Нов Зеланд најуспешно се справи со пандемијата


 

Нов Зеланд е единствена земја во светот која, за сега, потполно го елиминира корона вирусот.

Според зборовите на премиерката Џасинда Ардерн, оваа цел е остварена и од амбиција, но и од страв, затоа што на почетокот на пандемијата дојде до заклучок дека здравствениот систем нема да може да се носи со прогласување на епидемија, пренесе АП.

Одговорот на Нов Земанд на појавувањето на ковид-19 и пандемијата беше меѓу најуспешните во светот, пред Кина, Тајван и Тајланд.

Оваа земја од пет милиони жители има само 25 смртни случаи од Ковид-19 и вкупно 2.100 заразени.