„Јавна соба“ затворена, се трага по креаторите


Групата „Јавна соба“ во која над 6.500 членови споделуваа фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, синоќа е избришана на социјалната мрежа Телеграм. Во меѓувреме, продолжува истрагата за креаторите на групата, а веќе се приведени четири лица, од кои две од Битола, едно од Велес и едно од Штип. Надлежните […]

Мутацијата на корона вирусот со потекло од Јужна Африка потврдена и во САД


Медицинските власти во Јужна Каролина соопштија дека откриле два случаи на новиот вид коронавирус што првпат беше појавен во Јужна Африка, а ова се првите регистрирани случаи на оваа мутација во САД. Станува збор за две лица кај кои е откриено присуство на мутација Б.1.351 во коронавирусот од јужноафриканско потекло, кои се чини дека не […]

Активни 8.667 случаи на Ковид-19, ќе се набавува најсофистицирана терапија за лекување


И покрај тоа што се бележи стабилизација на бројот на заболените од Ковид-19, вчера беа регистрирани нови 336 случаи. Сепак, надлежните остануваат на ставот дека вирусот е под контрола и најавија набавка на нова најсофистицирана терапија за ковид-пациентите. Целата терапија за третман на ковид-пациенти кај нас веќе е достапна, а како што најави вчера министерот […]

Бајден ја потпиша уредбата за здравствена заштита


Американскиот претседател, Џозеф Бајден, го потпиша указот со кој се прошири можноста за аплицирање во системот на здравствена заштита на граѓаните кои не можат да ја добијат преку своите работодавци. Бајден, исто така, го потпиша и указот за укинување на забраната за финансирање меѓународни непрофитни организации што поддржуваат и даваат совети за абортусот. -Потпишувам две […]

На Попова Шапка ќе биде отворена новата шестоседна жичница „Лајтнер“


Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на „ЕЛЕМ Турс“, Адем Авзиу, денеска во ски-центарот Попова Шапка ќе го означат пуштањето на шестосед-жичницата „Лајтнер“ во оваа сезона. Од „ЕЛЕМ Турс“, кој стопанисува со зимскиот центар, информираат дека користењето на шестоседот на првиот ден на пуштањето е бесплатно за панорамски разглед за посетителите на Попова Шапка. – […]

Облачно и ветровито, од вечер дожд и снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен […]

Гневен напад на Каракачанов врз Заев и Мицкоски


Освен што ги нападна Заев и Мицкоски дека и го честитале празникот Свети Сава на српската заедница, Каракачанов лажно тврди дека Софија му испорачала вакцини на Скопје. И уште дека Заев и Мицкоски страдаат од Стокхолмски синдром во однос на Србите   Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачов, ги стави на иста страна […]

Шест лица загинаа, три се критично, поради истекување на хемикалии во близина на Атланта


Најмалку шест лица загинаа денеска, додека повеќемина се повредени и пренесени в болница, откако дошло до истекување на течен азот во еден погон за пакување на храна во североисточниот дел на Џорџија, соопштија здравствените власти на таа американска сојузна држава. – Причината за инцидентот се уште не е позната, соопшти полицијата. Пет луѓе загинале на […]

Новите соеви на вирусот бараат модификација на вакцините: Како се снаоѓаат производителите?


По развојот и воведувањето во употреба на вакцините за спречување на Ковид-19 со рекордна брзина, производителите се соочуваат со проблем по појавата на новите соеви на корона вирусот, кои нивните вакцини може да ги направат неефикасни. Тоа е предизвик кој ќе бара повеќемесечни истражувања и големи финансиски вложувања. Раководителите на „Модерна“ и „Фајзер“ и нивниот […]

Лукаревска: Компаниите немаат никаква можност да не ја исплатат државната помош


Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска вечерва посочи дека компаниите немаат никаква можност да не ја исплатат државната помош за исплата на минимална плата, како поддршка за полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот. Таа во гостувањето на ТВ21 рече дека секој месец има компании кои ги злоупотребуваат финансиските средства од Владата, […]

Илјадници демонстранти бараат оставка од премиерот на Ерменија


Неколку илјади демонстранти протестираа денеска во центарот на Ереван барајќи оставка од ерменскиот премиер Никола Пашињанин. Поединечни демонстранти се судрија со полицијата пред зградата на владата, а уапсени се 21 лице, пренесе АП. Протестите против Пашињанин се одржуваат од ноември, кога со Азербејџан потпиша спогодба за прекин на огнот во Нагорно Карабах. Со спогодбата на […]

Еворамбасадорот во Тирана, Сореца позитивен на Ковид-19


 Амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца е позитвен на Ковид-19. Веста вечерва ја соопшти лично Сореца преку статус на социјалните мрежи, наведувајќи дека тој е во „ добра здравствена сосотјба заедно со другите членови од семејството“ и упатува апел до сите да ги почитуваат мерки за заштита од опасниот врус. -По направениот тест […]

Пелоси: Конгресот е соочен со непријатели одвнатре


 Спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, денеска на брифинг изјави дека Конгресот е соочен со „непријатели одвнатре“, од долниот дом, алудирајќи на некои нејзини колеги.  По немилите настани на 6 јануари кога насилна толпа поддржувачи на бившиот претседател Доналд Трамп упадна во американскиот Капитол, законодавците сметаат дека зградата на Конгресот е сеуште недоволно обезбедена […]

И Марла Мејплс, втората сопруга на Доналд Трамп, се сели на Флорида?


САД– Доналд Трамп ја прогласи Флорида за неофицијален дом на целото семејство Трамп. Додека тој и Меланија моментално престојуваат во Мар-а-Лаго, ќерката Иванка Трамп и зетот Џаред Кушнер се навикнуваат на луксузниот стан во Мајами откако купија парцела од 30 милиони долари за да изградат нов дом. Браќата и сестрите на Иванка, Доналд помалдиот и […]

Мадрид ја обвинува ЕУ поради доцнењето на вакцините


Шпанското Министерство за здравство ја обвини ЕУ поради одложувањето на испораката на вакцините против Ковид-19, поради што главниот град Мадрид мора да ја прекине натамошната имунизација, пишува шпанскиот весник „Ел Мундо“, повикувајќи се на содржината на „протечениот“ документ. Соочувајќи се со критиките од одделни покраини поради проблемите со резервите, централната Влада во нацрт-документ, за кој […]

Маричиќ: Процесот на прочистување на судството веќе дава конкретни резултати


Процесот на враќање на довербата во судството или процес на прочистување на судството дава веќе конкретни резултати. Од 2019 година од кога се донесени законите и откако стапиле во сила веќе имаме 10 разрешени судии врз основа на оценката токму на Судскиот совет кој утврдил дека постапувале нестручно и несовесно, рече попладнево министерот за правда […]

Французите ја одобруваат идејата за трето затворање, но не и ограничувањата што одат со него


Според студијата на Одокса Бакбонн Консултинг за Ле Фигаро и Франс Инфо, Французите ја одобруваат идејата за трето затворање, но не и ограничувањата што одат со него, односно тие  одбиваат затворање на училиштата и продавниците. Тие изгледаат прилично наклонети за  „лесни“ мерки, јави дописникот на МИА, Наспроти одредени стравови изразени од извршната власт, голем дел […]

Фенди собра ѕвездена екипа за дебито на Ким Џонс: Зошто Деми Мур шокираше?


Франција-Во септември, кога Фенди го именуваше дизајнерот за машка облека Диор, Ким Џонс за нов уметнички директор, (на местото на Карл Лагерфелд) знаевме дека неговото деби шоу за италијанската куќа ќе биде спектакл. И тоа беше, со многу од најпрепознатливите модели во модата, од 80-тите до денес. За виртуелната ревија на висока мода на Fendi, […]

Карпошани сами ќе ја проверуваат исплатливоста од алтернативното греење


Се изработува софтвер преку кој граѓаните можат да прават проверка на техничките и финансиските аспекти за промена на моменталниот нивен систем за греење/ладење со систем на обновливи извори на енергија. Ова е едно од решенијата кое е во тек на имплементација, во рамки на проектот „REPLACE“ од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската унија. Со изработката […]

Петтиот пакет мерки ќе ги опфати најсиромашните граѓани, медиумите, угостителите


Премиерот Зоран Заев попладнево во Собранието одговарајќи на пратенички прашања сподели дел од мерките предвидени со петтиот пакет за поддршка на граѓаните,  работниците, стопанството и економијата. Една од мерките, како што рече, е да се избришат сите камати по долгови кои граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции за долгови постари од три месеци […]