Битиќи: Финансиската поддршка на плати продолжува


Стопанските комори, работодавачите и другите бараат од Владата да продолжи субвенционирање на плати како мерка за превенција од ковид кризата, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, рече дека таа поддршка нема да прекине. – Финансиска поддршка за плати никогаш не е кажано дека ќе сопре. Финансиска поддршка за плати ќе има. Моделот кој ќе […]

(Во живо) Прес на Битиќи и Петров


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, ќе одржат прес-конференција на која ќе го претстават јавниот повик за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР. Проследете ја во живо:

Мета: Состојбата со Ковид-19 во Албанија е вон контрола


Албанскиот претседател Илир Мета оцени дека состојбата со пандемијата со Ковид-19 е вон контрола и ја повика Владата на премиерот Еди Рама да не си игра со здравјето на луѓето. Според него освен пропаганда Владата нема нокаков план за почеток за масовна вакцинација на населението. -Не се толерира секојдневно да се бројат само заразени и […]

Приведен маж од прилепско кај кого е пронајдено оружје


Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп на 5 февруари 2021 извршија претрес во домот нс М.Ј. (29) во с Селце прилепско, при што пронајдени и одземени се ловен карабин, ловна пушка, 23 патрони и осум куршуми, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочија дека лицето е приведено во […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 346 пациенти, слободни кревети има


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ информираа дека според извештаите на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациент позитивен и […]

РКЕ бара разделување на потрошувачката на електрична енергија на сметките за струја


Разделување на домашното производство на електрична енергија, увозот, учеството на обновливи извори како и надоместокот за користење на електропреносниот и електродистирбутивниот систем во сметките за електрична енергија што ги добиваат домаќинствата побара Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од Универзалниот снабдувач на последниот координативен состанок со електроенергетските компании. -Потрошувачите мора точно да знаат […]

Голем интересот за „Купи куќа, купи стан“


 Ниските каматни стапки, субвенциите коишто изнесуваат и до 20 илјади евра, дополнителната субвенција на месечната рата за секое новородено дете, како и моделите за млади се причините за големиот интерес на апликанти за субвенциониран станбен кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“, имформираат од Министерството за финансии. Оние граѓани коишто ќе го изберат моделот за […]

СЗО: Стапката на ширење на Ковид-19 се намалува


Ширењето на коронавирусот во светот опаѓа, изјави Марија ван Керховен, експерт во Светската здравствена организација (СЗО). – Ова беше овозможено пред сè со мерките за прекинување на синџирот на пренесување на вирусот, меѓу кои клучна улога игра вакцинацијата, рече таа. Керховен ги повика земјите каде што новите случаи на Ковид-19 се намалуваат, да продолжат да […]

Како посетата на Жозеп Борел на Москва се претвори во катастрофа


Шефот на европската дипломатија беше фатен неподготвен во заседа. Дури и беше понижен кога разбра дека Русија протерала тројца дипломати од ЕУ   Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во петокот престојуваше во ретка посета на Москва и стоеше мирно покрај неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кога тој ја нарече […]

Почна исплатата за „Мој ДДВ“ – граѓаните ќе добијат 6,1 милиони евра


Управата за јавни приходи известува дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од „Мој ДДВ“ за последното тримесечје од 2020 година. На граѓаните кои скенирале фискални сметки во октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки. Во последното тримесечје од 2020 […]

Ѓукановиќ: Речиси половина од граѓаните работат против постоењето на Црна Гора


Хибридната војна што се разгоре во Црна Гора во 2020 година не беше креирана против нас. Всушност, тоа беше војна против Европа и НАТО. Црна Гора се заштити колку што можеше и дури и повеќе отколку што можеше, особено со оглед на тоа кои беа нејзините противници во непосредното соседство и пошироко, изјави претседателот на […]

Џафери сака целосно да го реформира Собранието


Претседателот на Собранието Талат Џафери најави формирање работна група чија цел ќе бидат измени, дополнувања или нов Деловник за работа на законодавниот дом. Тој деновиве ги завршил комуникациите со пратениците и пратеничките групи и  добил предлози од сите за учество во работната група за продолжување на процесот Жан Моне. -Идејата ни е тој процес поради […]

Сексуално образование ќе биде изборен предмет во деветто одделение


  Мила Царовска, министерката за образование и наука,најави дека ќе се изучува сексуалното образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение. Министерката со тоа демантираше дека овој предмет ќе биде застапен во второ одделение. Таа додава дека во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта. „Бидејќи е изборен предмет, наставниците […]

Гамалеја развива технологија за случај на брзи мутации на вирусот


Русија– Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ работи на развој на технологија за забрзано создавање на вакцина против коронавирусот во случај на брзи промени во геномот на патогениот агенс, изјави директорот на центарот Александар Гинсбург. – Истражувачкиот центар работи на технологија што ќе овозможи развој на вакцини многу брзо и ефикасно во […]

Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници при влез во државата


Англија– Велика Британија ќе ги тестира сите патници кои пристигнуваат во таа земја двапати за коронавирусот, во обид да го контролира ширењето на нови варијанти на вирусот, објави „Телеграф“. Планот е тие да бидат тестирани двапати за време на 10-дневната изолација. Владата претходно најави карантински мерки од 15 февруари за луѓето кои доаѓаат во земјата […]

Концепцијата за основно образование беше предмет на јавна расправа – Општестевени науки од четврто до деветто се преименува во Историја и општество


Предметот општествени науки, од прво до трето одделение преоѓа во наслов Човек и општество, а од четврто до деветто Историја и општество. Ова синоќа го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за Канал 5, откако претходно денеска во собраниската Комисија за образование, наука и спорт на јавна расправа беше ставена Нацрт-концепцијата […]

Нови рестрикции во делови на Грција, викендов подолг полициски час во Солун, Атина и на Халкидики


Грција– Наместо од 21 часот, полицискиот час во Солун, Атина и на Халкидики викендов се поместува за три часа порано, односно ќе почнува од 18 часот, во рамки на новите мерки на грчката Влада соопштени синоќа, јави дописничката на МИА од Атина. Во неколку делови на Грција што се со влошена епидемиолошка слика и се […]

И тоа се случи: Америка е хакирана


Речиси од почетокот на масовната употреба на компјутерите, се појави потреба за пристап до податоците на друга земја, компанија или дури и на непријателската армија. Набрзо се појавија компјутерски експерти кои имаа знаење и вештини за пристап до тие податоци. Подоцна, овие експерти ќе бидат наречени „хакери“. Всушност, хакери се сите експерти кои на некој […]

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД


САД– Компанијата Мајкрософт синоќа соопшти дека до крајот на 2022 година ги замрзнува спонзорствата за законодавците кои на крајот на изборниот процес гласаа против утврдување на Џо Бајден за претседател на САД. Компанијата исто така нема да ги поддржува политичарите и организациите на ниво на сојузни држави кои се обидуваа да ги оспорат изборите. Бред […]

Владата ги објави фирмите кои добиле државна помош, а не им исплатиле на вработените


Владата ја објави листата на фирми кои добиле државна помош, а не исплатиле плати на вработените во декември. Од оние што не исплатиле плата на вработените, а добиле помош, во декември, 78 компании се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2.219.584 денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, 44 фирми […]