На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 346 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Од МЗ информираа дека според извештаите на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 21 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
-Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 596 и има околу 510 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, истакнаа од Министерството.
Од МЗ потенцираа дека треба да се земе предвид оти бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Имено, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 250 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.
Од МЗ информираа дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми, во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника девет во текот на вчерашниот ден.
– Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 14 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациент, наведоа од МЗ.
Од Министерството информираа дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
– Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 98 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, додадоа од МЗ.