Владата на Грузија поднесе оставка


Грузиската Влада денеска поднесе оставка во согласност со законот, кој предвидува распуштање на Владата поради изборот на новиот состав на Парламентот.

Според Уставот, Парламентот има две недели рок да ја одобри новата влада. Ако тоа не го направи, претседателот на Грузија ќе го распушти Парламентот и ќе распише вонредни парламентарни избори.

Според резулатите од неодамнаодржаните избори, партијата Грузиски сон – Демократска Грузија победи со 48,22 отсто освоени гласови и обезбеди 90 од вкупно 150 места во Парламентот.