат во земјоделие, останатите вработени во образование, комунална хигиена и други категории.

Регистрацијата ќе се врши преку „Мој термин“, кој ги анализира по однос на возраст и хронични болни. Се известуваат сите матични лекари за пациентите кои се кај нив. Тие ќе ги исконтактираат граѓаните, да ја утврдат волјата за вакцинирање и да се определи пунктот за вакцинација. Кога ќе се отворат термините списокот се враќа кај матичниот лекар, и тој по вторпат ги контактира пацинетите да им сооппти термин.

Од следната недела се става во функција и сајтот за пријавување за вакцинација, а податоците повторно одат кај матичниот лекар.

Термините за вакцинација ќе бидат на десет минути и ќе работат во две смени.

Секој пунк може да вакцинира по 2.500 граѓани секој ден.

– Го очекуваме повратниот одговор од Фајзер за онаа количина од Србија и нашиот драфт договор. Согласно доаѓањето на вакцините и преку Ковакс системот, ќе се планира набавка на дополнителни количини – рече Филипче.

Целта, вели минстерот, е да не се сопре со вакцинацијата.

За тоа каква е кинеската вакцина, Филипче ече дека е со ослабен вирус. Има оптимален однос меѓу безбедноста и ефикасноста. Се чува на 2-8 степени Целзиусови. Пакувана е во претходно наполнет шприц.