Шведскиот принц Карл Филип се подготвува за принова


Шведска– Шведскиот принц Карл Филип и принцезата Софија денеска објавија дека го очекуваат своето трето дете. Досега, тие ги имаат принцевите Александар (4), војводата од Содерманланд и тригодишниот Габриел, војводата од Даларна.   Принцот, син на кралот Карл Шеснаесетти Густаф и петти во редот за престолот, и неговата сопруга „се среќни и возбудени и со […]

На Бадник 2021 во Скопје – кум проф. д-р Никола Пановски, а здравичар проф. д-р Миодраг Врчаковски


Традицијата на бадникувањето во Скопје продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи, соопшти денеска Одборот за традиционална прослава на бадник во Скопје, којшто веќе ги прави подготовките за Бадник 2021. Кум на манифестацијата годинава ќе биде проф. д-р Никола Ппановски, а здравичар проф. д-р Миодраг Врчаковски. Мојсо Мојсовски, […]

ДИК: Сите 12 избирачи со Ковид-19 или во изолација гласаа на предвремените избори за градоначалник во Штип


Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека денеска на предвремените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница, своето право на глас го остварија лицата позитивни на Ковид-19 и лицата во самоизолација. На изборите за гласање беа пријавени само 12 лица од Штип. Од 12 пријавени за гласање во општина Штип, до 14 часот сите го […]

Владата на Грузија поднесе оставка


Грузиската Влада денеска поднесе оставка во согласност со законот, кој предвидува распуштање на Владата поради изборот на новиот состав на Парламентот. Според Уставот, Парламентот има две недели рок да ја одобри новата влада. Ако тоа не го направи, претседателот на Грузија ќе го распушти Парламентот и ќе распише вонредни парламентарни избори. Според резулатите од неодамнаодржаните […]

Во Русија терорист се разнесе и рани шест лица


Најмалку шест чувари се повредени во терористички напад во седиште на Федералната служба за безбедност (ФСБ), во населбата Учкекен, во регионот Карачи-Черкезија. Терорист се разнел во намера да и нанесе штета на ФСБ и да ги прекине операциите во Карачај-Черкеџи. – Денеска околу пладне, неидентификувано лице се обиде да им нанесе штета на активностите на […]

Во ковид центрите вон Скопје се лекуваат 830 пациенти, слободни кревети има


Во ковид центрите во болниците надвор од Скопје се лекуваат 830 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.   Министерството за здравство, врз основа на извештаите кои пристигнуваат на дневна основа, соопшти дека во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти, во болницата во Штип 56 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово 45 пациенти, во […]

Макрадули: Од 1 март граѓаните ќе можат да ги плаќаат сметките во пошта


 Генералниот директор на А.Д. Пошта, Јани Макрадули очекува од 1 март следната година да бидат отворени шалтерите на Халк банка и граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во пошта. – Договорот е во финална фаза. По одобрувањето на Владата, има детали коишто ги договараме. Обврска на банката е за да започне со работа најдоцна за два […]

СЗО: Државите треба да ги истражат нуспојавите од вакцините против Ковид-19


Сите потенцијални нуспојави од вакцините против новиот коронавирус се во надлежност на здравствените тела на земјите, кои ја користат вакцините, изјави денеска портпаролката на Светска здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис. Таа додаде дека СЗО ги прегледува податоците од фазите на трите тестирања на вакцините на неколку производители. – Вакцините се уште немаат дозвола (од СЗО) […]

Пошта има долг околу 10 милиони евра


Генералниот директор на АД Пошта, Јани Макрадули изјави дека Владата и доделила на компанијата финансиски средства од буџетот поради загубите претрпени од пандемијата и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје. Тој потенцира дека главна цел во моментов е финансиско стабилизирање на АД Пошта. – Во моментов главна моја цел и […]

Починатата 22-годишна родилка двапати одбила хоспитализација


Бремената 22-годишна пациентка која вчера почина во ГОБ „8 Септември“ имала нерегулиран дијабетес и проблеми со тироидната жлезда. Утрото на 23 ноември ја примиле во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) со висока гликемија од околу 30, а претходно, ноќта на 22 ноември, двапати доаѓала но одбивала да биде хоспитализирана, изјави директорката на ГАК д-р […]

ЕУ направи компромис со Орбан


Со компромис, Ангела Меркел го надмина ветото на Полска и Унгарија и со тоа го спаси буџетот на ЕУ, пишува „Дојче Веле“ за самитот што штотуку заврши во Брисел. Компромисот можеби беше неопходен – но политички тој беше грешка, смета Барбара Везел. -Разбирливо, канцеларката, во последниот чин на тешкото германско претседателство со ЕУ,  не сакаше […]

Џамбаски ќе му го одзема бугарското државјанство на Милошоски?


Заменик-претседателот на ВМРО, Ангел Џамбаски, ќе поднесе предлог до владата како да им се дава  бугарско државјанство на граѓаните на Северна Македонија, а наедно и како да им се одзема на тие што водат во антибугарската реторика и „го оцрнуваат името на Бугарија“. Во описот на Џамбаски медиумите го препознаа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, […]

Атанасов: Болеста кај пастрмката не е опасна по здравјето на луѓето


Болеста кај пастрмката која е откриена во рибниците не е опасна по здравјето на луѓето. Причинува економски штети, доколку не се преземат навремено соодветни мерки, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов. На прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното, Атанасов рече дека засега кај нас нема голема смртност на рибите, […]

Зоран Атанасов си оди од функцијата директор на АХВ, ќе биде советник на премиерот


Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ), Зоран Атанасов најави дека идната недела ќе поднесе оставка од функцијата. Како што соопшти денеска на прес-конференција, од премиерот добил понуда да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. -Имам понуда од претедателот на Владата да бидам советник од областа земјоделство, безбедност на […]

И Бугарите имаат „Хунзи“, бараат припојување на остров во Пацификот што веќе не постои


„Бугарија не го признава во каква било форма Кнежеството Нова Атлантида“, порача денес во Парламентот министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, одговарајќи на пратеничко прашање. Станува збор за пловечки остров близу Нов Зеланд кој бил окупиран од Бугарин, по што го прогласи за кнежевство и побара да стане дел од Бугарија. Островот всушност по меѓународно […]

„Врба“ со Мариово и Трескавец во трка за наградата Најдобра филмска локација во Европа


Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец во Прилепско е меѓу петте финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа. Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN), а областа на Прилепско, каде што се снимаше „Врба“, влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји. – Локацијата е […]

Захариева сака да ни ги расипе односите со Грција


Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, одговарајќи на пратенички прашања утрово во бугарскиот парламент, се обиде да ги расипе и односите на Македонија со Грција и да ја замеша Атина во конфликтот. Според Захариева, и Преспанскиот договор, на кој толку му завидуваат во Бугарија, има рокови, но според нејзините сознанија – и тие не се […]

Фаучи: Со вакцинација животот во САД може да се врати во нормала до следното лето


Животот во САД може да се врати во нормала следното лето или на почетокот на есента, под услов сите да добијат вакцина за коронавирус, изјави водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи. -Се ќе зависи од тоа колку луѓето ќе сакаат да се вакцинираат, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека „доколку САД имаат јасна програма за […]

Австриските лекари предупредуваат дека трет бран не би можел да се совлада


Австриските лекари предупредуваат дека трет бран на зараза со коронавирусот за болниците би можел да се совлада само условно. Нивото на дневни зарази сè уште е високо, истакнаа тие, додавајќи дека состојбата на одделите за интензивна нега сè уште е тешка. Специјалистот за интензивна нега Клаус Маркшталер предупреди дека на клиниката АКХ во Виена има тешки случаи […]

За Захариева тоталитаризмот е македонска државна политика


Одлучувачкиот фактор што ја доведе бугарската влада до одлуката да одбие да го прифати почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ на Македонија е недостатокот на „гаранции за добрососедски односи и имплементација на билатерални договори“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Екатерина Захариева во студиото на АРД за Југоисточна Европа. -Бугарија сака да се признае […]