Сончево со слаб ветер, по котлините магла


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од три до осум, а максималната ќе достигне од осум до 14 степени. Во …

Сончево со слаб ветер, по котлините магла Read More »

Студија на ЕУ го посочува Христијан Мицкоски како извор на дезинформации


Профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е наведен заедно со оние на Миленко Неделковски и Никола Груевски како извор на дезинформации. Во студија на ЕУ се наведуваат и повеќе македонски медиуми   Дезинформациите остануваат моќна сила кои ги нарушуваат состојбите во внатрешната политика во Северна Македонија, иако по промената на власта тие се истуркани …

Студија на ЕУ го посочува Христијан Мицкоски како извор на дезинформации Read More »

Бахреин втор во светот издаде дозвола за вакцината на Фајзер


Кралството Бахреин е втора земја во светот што издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНТек. Дозволата е издадена по детална анализа на сите достапни податоци, јави денеска државната новинска агенција на Бахреин. Кралството не соопшти колку дози на вакцина се набавени ниту кога ќе почне вакцинацијата. Бахреин претходно издаде дозвола за итна употреба …

Бахреин втор во светот издаде дозвола за вакцината на Фајзер Read More »

Кина е втора земја од светот што ставила знаме на Месечината


  Кина е втора држава од светот која своето знаме го развеа на Месечината, а тоа го направи по САД. Државата која е најбројна во светот, успеа до сега своите три вселенски летала да ги прати на Месечината. Последен пат тоа се случи на 1 декември годинава. Со роботизираното с=вселенско летало пред нејзиното враќање на …

Кина е втора земја од светот што ставила знаме на Месечината Read More »

Бучковски: Верувам дека со Бугарија можеме да најдеме решение за нашата иднина


 Македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски. Во интервју за БНР, Бучковски рече дека тимовите на двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија …

Бучковски: Верувам дека со Бугарија можеме да најдеме решение за нашата иднина Read More »

Можности за помош преку Евроатлантскиот координативен центар за катастрофи при НАТО


Главениот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи денеска на седница разгледувал, првично и иницијално, можности за обезбедување  меѓународна помош преку механизам на Евроатлатскиот координативен центар за катастрофи при НАТО (NATO – EADRCC).  Истовремено, како што соопштија вечерва од ЦУК, беше иницирано и размислување за идна можна вакцинација кога за тоа ќе …

Можности за помош преку Евроатлантскиот координативен центар за катастрофи при НАТО Read More »

Рекорден број починати во еден ден од корона вирус во Србија – 69


  Во последните 24 часа во соседна Србија тестирани се 22.497 лица, а 7.782 биле позитивни, додека за жал 69 пациенти починаа. На респиратор во болниците се наоѓаат 270 пациенти. Досега црниот рекорд од починати од Ковид-19 во еден ден беше 65, а 7.999 позитивни. Во моментот во болница се лекуваат 7.700 лица. Епидемиологот Предраг …

Рекорден број починати во еден ден од корона вирус во Србија – 69 Read More »

Норвешкиот министер за здравство смета дека до Велигден ќе биде поинаку


Норвешкиот министер за здравство најави „сосема поинаква состојба“ на пандемијата до Велигден. Шведска поднела барање за пет од шесте вакцини достапни преку механизмот на Европската Унија. Првата вакцина, онаа од Pfizer и BioNTech, може да биде одобрена од Европската Унија веќе на крајот на декември. Швеѓаните најпрво ќе вакцинираат 600.000 луѓе во домовите за стари …

Норвешкиот министер за здравство смета дека до Велигден ќе биде поинаку Read More »

Метју Палмер: Северна Македонија направи доволно за да се одржи меѓувладината конференција


Пристапниот процес во ЕУ треба да се базира на принципи, а Северна Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата меѓувладина конференција. билатералниот спор со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес, изјави за Гласот на Америка Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Тој се …

Метју Палмер: Северна Македонија направи доволно за да се одржи меѓувладината конференција Read More »

ЕК: Формирањето нова црногорска Влада е позитивен чекор напред


Европската комисија смета дека формирањето нова влада на Црна Гора претставува позитивен чекор напред, по изборите во август и конституирањето на новиот Парламент, изјави вечерва портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандез. – Ја поздравуваме посветеноста на новата Влада кон реформската агенда на ЕУ и со нетрпение очекуваме да работиме со црногорската Влада и парламентот на реформите и приоритетите поврзани со ЕУ, во …

ЕК: Формирањето нова црногорска Влада е позитивен чекор напред Read More »

Притвор за жител на Пепелиште заради убиство во обид


Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 43 – годишно лице, привремен жител на село Пепелиште, Неготино, поради основано сомнение дека  сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. -Осомничениот на 4 декември 2020 година, околу 5 часот, во настаната расправија …

Притвор за жител на Пепелиште заради убиство во обид Read More »

Маричиќ: Очекувам до крајот на годината да биде усвоен концептот за прочистување на судиите и обвинителите


Министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека очекува до крајот на годината Советот за реформи во правосудството да ги усвои концептите за прочистување односно за проверка на работата на судиите и на обвинителите. -Ветувањето беше дека за првите сто дена ќе го прецизираме концептот за прочистувањето односно филтрирањето во судството. Ветингот го отфрливме уште во …

Маричиќ: Очекувам до крајот на годината да биде усвоен концептот за прочистување на судиите и обвинителите Read More »

„Ворнер Брос“: Сите премиери во 2021 година во кино и на стриминг


САД– „Ворнер Брос Пикчрс Груп“ (Warner Brоs Pictures Group), една од најголемите светски филмски компании, синоќа во соопштение за јавноста посочи дека сите премиери во 2021 година ќе ги пушта во исто време во кино-салите и на стриминг сервисот Ејч-Би-О Макс (HBO Max). – Хибридниот модел е создаден како стратегиски одговор на последиците од тековната глобална пандемија, посебно во …

„Ворнер Брос“: Сите премиери во 2021 година во кино и на стриминг Read More »

ФФМ: Болничкиот персонал ќе има приоритет за влезници за Европското фудбалско првенство


Докторите, медицинските сестри и целокупниот технички персонал во болниците ќе имаат приоритет при распределбата на влезници од ФФМ за да ја бодрат македонската репрезентација на претстојното Европско првенство во фудбал. Одлуката, како е соопштено, денеска ја донесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), изразувајќи надеж дека состојбата со коронавирусот ќе дозволи УЕФА да даде „зелено …

ФФМ: Болничкиот персонал ќе има приоритет за влезници за Европското фудбалско првенство Read More »

Публиката се враќа во Премиерлига, но нема да смее гласно да навива


Навивачите во Премиерлигата, по речиси десетмесечна пауза, викендов конечно ќе се вратат на фудбалските стадиони, во намален број и со стриктно почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Дозвола од Премиерлигата да ги отворат вратите на своите стадиони за ограничен број на навивачи, до максимум 2.000, добија десет премиерлигаши. Согласно рестриктивниот протокол, навивачите ќе мораат да носат …

Публиката се враќа во Премиерлига, но нема да смее гласно да навива Read More »

Чесите до 2038 година ќе му кажат „збогум“ на ископот на јаглен


Чешката влада има намера до 2038 година да затвори рудници за јаглен чија употреба ја загадува животната средина и постепено да премине на обновливи извори на енергија. Иако еколошките групи велат дека планот не е доволно амбициозен, министерот за индустрија Карел Хавличек вели дека станува збор за компромис Тој ги објави плановите на владата да …

Чесите до 2038 година ќе му кажат „збогум“ на ископот на јаглен Read More »

Во ковид центрите хоспитализирани се 1.268 лица, на располагање уште 160 легла


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.286 и има околу 160 …

Во ковид центрите хоспитализирани се 1.268 лица, на располагање уште 160 легла Read More »

Вакцините не значат крај на пандемијата, вели експерт на СЗО


Вакцините се најважниот дел во борбата против КОВИД-19, но тоа не е крај на пандемијата, изјави денеска експертот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација, Мајк Рајан. – Гледаме дека пристигнуваат и податоци дека заштитата (што ја обезбедува вакцината) можеби нема да биде долготрајна и оти се можни појави на повторно заразување, рече Рајан. – Вакцините не се еднакви на нула ковид, рече …

Вакцините не значат крај на пандемијата, вели експерт на СЗО Read More »

Починаа 30 лица, нови 1.100 случаи со Ковид-19, оздравеа 585 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.824 тестирања, а регистрирани се 1.100 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 585 пациенти, а 30 починале, информираше Министерството за здравство.   Од новорегиструраните во Скопје се 439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, …

Починаа 30 лица, нови 1.100 случаи со Ковид-19, оздравеа 585 пациенти Read More »

Занаетчиите се жалат дека се уште не им е исплатена помошта за плата за октомври


Занаетчиите, едни од најпогодените од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 реагираат поради тоа што ветената помош од четвртиот сет мерки –финансиската помош за плата за октомври се уште не им е исплатена. Ова се вели во реакцијата на Занаетчиска комора која е претставник на 15 регионални занаетчиски комори и ги застапува интересите на сите …

Занаетчиите се жалат дека се уште не им е исплатена помошта за плата за октомври Read More »