Три лица тешко повредени во пукотница во Берлин


Заднината на крвавите настани во берлинската населба Кројцберг сè уште е нејасна. Но, насилните конфликти меѓу одделни групи или семејни кланови во Берлин не се ретка појава, јавува „Дојче веле“.

Во берлинскиот кварт Кројцберг, рано изутрината неколку лица беа повредени од огнено оружје. Противпожарната единица пријави три лица кои се тешко повредени и однесени во болниците во градот.

Спасувачките екипи и лекарите за итни случаи им дале итна помош на повредените, изјави портпаролот на против пожарната единица.

Потрага по вмешаните во пукотницата

Бројни тешко вооружени полицајци на местото на инцидентот спроведоа потрага по вмешаните во пукотницата – како повредени лица, така и сторители.

Во акцијата беше вклучен и полициски хеликоптер за надзор на населбата. На сцената на злосторството се пронајдени трите тешко повредени лица.