Ѓоргиев: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници


Синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор за пријателство, се претвори во една од главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Таквото толкување е неодржливо и неприфатливо, и […]

Запленети 100 килограми марихуана, тројца приведени


 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал .СВР Велес и СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по добиени оперативни сознанија односно претходно спроведена истрага во врска со камион […]

Бугарија може да достигне највисока стапка на смртност во светот


Очекувањата на Националниот завод за статистика се дека 121.000-125.000 Бугари ќе умрат во текот на годината. Ова е за 13-16 илјади луѓе повеќе отколку во 2019 година   (Од нашиот дописник)                                                  […]

Кој може да загуби од Брегзит без договор?


Британскиот премиер Борис Џонсон првпат призна дека е „многу, многу веројатно“ оти Велика Британија ќе се раздели од ЕУ без договор, пишува Дојче Веле во прилог за тоа кој се и колку може да загуби во случај на Брегзит без трговски договор меѓу Лондон и Брисел. Досега Џонсон секогаш зборуваше за моделот на „австралискиот договор“ […]

Угостителите бараат итна средба со премиерот отворена за јавност


Независната угостителска комора заедно со повеќе здруженија на угостители бара итна средба со премиерот која ќе биде отворена за медиумите, а на која ќе се разговара за новата мерка за угостителските објекти со која се скратува работното време и за неопходноста од носење на посебен сет мерки за финансиска помош за овој сектор. – Ќе згрешиме […]

Нов Зеланд најуспешно се справи со пандемијата


  Нов Зеланд е единствена земја во светот која, за сега, потполно го елиминира корона вирусот. Според зборовите на премиерката Џасинда Ардерн, оваа цел е остварена и од амбиција, но и од страв, затоа што на почетокот на пандемијата дојде до заклучок дека здравствениот систем нема да може да се носи со прогласување на епидемија, […]

Ципрас: Време е да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа


Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи на нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша на „Твитер“ лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас по повод наградата за мир што ја добија заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА […]

Вакцината на „Модерна“ спречува тежок Ковид-19, покажуваат податоците


Се очекува дека американската ФДА ќе ја одобри вакцината на „Модерна“ во петок. Нејзината стапка на ефикасност е 94,1 проценти   Вакцината за корона вирус направена од „Модерна“ е високо заштитна за возрасни и спречува тешки случаи на Ковид-19, според податоците објавени во вторникот од страна на Управата за храна и лекови на САД. Врз […]

Јапонската компанија за пневматици „Тојо“ гради фабрика од 382 милиони евра во Србија


Познатиот јапонскки производител на автомобилски гуми, компанијата „Тојо тајрс“ гради фабрика од 382 милиони евра во Србија, јавија медиумите. Извршниот директор на „Тојо тајрс“ (Toyo Tires), Такаши Шимизу, на церемонијата на поставување камен темелник на фабриката за автомобилски гуми во Инџија, соседна Србија, изјави дека изградбата на таа фабрика ќе заврши до април 2022 година. […]

Истражување: Секое четврто лице во светот можеби нема да добие вакцина против Ковид-19 до 2022 година


Речиси едно од четири лица може да не примаат вакцина против Ковид-19 барем до 2022 година затоа што богатите земји со помалку од 15 проценти од светската популација имаат резервирано 51 процент од најперспективните дози на вакцини, соопштија истражувачите од Школата за јавно здравје „Џонс Хопкинс“ во САД. Тоа би значело дека остатокот од вакцината […]

Евростат: Бугарите се најсиромашни во ЕУ


Според последните податоци на Евростат, Бугарија е најсиромашна држава во Европската Унија, а по неа следува Хрватска. Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјална благосостојба на домаќинствата. Најбогати се во Луксембург, што е за 35 отсто над европскиот просек. Следува Германија со 22 проценти. Австрија, Данска, […]

Рекорден број извршени смртни казни во САД во 2020 година, најмногу од 1800 година


Оваа година, за првпат во историјата, беа извршени повеќе смртни казни во САД отколку во сите земји во светот заедно, се вели во годишниот извештај на Центарот за информации за смртните казни од Вашингтон, објавен денеска. По седумнаесетгодишна пауза, претседателот Трамп нареди извршување на смртна казна во целосен обем, така што беа извршени рекордни 10 […]

Индија и Германија со речиси ист број новозарени од Ковид-19


Индија, која има околу 1,3 милијарди жители, и Германија, со 80 милиони жители, денеска соопштија за речиси ист број на новоинфицирани со Ковид-19. Индија објави за 26.355 нови случаи на инфекција со вирусот, а Германија уште повеќе – 27.728. Трет ден по ред, Индија има помалку од 30.000 новоинфицирани, а досега евидентирани се скоро 10 […]

Хаг има информации за основа за покренување истрага против режимот на Мадуро


Главниот обвинител на Меѓународниот суд на правдата во Хаг рече дека постојат основи режимот во Венецуела да биде осомничен за злосторства против човештвото. Судот во Хаг го разгледува случајот против режимот Мадуро од 2018 година. Се очекува дека во приближувањето на 2021 година ќе нареди покренување голема истрага. „Меѓународниот кривичен суд заклучи дека достапните информации […]

СЗО: Рекордни 4,3 милиони новозаразени во светот за една недела


Во изминатата недела во светот се регистрирани повеќе од 4,3 милиони новопотврдени случаи на Ковид-19, најмногу во текот на една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците на глобалните организации, во светот во периодот од 7 до 13 декември се регистрирани вкупно 4.329.927 нови случаи со коронавирус и 75.038 смртни […]

Дебата за новиот Закон за градење


Министерството за транспорт и врски денеска организира отворена дискусија за новиот Закон за градење, (проблематика и можни решенија и измени). На дискусијата  ќе се обрати министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

Синдикатот на словенечки лекари бара заштита за епидемиолозите


Синдикатот на словенечки лекари ги повика надлежните државни органи да реагираат на заканите и навредите упатени до нивните колеги, епидемиолози и инфектолози, кои се на првата линија во борбата против коронавирусот. „Шокирани сме од заканите и навредите упатени до нашите колеги и оваа ситуација станува сериозна и загрижувачка“, се вели во соопштението на синдикатот на […]

Во Германија најмногу починати од КОВИД-19 за еден ден – 952 лица


Во Германија во изминатите 24 часа од коронавирус починаа 952 лица, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат последните податоци на институтот „Роберт Кох“. Од почетокот на пандемијата во Германија починаа вкупно 23.427 лица. Бројот на потврдени случаи на коронавирус во земјата се зголеми за 27.728 – на […]

Калифорнија ја активираше програмата за „масовни загуби“ 


Калифорнија синоќа ја активираше програмата за помош при „масовни загуби“, која вклучува набавка на 5.000 пластични вреќи за човечки тела и десетици фрижидери за складирање.  Во време кога во државата, како и во целата земја, започнаа првите имунизации од коронавирус, Калифорнија е погодена од бран на Ковид-19 случаи и фаталитети.   Петти ден по ред овде […]

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието


Претседателот Стево Пендаровски денеска напладне ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот. Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието […]