„Гол“ прв користи Боинг 737 Макс после 20 месеци


Бразил– Бразилската компанија „Гол“ стана првата авиокомпанија што почна повторно да го користи Боинг 737 Макс на комерцијални летови по 20 месеци, кога беше прекината употребата на овие авиони поради две несреќи во кои загинаа стотици луѓе. Вчерашниот лет беше на релација меѓу бразилските градови Сао Паоло и Порто Алегре. Бразилската регулаторна агенција за цивилно воздухопловство АНАЦ кон …

„Гол“ прв користи Боинг 737 Макс после 20 месеци Read More »

Борел: Владеењето на правото приоритет на новите власти во Црна Гора


Црна Гора  –  Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, синоќа преку видео повик разговараше со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, вицепремиерот Дритан Абазовиќ, министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ и претседателот на Парламентот, Алекс Бечиќ, соопшти Европската служба за надворешни работи. Во писмената изјава се наведува дека Борел му честитал на новото политичко раководство на Црна …

Борел: Владеењето на правото приоритет на новите власти во Црна Гора Read More »

Европската агенција за лекови цел на хакерски напад, пристап имале до документи за вакцината на Фајзер/Бионтек за Ковид-19


Холандија – Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Фајзер. „Важно е да се напомене дека ниту системот на Бионтек, ниту на Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични …

Европската агенција за лекови цел на хакерски напад, пристап имале до документи за вакцината на Фајзер/Бионтек за Ковид-19 Read More »

Почина светскиот шампион од 1982 година, Паоло Роси


Италија – Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец  Паоло Роси почина на 64-годишна возраст, објави „Газета дело Спорт“. Засега нема информации за околностите на смртта. Во 1982 година на Светското првенство, Роси стана најдобар стрелец и му помогна на тимот да го освои Мундијалот. Во групната фаза, тој постигна хет-трик со Бразил (3:2), а во финалето – постигна …

Почина светскиот шампион од 1982 година, Паоло Роси Read More »

Во Бугарија за 24 часа нови 3.328 заразени со Ковид-19 и 117 починати


Бугарија– Во Бугарија, во изминатите 24 часа се регистрирани 3.328 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број достигна 171.493, соопшти денеска Министерството за здравство. Уште 117 пациенти починале, а 5.283 од почетокот на пандемијата. Хоспитализирани се 6.988 пациенти, од кои 544 се на интензивна нега. Бројот на заразени лекари во моментов …

Во Бугарија за 24 часа нови 3.328 заразени со Ковид-19 и 117 починати Read More »

ЈуТјуб отстранува дезинформации за резултатите од изборите во САД


САД– ЈуТјуб почна да ги отстранува сите содржини во кои се тврди дека „масовните измами или грешки“ довеле до промена на резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември во САД, соопшти администрацијата на  платформата. Критичарите на ЈуТјуб веќе долго време ја повикуваат компанијата да престане да прима видеа со дезинформации за американските избори, бидејќи …

ЈуТјуб отстранува дезинформации за резултатите од изборите во САД Read More »

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос подмири даночен долг од околу 700 илјади евра


Шпанија – Поранешниот шпански крал Хуан Карлос, кој е во егзил од август во Обединетите Арапски Емирати, додека неколку судски истраги се водат против него, подмирил долг од речиси 680.000 евра кон шпанските даночни власти, објави синоќа неговиот адвокат. „Кралот Хуан Карлос им предаде на фискалните власти потврда од подмирениот даночен долг во износ од 678.393,72 …

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос подмири даночен долг од околу 700 илјади евра Read More »

Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз”


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. Судењето за овој предмет е во фаза доказна постапка, односно презентација на материјални докази од страна на обвинителството. Кривичниот совет во овој предмет го води …

Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз” Read More »

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар во Париз


Екипата на филмот „Дедо и Внук“ на режисерот Илија Пиперкоски ја освои наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз, соопшти „Пандорас бокс продукција“. Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, а доби и две признанија …

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар во Париз Read More »

Во ЕУ претставен компромисен предлог за деблокада на буџетот


Белгија–  Германското претседателство со Советот на ЕУ подготви нацрт решение за прекин на унгарско-полската блокада на голем финансиски пакет, според кое одлуката за поврзување на распределбата на европските средства со владеењето на правото не може да се спроведе се додека не биде одобрена од Судот на ЕУ. Вакво решение, за кое германското претседателство преговараше со Унгарија …

Во ЕУ претставен компромисен предлог за деблокада на буџетот Read More »

Законот за попис пред собраниската Комисија за европски прашања


Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање, денеска е на дневен ред на собраниската Комисијата за европски прашања. Станува збор за законот што еднаш веќе беше поднесен во Собрнанието во минатиот состав од страна на Владата. Пописот треба да започне на 1 април следната година, …

Законот за попис пред собраниската Комисија за европски прашања Read More »

ИФЈ: Во 2020 година убиени 42 новинари и медиумски работници


Белгија– Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) по повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, објави документ насловен „Бела книга за новинарството во светот“ во која се предупредува дека годинава 42 новинари и медиумски работници биле убиени на задача. Во истиот документ се наведува дека најмалку 235 новинари и медиумски работници во моментов се …

ИФЈ: Во 2020 година убиени 42 новинари и медиумски работници Read More »

Синот на Бајден повторно цел на истрага на американските истражни органи


САД –  По неколкумесечна суспензија, американските федерални истражни тела повторно отворија истрага против Хантер Бајден, синот на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. По препорака на Министерството за правда на САД, истрагата беше прекината и сите активности што може да влијаат на исходот од претседателските избори во САД беа забранети. Сега кога завршија претседателските избори, истрагата против …

Синот на Бајден повторно цел на истрага на американските истражни органи Read More »

Граѓаните ги менуваат навиките за плаќање, почесто користат платежни картички


Плаќањата со платежни картички во трговијата во третиот квартал бележат раст. Зголемени се плаќањата преку интернет и плаќањата на местата на продажба. Пад има кај кредитните трансфери. Народната банка бележи висок годишен раст од 175 проценти на бројот на плаќања со платежни картички преку интернет кој е речиси петкратно повисок од годишниот раст во истиот …

Граѓаните ги менуваат навиките за плаќање, почесто користат платежни картички Read More »

Над осум милиони евра годишно за „армијата“ рамковно вработени


По една деценија безуспешно барање решение, надлежните најавуваат дека конечно ќе се најде работа за над 1.300 административци кои „клатат врата и земаат плата“ Над осум милиони евра државата издвојува секоја година за „армија“ вработени според Рамковниот договор кои воопшто не доаѓаат на работните места. Според некои проценки, во последните 10 години за оваа ставка …

Над осум милиони евра годишно за „армијата“ рамковно вработени Read More »

Дводневен годишен состанок на ЕС во Брисел


Белгија– Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе се соберат денеска на завршен годишен состанок на Европскиот совет во Брисел. Разговорите треба да почнат во 13 часот, а самитот ќе трае два дена. И покрај сегашната епидемиолошка состојба, лидерите на земјите-членки ќе пристигнат во Брисел, а Европскиот совет ја нагласуваат важноста на физичкото присуство поради сите …

Дводневен годишен состанок на ЕС во Брисел Read More »

Властите во САД бараат Фејсбук да се лиши од Инстаграм и Ватсап 


САД- Коалиција од 46 сојузни држави синоќа поднесе колективна тужба против Фејсбук за злоупотребува на своето првенство на пазарот со социјалните мрежи и прегазување на конкуренцијата.  Антимонополска тужба против Фејсбук поднесе и Федералната трговска комисија (ФТЦ). Летиша Џејмс, главен обвинител на Њујорк, на прес-конференција синоќа изјави дека „треба да се запре со неоправдано агресивната практика на …

Властите во САД бараат Фејсбук да се лиши од Инстаграм и Ватсап  Read More »

Официјално отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“


По повод официјалното отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“ денеска ќе се одржи онлајн настан на кој ќе говори нобеловецот Мохамед Јунус.  Центарот ќе работи во склоп на Економскиот факултет – Скопје кој се приклучува на Глобаланата мрежа на центри за социјални бизниси основани на повеќе од 80 универзитети низ целиот свет. Јунус …

Официјално отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“ Read More »

Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент


Белгија – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе се обрати пред европратениците во рамки на дебатата за резолуцијата на Европскиот парламентот за Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Османи попладне е поканет за размени мислења со европратениците членови на Комисијата за надворешни работи, кога известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук ќе го …

Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент Read More »

Во ковид-центрите на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари


За 24 часа од компликации од Ковид-19 починаа 46 лица во државава, од кои најголем број – 19 се од Скопје. Регистрирани се 504 нови случаи од направени 1470 тестирања и 731 оздравен пациенти, се наведува во вчерашниот извештај на Министерството за здравство. Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните …

Во ковид-центрите на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари Read More »