Во Општата болница во Дебар вработени седум здравствени работници


Фото: Б. Грданоски

Општата болница со проширена дејност во Дебар на осум лица, од нив седум здравствени работници, кои до сега беа ангажирани со договор на дело, им врачи решенија за засновање работен однос на неопределено работно време.

Директорот на болницата,Баки Халили, решенија им врачи на тројца лекари од општа пракса, исто толку медицински сестри, еден лаборант и еден чувар.

-Сите се вработени врз основа на претходно распишан конкурс. Медицинските лица беа ангажирани на одредено време, повеќето од нив непосредно беа вклучени во третирањето на ковид-пациенти. Им посакав среќна и успешна работа, соодветна грижа за здравјето на нивните сограѓани и навремено дадена услуга,секогаш предводејќи се од Хипократовата заклетва, рече директорот Халили.

Според него, кога станува збор за состојбата за епдемиолошката ситуација со Ковид-19, во Инфективното одделение, каде се третираат ковид паценти, број на хоспотализирани, во последната недела бележи благо намалување.

-Хоспитализирани се шест пациенти, сите на кислородна подршка, за разлика од претходно кога имавме и 15 пациенти, додека во просек дневно амбулантски се третираат осум до девет лица, наспроти дваесеттина колку што во просек имавме претходно, вели Халили.