Најмногу дожд во Дебар, најстудено на Шапка


Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 20 литри на метар квадратен, наврнаа во Дебар, а најмалку, два сантиметра, во Демир Капија. Водниот талог е 17 сантиметри во Пожаране, 16 во Маврово, 15 во Тетово, 12 во Крушево, 9 во Охрид, 8 во Прилеп, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Струмица, 5 во Скопје-Петровец и […]

Франција ги затвора границите за патници кои не се од ЕУ


Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека од утре Франција ќе ги затвори границите со државите што не се членки на Европската унија. Влез во Франција од земји надвор од блокот на ЕУ ќе биде дозволен само во случај на крајна потреба, а забраната за патување е обид да се ограничи ширењето на новите мутации на […]

ФИТР: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади


Како Северна Македонија ќе стане атрактивна дестинација преку Програмата за развој на дигиталното номадство беше темата на која дискутираа: Коста Петров, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Себастијан Дијаз Меса, поранешен извршен Директор на Start-Up Chile, Саманта Миките, дигигитален номад од Канада и Нина Николиќ ко-основач на Стартап Македонија. Заклучокот од размената на […]

Заканата на глобалната екстремна десница


Загриженоста за екстремистичкото однесување на крајната десница низ целиот свет, што ги зајакна врските за време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се интензивираше по нападот на американскиот Капитол, додека некои од екстремната десница протерувањето од социјалните мрежи и крајот на мандатот на Трамп го гледаат како шанса за регрутирање и радикализирање на […]

ЕУ ограничува извоз на вакцни за Северна Ирска, Лондон изрази сериозна загриженост


Европската унија го ограничи извозот на вакцини против коронавирусот во Северна Ирска, заобиколувајќи делови на протоколот од договорот за Брегзит. Првиот министер на Северна Ирска, Арлин Фостер, ја нарече „неверојатен чин на непријателство“ одлуката на ЕУ да се повика на членот 26 од протоколот, што им овозможува на Велика Британија или ЕУ да преземат еднострани […]

Чешка одлучи да забрани влез во државата за странци


Чешките власти донесоа одлука за забрана за влез на странци кои не доаѓаат поради неопходни причини, со цел да се спречи пандемијата на коронавирусот. Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека забраната ќе стапи на сила денеска и дека ќе важи за сите земји. Забраната не се однесува на оние кои работат или студираат […]

Угостителите на средба со Битиќи, бараат субенции за плати до крај на ковид кризата


Претставници на угостителите денеска треба да имаат средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. На средбата, како што најави Независната угостителска комора (НУК), ќе стане збор за петтиот пакет економски мерки и за поддршката на угостителската индустрија. – Се надеваме дека средбата ќе даде резултати и во рамки на можностите на Владата со новиот […]

Здравствената ситуација со Ковид-19 е стабилна, Комисијата за заразни болести препорачува мерките да останат исти


Комисијата за заразни болести вели дека здравствената ситуација со Ковид-19 е стабилна, но ризикот не е намален. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 302 случаи, а Комисијата на вчерашниот состанок остана на ставот дека мерките за заштита од вирусот треба да останат исти. Комисијата за заразни болести препорача работата во државна и јавна […]

Претпладне облачно со повремен дожд, попладне претежно сончево


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 степени. Во […]

Патиштата наместа влажни, се препорачува внимателно возење


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на […]

Брнз: Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества


Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата, објави на Фејсбук американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз. Таа во објавата истакнува дека индексот за перцепција за […]

Франција, од недела, ги затвoра границите за патувања надвор од ЕУ


  Француската влада цела седмица расправаше дали поради растот на новозаразени со корона вирусот ќе воведе ново затворање. По денешниот состанок на Советот за одбрана, кој го има последниот збор во врска со ограничувањата во Франција, премиерот Жан Кастекс, рече дека за сега нема да има нов локдаун. Но, властите деонесоа некои други органичувања, вклучително […]

Данска и Шведска во финалето на Светското првенство во ракомет


Репрезентациите на Данска и Шведска ќе играат во финалето на Светското ракометно првенство што се игра во Египет. Вечерва Данците во драматичен финиш ја победија репрезентацијата на Шпанија со 35 спрема 33, додека во првото полуфинале Швеѓаните беа подобри од  Франција со 32:26 (16:13). Двата натпревари ќе се играат в недела.  

Робин Худ трансакциите под лупа на американската Комисија за хартии од вредност


Комисијата за хартии од вредност и тргувања на берзите на САД (СЕК) излезе со соопштение денеска во врска со неконтролираните трансакции неделава со акции на компании како GameStop, AMC Entertainment или Blackberry. -Агенцијата внимателно ги набљудува чекорите преземени од компании кои се под регулација, а кои можат да ги измамат инвеститорите или на друг нaчин да ја спречат […]

Во 17 турски градови регистриран британскиот вид на коронавирус


Британскиот вид на коронавирус е откриен во 17 градови на Турција, соопшти Министерството за здравство. Мутираниот вирус е еден од факторите за пораст на бројот на заболени во Европа и затоа Турција мора да биде многу внимателна, напиша на Твитер министерот за здравство Фахретин Коџа. – Во нашата земја се потврдени 128 заразени од мутираниот […]

Притвор и за братот на Навални


  Судот во Москва му одреди притвор на Олег Навални, братот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, до 23 март поради кршење на санитарно-епидемиолошките мерки, пренесе ТАС. Олег ќе биде во куќен притвор, како и соработникот на Навални, Олег Степанов. Судот ги разгледува барањата на обвинителството за изрекување на истата мерка и за активистките Љубов Собол […]

Бугарија: Фалсификатор ставил фотографија на Сталоне на лажен пасош за да ги воодушеви клиентите


Бугарските власти соопштија дека разбиле криминален синџир, кој печател фалсификувани пари и документи со висок квалитет. Меѓу документите се наоѓал и лажен пасош со фотографија од глумецот Силвестер Сталоне, кој требало да ги воодушеви потенцијалните клиенти. Обвинети се четворица бугарски државјани дека припаѓале на организирана криминална група, која изготвувала и продавала лажни бугарски документи, евра […]

ФБИ: Непосредно пред немирите во Конгресот, оставени бомби пред седиштата на Републиканската и Демократската партија


 Американските власти соопштија дека две импровизирани бомби биле пронајдени пред седиштата на Републиканската и Демократската партија непосредно пред упадот на приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп во Конгресот на САД, оставени еден ден претходно. Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека истрагата открила нови информации, вклучувајќи го и податокот дека експлозивни направи биле оставени пред седиштата […]

Мицкоски: Зошто да не спроведеме електронски попис


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека тој се согласува да се спроведе попис во земјава, бидејќи како што рече, тоа ни е обврска и ќе ни биде обврска. – Но, зошто да не биде електронски. Јас тоа го понудив, еве нека биде само електронски. И со стискање […]

СЗО: Одобрување за вакцината на АстраЗенека во следните две недели


Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека во следните две недели ќе одобри итна употреба на вакцината на АстраЗенека против коронавирусот, изјави денеска главниот научник на оваа агенција на ОН, Сумија Сваминатан. – Се надевам дека тоа ќе се случи во следните две недели, доколку се одвива се според планот, истакна Сваминатан. Таа додаде дека […]