Австрија, од полноќ, се „заклучи“ по третпат


Од полноќ во Австрија стапија во сила нови построги мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот, со кои земјата повторно се затвори, по третпат оваа година. Третото заклучување ќе трае еден месец, до 26 јануари, но за оние кои ќе учествуваат во доброволното масовно тестирање, „отклучување“ ќе биде можно од 18 јануари. Со новиот карантин повторно стапи […]

Три лица тешко повредени во пукотница во Берлин


Заднината на крвавите настани во берлинската населба Кројцберг сè уште е нејасна. Но, насилните конфликти меѓу одделни групи или семејни кланови во Берлин не се ретка појава, јавува „Дојче веле“. Во берлинскиот кварт Кројцберг, рано изутрината неколку лица беа повредени од огнено оружје. Противпожарната единица пријави три лица кои се тешко повредени и однесени во […]

Бајден му пиша на Заев: Очекувам интензивна соработка во интерес на двете земји


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот на Бајден за претседател на САД. Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за […]

Лајен: Денеска испораки, утре почнува вакцинацијата низ цела ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упати видеопорака до граѓаните на Европа по повод почетокот на испораката на првите вакцини против Ковид-19 во ЕУ 27. – Денеска е ден на испорака, а утре ќе почнеме со вакцинирање низ цела ЕУ, рече фон дер Лајен. Урсула фон дер Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани […]

Левандовски спортист на годината во избор на европските новински агенции 


Полскиот фудбалер Роберт Левандовски е спортист на годината во Европа во традиционалниот избор на европските новински агенции. Напаѓачот на европскиот првак Баерн Минхен доби 180 бодови, четири повеќе од светскиот првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, додека третопласиран е светскиот рекордер во скок со стап, шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис. Најдобриот светски рекет, Србинот Новак […]

Азески: Критичен ќе биде моментот кога ќе престанe државната помош


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, смета дека критичен момент за македонското стопанство ќе биде кога ќе почне да престанува државната помош. Во интервју за МИА, Азески вели дека како држава, не можеме да речеме дека ги преземавме најдобрите можни мерки, но не потфрливме, како и дека состојбата не е сјајна. Сепак, како […]

Пекинг: Властите им наредија на граѓаните да не го напуштаат градот


По откривањето на неколку нови случаи на Ковид-19 минатата недела во Пекинг, градските власти апелираа до граѓаните да не го напуштаат градот за време на претстојните новогодишни празници. Вчера беа потврдени два случаи, плус уште два асимптоматски на почетокот на оваа недела, па градските власти организираа тестирања во населбите каде што беа откриени новозаразените. Поради […]

Русија ја одобри вакцината спутник V за лица над 60 години


Руското Министерство за здравство одобри вакцината Спутник V да се користи за масовна вакцинација на лица над 60 години, соопшти денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко на телевизија Русија 24. – Вакцината Спутник V претходно беше одобрена за употреба на лица на возраст од 18 години и повеќе, но отсега натаму, може да се вакцинираат и граѓани над 60-годишна возраст и […]

Договорот Данекер-Белев и инцидентот во Ќустендил


Договорот Данекер-Белев беше потпишан на 22 февруари 1943 година и веднаш започнаа тајните подготовки за собирање на Евреите во неколку големи логори. Евреите од Скопје беа предупредени неколку дена порано, иако многумина не веруваа во тоа. Инцидентот во Ќустендил ги измени сите распореди за собирање на Евреите и во Бугарија и во окупираните територии Донесувањето […]

Трамп ја блокираше помошта за Американците и отиде да игра голф во Флорида


Претседателот Доналд Трамп го помина Божик играјќи голф во Флорида, додека се заканува затворање на владата, а помошта за граѓаните од ковидот виси. Трамп, кој за време на божикните празници е во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич, немаше настани во неговиот јавен распоред, откако ја доведе во прашање иднината на огромниот закон за олеснување. […]

Бугарија добила вакцини за 5.000 луѓе, тешко ќе ни даде на нас


 Првата пратка вакцини против коронавирус пристигна во Бугарија. Првите 9.750 дози веќе се чуваат во фрижидер на регионалниот здравствен инспекторат во Софија. Тие ќе бидат доволни за вакцинирање на речиси 5.000 луѓе, бидејќи се даваат две дози во интервали од 21 ден. Вакцините ги поздрави министерот за здравство Костадин Ангелов, кој најави дека утре ќе […]

Гинцбург: Вакцината Спутник V не предизвикува алергиски реакции


Во Русија досега се вакцинирани 700.000 граѓани со вакцината Спутник В и не се забележани сериозни алергиски реакции, изјави директорот на Научно-истражувачкиот институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург. – Алергиски реакции на вакцината Спутник V не се пријавени за време на клиничките испитувања, во која било од трите фази, како и во циркулацијата меѓу граѓаните, рече тој во интервју за каналот „Русија 24“. Гинцбург додаде дека Министерството за […]

Утре и задутре без струја дел од корисниците во Бутел, Ѓорче Петров и Центар


Утре и задутре без снабдување со електрична енергија ќе останат дел  од корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров и Центар, информираат од РЦУК Скопје. Без струја утре, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, ќе останат корисниците од ул. „Бутелска“ во општина Бутел. Во  понеделник пак без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 […]

СЗО: Новиот вид на коронавирус во осум европски земји


Шведска– Новиот вид на коронавирус веќе е откриен во осум европски земји, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге. – Осум земји во европскиот регион на СЗО досега ја идентификуваа новата варијанта на Ковид 19, наречена VOC-202012/01, напиша Клуге на Твитер. Според него, новиот вид на вирусот се шири кај помладата популација, за […]

Маратонската собраниска седница за „Макпетрол“ заврши во 7 часот наутро


Утринава во 7 часот заврши една од најдолгите седници во историјата на Собранието на која се расправаше за предлогзаконот за решавање на спорот помеѓу Владата на Македонија и „Макпетрол“ АД по пат на спогодба, по скратена постапка. Сите пријавени 39 дискутанти од опозицијата завршија со своите расправи, но гласање околу точката немаше затоа што немаше […]

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Во Велика Британија почнаа испитувања на нов лек што го блокира развојот на ковид


Англија– Британски научници почнаа со клинички испитувања на нов лек против Ковид-19 базиран на антитела, кој го развија Универзитетскиот колеџ на лондонски болници, Националната здравствена служба (UCLH) и АстраЗенека. Лекот може да спречи лице кое било изложено на коронавирусот да ја развие болеста предизвикана од него, а имунитетот може да трае помеѓу шест и 12 месеци, пренесува Гардијан. […]

За граѓаните традиционалните медиуми се најрелевантен извор на вести, но главно се информираат преку социјалните мрежи


Граѓаните ги сметаат традиционалните медиуми за најрелевантен и најдоверлив извор на вести, но социјалните медиуми претставуваат главен извор на информирање и иако постои одреден степен на свесност кога се во прашање лажните вести, една третина од нив не секогаш може да препознаат лажна вест, а повеќе од две третина ги дискутираат актуелните настани со своите […]

„70-те и 80-те во македонската ликовна уметност“ – изложба во МСУ


Од вчера па до февруари следната година, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „70те и 80те во македонската ликовна уметност“. Куратор на поставката е Марика Бочварова Плавевска. Изложбата ќе биде поставена во 3-та галерија на МСУ, во која ќе бидат застапени дела од различни медиуми како сликарство, инсталација, до фотографија […]

Во Општата болница во Дебар вработени седум здравствени работници


Општата болница со проширена дејност во Дебар на осум лица, од нив седум здравствени работници, кои до сега беа ангажирани со договор на дело, им врачи решенија за засновање работен однос на неопределено работно време. Директорот на болницата,Баки Халили, решенија им врачи на тројца лекари од општа пракса, исто толку медицински сестри, еден лаборант и […]