Калеска Ванчева повика на доверба во пописот


Колку и да се спротивставуваме, знам дека никој нема дилема дека пописот ни е многу потребен, дајте еднаш да имаме малку повеќе доверба во нас, во нашите институции, во самите себе и да покажеме пред себе и пред светот дека сме кредибилни, изјави пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. […]

Фон дер Лајен: Договорот меѓу ЕУ и Астра Зенека има обврзувачки одредби


Договорот меѓу Европската унија и компанијата „Астра Зенека“ за нејзината вакцина против коронавирус содржи обврзувачки одредби, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и побара објаснување од производителите на лекови за доцнењата во испораката. Таа за радиото Дојчландфанк рече дека договорот содржи многу јасни количини на испорака за декември и првите три квартала […]

Захариева: Не се раскинати врските меѓу Скопје и Белград


Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. „Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на […]

Kристен Стјуарт ја глуми леди Ди во новиот филм „Спенсер“


САД– Кристен Стјуарт го снима биографскиот филм за британската принцеза Дијана, која почина во 1997, насловен „Спенсер“. Продукцијата ја објави првата фотографија од Стјуарт како Леди Ди. Во режија на Чилеанецот Пабло Лараин, кој ги сними „Џеки“ и „Неруда“, филмот се фокусира на еден клучен викенд од животот на Дијана. Таа ги поминува божиќните празници […]

Во Србија ќе се произведуваат руските вакцини


Авион со 40.000 дози на руската вакцина „Спутник V“ денеска слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а бил пречекан од министерот за иновации, Ненад Поповиќ. Поповиќ за РТС изјавил дека во земјата пристигнале 20 000 дози на првата и исто толку од втората компонента од вакцината. Тој појаснил дека вакцините се доставуваат во специјални контејнери […]

Хоти: Најавите на Вучиќ за јакнење на воените капацетите се закана за мирот во регионот


 Вршителот на должноста премиер на Косово, Авдулах Хоти оцени дека најавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ за задолжително служење на воениот рок во неговата држава поради наводните опасности кои ѝ доаѓаат од Косово, претставуваат закана за мирот и стабилноста во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина. По изјавата на Вучиќ, која ја пренесоа […]

Мексико ја надмина Индија по бројот на смртни случаи од корона вирус


Мексико денеска ја престигна Индија по бројот на смртни случаи од корона вирус, со што оваа латиноамериканска земја се рангира на третото место на светската црна листа.   Мексиканското Министерство за здравство соопшти за 18.670 нови случаи на инфекција со корона вирус и уште 1.506 смртни случаи, со што бројот на заболени од почетокот на […]

Тимот на СЗО во Вухан ја почна истрагата за потеклото на корона вирусот


Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) што го истражува потеклото на корона вирусот денеска се состана со кинеските научници, по што ќе следат и посети на лаборатории, пазари и болниците во Вухан. Вчера заврши двонеделниот карантин на тимот експерти на СЗО по нивното пристигнување во Кина, па сега тие можат да ја почнат истрагата, чии […]

Без вода корисниците на населба Усје


Поради уличен дефект ф-150мм на ул.1/30 Усје, од 9 часот без вода ќе бидат корисниците од населба Усје. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.

Генерално собрание на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани реизбран за претседател


Евроатлантскиот совет на Македонија соопшти дека вчера на Генералното собрание е избрано ново раководство, на кое за претседател едногласно е реизбран Исмет Рамадани.  За генерален секретар е избран Илија Џугуманов, а бизнисменот Светозар Јаневски е избран за извршен директор на Бизнис- клубот. На состанокот се избрани и членови на новото Претседателство на Евроатлантскиот совет на […]

(Видео) Триполи „гори“, запалена општинската зграда


Најмалку 350 луѓе се повредени во судирите со полицијата и демонстрантите во либански Триполи. Војската ја презеде контролата на центарот на градот, а запалена е општинската зграда. Полицијата и војската успеаја да ги потиснат демонстрантите од центарот на Триполи, во кој веќе четврта ноќ по ред има демонстрации на незадоволни граѓани поради падот на стандардите […]

Четворица загинати во пожар во ковид болница во Букурешт


Четири лица загинаа во ковид болница во Букурешт во пожар кој избувна рано утрово. Здравствените власти информираат дека се евакуирани 102 пациенти од болницата. Во меѓувреме, пожарот, кој избувнал околу 4 часот во една од зградите во болницата „Матеј Балс“ во Букурешт, е изгаснат. Полицијата се уште не ги соопшти причините за пожарот.

Европа на работ на катастрофа со вакцинирањето


Последиците од овој неуспех можат да бидат катастрофални ако не се решат брзо   Тешко е да се следи без да си изненаден слабиот почеток на кампањата за вакцинирање против Ковид-19 во Европската унија. Досега, според податоците на Блумберг, ЕУ успеа да администрира вкупно околу 8,9 милиони дози, или две дози на 100 жители. САД […]

„Новaвакс“: Нашата вакцина против корона вирусот е ефикасна 89,3 проценти


Американската компанија „Новавакс“ соопшти дека резултатите од тестирањата во Велика Британија покажале дека нејзината вакцина против коронавирусот е ефикасна 89,3 проценти. Компанијата наведува дека прелиминарните резултати покажале дека вакцината е речиси исто толку ефикасна и против новиот, позаразен вид на корона вирус, откриен во Велика Британија. „Новавакс“ соопшти дека очекува истражувањето, во кое учествувале 15.000 […]

Модерна ја намалува испораката на вакцини во Франција


Француското Министерство за здравство соопшти дека бројот на вакцини против коронавирус, развиен од компанијата „Модерна“, ќе биде за 25 проценти помал од оној што се очекува земјата да го добие во февруари. Недоволната испорака на вакцини ги принуди Париз и уште два француски региона да го одложат ставањето на првата доза на вакцината, пренесува Гардијан, […]

Бразилско регулаторно тело: Вакцината на Астра Зенека безбедна за постари лица


Бразилското здравствено регулаторно тело „Анвиса“ соопшти дека податоците за вакцината против коронавирус, што ја развија компаниите „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд, засега покажуваат дека вакцината е безбедна за постари пациенти. „Анвиса“ реагираше откако Германија препорача вакцината на „Астра Зенека“ да се дава само на лица помлади од 65 години. Како што наведе во соопштението, […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Во 7 часот утрово најниска температура од -12 степени е измерена во Берово, а  утринските температури се под нула во целата држава:  -9 во Крива Паланка, -7 во Маврово, -5 во Скопје – Петровец, -4 степени во Претор, Демир Капија, Штип, Виница, Струмица, Гевгелија, Крушево и Куманово, -3 во Тетово, Прилеп и  Скопје – Зајчев […]

Оштетените штедачи во Еуростандард банка се свртеа против Костовски


Оштетените штедачи во Еуростандард банка, кои преку нивното Здружение секојдневно упатуваат соопштенија до медиумите главно насочени кон Народната банка, во последните нивни обраќања ги обвинија и сопствениците на банката за „направен грабеж“ како и дека „повеќе од јасно“ е дека Трифун Костовски, неговиот син Коста Костовски и екс-директорот на банката Николче Петкоски „свесно ја иницирале, […]

„Балетски бисери“ во Националната опера и балет


Во Националната опера и балет вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведен балетскиот концерт „Балетски бисери“. На концертот ќе настапат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. Од НОБ информираат дека на овој балетски концерт ќе бидат опфатени најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настанот ќе се одржи согласно […]

Португалскиот Парламент денеска гласа за легализирање на евтаназијата


Португалскиот Парламент денеска се очекува да го донесе законот со кој се дозволува доброволна смрт со медицинска помош, со што оваа доминатно католичката земја ќе биде четвртата во Европа што ја легализира евтаназијата. Белгија, Холандија и Луксембург се трите земји во Европа во кои евтаназија е легална. Пратениците ги одобрија предлозите насочени кон промена на […]