Бадник неработен ден за православните граѓани


Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 6 јануари, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Неработниот ден е прогласен согласно Законот за празници. 

Во Германија за 24 часа над илјада смртни случаи од КОВИД-19, најмногу до сега


Германија за првпат потврди повеќе од илјада смртни случаи за 24 часа од Ковид-19, покажуваат податоците објавени од Институтот за инфективни болести Роберт Кох. За еден ден, потврдени се 1.129 смртни случаи и 22.459 нови инфекции со коронавирус, според Институтот. До денеска, најголемиот број смртни случаи во Германија беше потврден минатата среда – 962 случаи. […]

Со кого и за кого Владата ќе го крои петтиот сет мерки, прашуваат угостителите


Независната угостителска комора очекува покана и активно учество во креирањето на новиот сет мерки и заедно со останатите комори и Владата да даде придонес да бидат креирани според вистинските и реалните потреби на угостителите и угостителската индустрија. „Како единствена специјализирана комора на угостителите која ја штити и унапредува целокупната угостителска индустрија во Македонија досега се […]

Американски конгресмен ја загуби битката со Ковид-19


Републиканец избран да ја претставува Луизијана во Претставничкиот дом на САД е првиот американски конгресмен што ја загуби битката со Ковид-19. Лук Летлоу (41) требаше да даде заклетва како член на Долниот дом на Конгресот на САД в недела. Летлоу на 18 декември објави дека е заразен со новиот коронавирус и дека е во домашен […]

АД „Пошта“ и Халк банка ќе потпишат договор за соработка


АД „Пошта на Северна Македонија“ и Халк банка АД Скопје денеска ќе ги потпишат договорот за соработка и договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во Пошта. Договорите ќе ги потпишат генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и главниот извршен директор на Халк банка АД Скопје, Билал […]

Меконел го одложи гласањето за предлогот на Трамп


Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Меконел вчера го одложи гласањето на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за зајакнување на проверките на помошта за Ковид-19 и го повика Сенатот да го поништи неговото вето за Законот за одбрана. Трамп на Твитер напиша дека Сенатот мора да одобри повисока помош за граѓаните што […]

Да се празнува одговорно со цел заштита од Ковид-19, кривична за сите групирања


Новогодишните празници граѓаните да ги празнуваат одговорно и во кругот на семејството, за да го заштитат здравјето и да го спречат ширењето на коронавирусот, апелираат надлежните. Тие најавуваат дека сите оние кои за време на Новата година ќе организираат групни забави во станови или викендици, веднаш ќе се соочат со кривична одговорност.   Исто така, […]

Ќе се зголеми ли професионалноста: Имотната состојба на функционерите и судиите под лупа на антикорупционерите


Судии, градоначалници, функционери, но не и обвинители, во првите три квартали во 2021 година ќе треба да го образложат својот имот. Претседателката на Државната комисијата за спречување на корупцијата Билјана Ивановска вели дека со оваа проверка ќе бидат опфатени сите судии, градоначалници и функционери за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи […]

Во Вухан со Ковид-19 биле заразени 500.000 жители, десетпати повеќе од официјалната бројка


Според истражувањето на кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) во Вухан со новиот коронавирус биле заразени околу 500.000 луѓе, што е речиси десетпати повеќе од официјалната бројка. За врерме на студијата научниците анализирале 34.000 жители на Вухан, првичниот епицентар на пандемијата, како и од другите градови во провинцијата Хубаеј, Пекинг, Шангај и […]

Предлог-законот за попис на собраниската Комисија за европски прашања


Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седницата на која се рагледува Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македониа во 2021 година, по скратена постапка. Оваа точка е на дневен ред и на седницата на собраниската Законодавно-правната комисија. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива/Алијанса за Албанците вчера соопштија дека […]

Прва гимназија за математичари со идеја да стане центар за таленти


Комплексни броеви, квадратни равенки, адициони формули, тригонометриски функции… се некои од модулите (теми) што се учат во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) – новото државно средно училиште кое по неколку години планирање почна да работи во оваа учебна година. Не е класично со многу паралелки, туку специјализирано училиште кое во првата генерација прими 34 ученици распоредени во […]

Серија нови потреси во Хрватска – најсилните од 4,7 и 4,8 степени по Рихтер


Централна Хрватска рано утрово беше погодена од два нови силни земјотреси со епицентар во областа Петриња, со интензитет од 4, 7 и 4,8 степени според Рихтеровата скала. – Земјотресот во 6:15 часот беше со интензитет од 4,7 степени, а малку подоцна и нов од 4,8 степени со епицентар во областа Петриња, изјави Инес Иванчиќ, раководител […]

ЕУ и Велика Бртанија ќе го потпишат Договорот за трговија


Лидерите на Европска Унија и на Велика Британија денеска ќе го потпишат Договорот за трговија. Предвидено е претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот и претседателот на Европски совет Шарл Мишел денеска да го потпишат Договорот за трговија по Брегзит,  а потоа Договорот да биде доставен во Лондон, каде треба да го […]

Облачно, ветровито и натпросечно топло


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер (на места со брзина околу 80 км/час). Попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната […]

Прв случај на британската варијанта на корона вирус во САД 


Американските власти синоќа соопштија за првиот забележан случај на зараза од многу попреносливата мутација на новиот коронавирус што се појави во Велика Британија.    Случајот е забележан во сојузната држава Колорадо.  -Денеска во Колоради го откривме првиот случај на Ковид-19, варијанта Б.1.1.7, истата онааа откриена во Обединетото Кралство, истакна синоќа во порака на Твитер Џаред Полис, […]

Втор гол на Алиоски во Премиерлигата


Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски го постигна вториот гол сезонава во Премиерлигата, во триумфот на Лидс вечерва на гостувањето кај Вест Бромвич Албион со 5:0. Алиоски го одигра целиот натпревар и беше прецизен во 31 минута. Својот гол првенец во англискиот шампионат Алиоски го постигна пред две недели во триумфот на Лидс над Њукасл од […]

ПСЖ славеше над Веспрем за бронза на ракометниот „фајналфор“ во Келн 


Ракометарите на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) триумфираа над екипата на Веспрем со 31:26 (14:11) во натпреварот за третото место на завршниот „фајналфор“ турнир во Лигата на шампиони. Унгарците подобро го отворија натпреварот во Келн и откако поведоа со 3:0 и 5:2 ја одржуваа предноста во првите 20 минути. Францускиот шампион прв пат стигна во водство 21. минута […]

Нуклеарната централа Кршко не е оштетена од земјотресот во Хрватска


По денешниот земјотрес во Хрватска не се утврдени никакви оштетувањеа на словенечката нуклеарна централа Кршко и нема никакво влијание врз околината, изјави директорот на Кршко, Стане Рожман. Тој најави дека Кршко набрзо ќе почне нормално да работи, истакнувајќи оти е изградена да биде отпорна на многу посилни земјотреси. Безбедноста на Кршко е дополнително зајакната по […]

Од Петриња потекнуваат месната индустрија „Гавриловиќ“, но и таткото на Бан Јелачиќ


Петриња е мало гратче во централна Хрватска, кое деновиве се бори со разорни, силни земјотреси. Трошните куќи паѓаат, се ронат… Затрупаа луѓе… Градоначалникот повикува за помош до сите, луѓето врескаат, немоќни над својата несреќа, останаа без покрив над главата, или без најмилите. Седум жртви се потврдени досега, а можно е да им и други затрупани […]

(Фото) Уживајте во последната полна месечина за годинава


Декември нѝ донесе многу неверојатни небесни настани, но има уште една глетка што ќе сакате да ја фатите пред да се збогувате со 2020 година. Вечерва може да ја видите последната полна месечина за 2020 година и тоа е прилично посебно. Не само што е последната полна месечина на годината, туку е позната и по […]