Нови 561 случај на заразени во Хрватска, починаа 29


Во последните 24 часа 561 нов случај се регистрирани во Хрватска, а починаа 29 пациенти. Оздравеа уште 588 пациенти. Бројот ан активни случаи изнесува 3.117, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Од нив 1.286 пациенти се на болничко лекување, а 121 на респиратор. Во Хрватска досега се регистрирани  231.539 заразени со новиот корона вирус, од […]

Зошто ВМРО-ДПМНЕ ја навредува Колумбија?


Зборовите некогаш одат побрзо од мислите. Така, вчера Владимир Нелоски, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, се обиде да поентира во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа оценувајќи ја новата ранг листа за перцепцијата за корупцијата и поразителните резултати за Македонија, внесувајќи една голема и важна земја во овдешните партиски пресметки. Тоа […]

Стагнација на германската економија во четвртиот квартал од 2020 година


И покрај блокадата од пандемијата на коронавирусот, германската економија во последниот квартал од минатата година пораснала за 0,1 процент во споредба со претходното тримесечје, соопшти денеска германскиот Федерален завод за статистика, пренесе ДПА. Економистите во голем дел ја предвидуваа стагнацијата на економијата. Германија се наоѓаше на патеката за закрепнување од вториот квартал, кога бруто домашниот […]

Грчките епидемиолози предлагаат Атина да премине во „црвената зона“


Континуираното зголемување на новите случаи на Ковид-19 во повеќе делови на Атина и пошироката област Атика, го вклучи алармот кај грчките епидемиолози, кои по вчерашниот вонреден состанок, според информациите во Грција, препорачале конкретниот регион да премине во „црвената зона“, додека пак конечните одлуки ќе бидат донесени и соопштени во текот на денешниот ден, јави дописничката […]

Истражување: Најголем пад на туризмот во историјата, за закрепнување потребни се неколку години


За светскиот туризам 2020 година е најлошата година во историјата со пад на меѓународните туристички пристигнувања за 74 проценти или околу милијарда помалку отколку во 2019 година, а континуираните ограничувања на патувањето и другите антипандемиски мерки исто така ги намалуваат очекувањата за закрепнување во 2021 година, соопшти Светската туристичка организација при ОН (СТООН). Ваквиот пад […]

Националната платформа за женско претприемништво ќе делува за одржлив економски раст


Националната платформа за женско претпримништво, финансиран од ИПА Програмата (Програма за претпристапна помош) на Европската унија за Граѓанско општество и медиуми, ќе ги интензивира дијалогот, структурната соработка и довербата помеѓу женското претприемништво, националата и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените од […]

Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд 


Политичката партија Левица до Уставниот суд  поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за попис. „Сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, како и членот 39 од Уставот кој вели […]

Димитров: ЕУ да нѐ европеизира, а не да нѐ балканизира


Вицепремиерот за евроинтеграција Никола Димитров ја повика Европската унија да го исполни принципот на наградување за исполнување на реформите и низ процесот да влијае на воспоставување европски стандарди во земјата, а не дополнително да не балканизира. „Ако историјата добие централно место во процесот на преговарање, прашање е во која мерка тој ќе интегрира или ќе […]

Ангеловска-Бежоска на состанок на БИС: Централните банки може да дадат придонес за зелена економија


Банката за меѓународни порамнувања (БИС) го организира редовниот состанок на гувернери на централни банки, при што на состанокот активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, соопшти Народната банка. Тема на јануарскиот состанок беа податоците од Анкетата спроведена од страна на БИС во врска со најновите трендови во процесот на управувањето со девизните резерви. […]

Сојузот на средношколци бара поддршка од Собранието


Сојузот на средношколци и нејзиниот претседател Бленди Ходаи во име на генерацијата матуранти 2020/2021 вчера до пратениците по електронска пошта доставил писмо со барање за поддршка да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, бидејќи Министерството за образование и наука, како што е наведено во нивното писмо – ги игнорира и е децидно во […]

Баварскиот премиер бара да се објават сите договори на ЕУ со производителите на вакцини


Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер, бара објавување на сите договори што ЕУ ги има склучено со производителите на вакцини против корона вирусот. Тој за германската телевизија ЗДФ изјави дека во врска со оваа тема има многу отворени и неодговорени прашања. -Затоа е потребна максимална транспарентност. Потребна е транспарентност за сите договори, изјави баварскиот […]

Приватните стоматолози бараат од Владата директна финансиска помош и ослободување од фискални и парафискални трошоци


Директна финансиска помош заради исплата на минимални бруто плати на вработените во стоматолошките ординации и ослободување од фискални и парафискални трошоци сѐ додека трае кризната состојба, бараат од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина. Овие барања, како што посочуваат во денешното соопштение од Здружението, ги испратиле до Владата, до […]

Османи му го честиташе изборот на Блинкен


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес упати писмо честитка до Ентони Блинкен, државен секретар на Соединетите Американски Држави. „Ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам срдечни честитки по повод именувањето за државен секретар на Соединетите Американски Држави и воедно, да Ви посакам успех во извршувањето на оваа  одговорна функција“, напиша Османи на […]

УЕФА планира да ја реформира Лигата на шампионите до 2024 година


 Европската фудбалска федерација развива нов формат за Лигата на шампионите, пренесува „АС“. Според изворот, претседателот на организацијата, Александар Чеферин, преговара со пет претставници на Европската клупска асоцијација (ЕЦА): Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер јунајтед, Фенербахче и ПСЖ. УЕФА, наводно, планира да им даде на најголемите клубови во Европа повлијателна улога на новиот турнир и има намера […]

Коце Трајановски негира дека го дал СРЦ на Општината Сарај


Поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, побара од актуелниот Петре Шилегов да го покаже документот, доколку постои, дека СРЦ „Треска“ е дадена на управување од Град Скопје до Општина Сарај. Ваквата реакција на Трајановски во емисијата „Утрински брифинг“ следува по тврдењето на Шилегов дека во 2011 Градот Скопје донел одлука со која што ја префрла надлежноста […]

Затворени сите агенции за вработување во Франција по убиството на советничка во Валанс


Околу 900 агенции за вработување во Франција, денеска се затворени, затоа што вработените ќе и оддадат едноминутно молчење на нивната колешка убиена во Валанс на нејзиното работно место, јави дописникот на МИА. Во регионот Оверњ Рона-Алпи, агенциите беа затворени од четвртокот попладне, односно „физичките и телефонски приеми, како и програми за обука закажани во 98 […]

Анкета: Повеќе од половина од Грците ќе се вакцинираат против Ковид-19


 Меѓу 63 и 74 отсто од Грците ќе се вакцинираат против Ковид-19, според резултатите од истражувањата на јавното мислење на „Metron analysis“ за телевизијата „Мега“ и на „Pulse“ за телевизијата „Скај“, објавени во синоќешните централни изданија на вестите, јави дописничката на МИА од Атина. Според истражувањето за телевизијата „Скај“, 47 отсто од анкетираните, вакцината ќе […]

Триесет психолози понудија бесплатна психолошка помош за жртвите од „Јавна соба“


Основачот на онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози, Разговор.мк, Георги Михаилов нуди бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата “Јавна Соба”. -Се работи за онлајн комунакација.  Секој може да ја преземе апликацијата и да закаже разговор со некои од психолозите кои стојат на располагање. […]

Малолетник повреден во пожар во куќа во Батинци


Во четвртокот, во 10.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во куќата на Ш.М. од село Батинци. При тоа бил опожарен долниот кат и дел од горниот кат, а со изгореници се здобил 16-годишник, кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Пожарот бил […]

Израелците спроведоа големо истражување на над 700.000 вакцинирани, резултатите фасцинантни


  Во Израел спроеведено е истражување кое сугерира дека само 0,04 отсто од луѓето кои ги примиле двете дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ заболеле од корона вирус. Околу 700.000 луѓе кои се вакцинирани во земјата за која се смета дека е светски првак во вакцинирање, само 300 подоцна заболеле од корона вирус, од кои 16 […]