Засадени нови дрвја во Карпош 3


Општина Карпош засади нови висококвалитетни дрвја и зеленило во рамки на Спортско – рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“ во Карпош 3. Покрај пешачката патека се засадија зимзелени садници – туи, а дворот е облагороден и со нови листопадни дрвја: липи, јасени и јавори.   Во должина на заштитната ограда на овој рекреативен центар се […]

Полицијата санкционираше 105 возачи во Центар


Министерството за внатрешни работи вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на Општина Центар изрече вкупно 105 мерки, меѓу кои пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, а 10 мерки за возење под дејство на алкохол. Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и […]

Нова година со Ковид: Најголем интерес за Копаоник, Белград и Турција


Состојбата и препораките се менуваат од ден во ден, но сепак има интерес за патувања надвор од земјава за новогодишните празници – велат од повеќе познати туристички агенции во земјава. И покрај лошата состојба со корона вирусот и преполните болници, голем број на граѓани не се откажуваат од дочекот на новата година во хотели во […]

Трамп побара уште едно пребројување на гласовите во Џорџија


Кампањата на претседателот Доналд Трамп побара пребројување на гласовите во претседателската трка во Џорџија во саботата, еден ден откако државните службеници ги потврдија резултатите кои покажуваат дека демократот Џо Бајден ја освоил државата, додека неговиот правен тим притиска со напади за наводна широка измама без докази. Резултатите од Џорџија покажаа дека Бајден го победи Трамп […]

Короната коси низ православната црква


Погребот на поглаварот на Српската православна црква Иренеј започна во Белград, а стручната јавност веќе го прогласи за голем епидемиолошки ризик. Редици граѓани чекаа да влезат и да е простат со поглаварот кој беше изложен во дрвен сандак покриен со стакло и зелена покривка. Иако не се повторија сцените од погребот на митрополитот Амфилохие во […]

СЗО предупредува на трет бран на пандемијата во Европа на почетокот на 2021 година


Давид Набиро, специјалниот советник за Ковид-19 во Светската здравствена организација, предупреди на трет бран на пандемијата на коронавирус во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите пропуштат да направат се што е неопходно, како што беше случај пред вториот бран. – Направени се пропусти во надградба на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, […]

Филип Петровски тврди дека се подготвува смена на Мицкоски


Филип Петровски, поранешен функционер во ВМРО-ДПМНЕ и екс-пратеник, а сега жесток критичар на актуелното раководство на опозициската партија, вели дека се подготвува смена на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а на тоа кумува поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски. Според Петровски, за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува Александар Николоски, потпретседател на оваа партија. […]

Од ковид почина и расчинетиот епископ на СПЦ, Артемие


Расчинетиот епископ на СПЦ рашко-призренски и косовско-метохиски Артемие, почина денес на 85-годишна возраст. Како што дознава Н1, тој неодамна се пријавил во болницата во Валево поради срцеви проблеми, но неодамна дошол со влошена здравствена состојба, по што му била дијагностицирана пневмонија и денес беше испратен во ковид-болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград. Поранешниот владика починал во […]

Австралија: Осма жртва на напад на ајкули оваа година


Средовечен човек загина, откако беше нападнат од ајкула во Западна Австралија и тој е осма жртва на ваков напад годинава во Австралија. Додека пливал покрај плажа во популарно летувалиште во Индискиот Океан, 55-годишен маж бил нападнат од ајкула, па иако полицијата набргу се појавила на местото и му пружила прва помош на несреќниот човек, тој […]

Уште денеска пријавување за Деновите на финансиска писменост


Уште денеска граѓаните може да се пријавуват за предвидените едукативни видео презентации на темите Монетарна политика, Финансиска стабилност и Платен систем и платежни услуги, што ќе ги организира Народната банка во рамки на 4. Денови на финансиска писменост. Заинтересираните граѓани треба да го најават своето присуство преку порака на е-адресата [email protected] или на официјалните страници на Народната […]

Тамара Котевска и Фејми Даут специјални гости на седмата сесија на Филмската училница


Седмата сесија на Филмската училница помина во знакот на документарниот филм МЕДЕНА ЗЕМЈА (Honeyland, 2019) на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Откако ја проследија проекцијата на филмот, учесниците имаа уникатна можност да присуствуваат на мастер-класот што го одржаа режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Фејми Даут. Како што соопшти Кинотека, мастер-класот на двајцата креативци од тимот на […]

„Неминовен молк“ нова поетска книга од Глигор Стојковски 


Од печат излезе новата поетска книга на Глигор Стојковски насловена „Неминовен молк“. Станува збор за стихозбирка од 26 песни, поделени во три циклуси: првиот кој го носи истото име како и насловот на поетската книга, вториот „Зад билката, молк“ и третиот именуван „Преку мостот“. Новата објава на Стојковски спојува и нови пеења и креативни препрочити […]

Земјотресите не го оштетија хидро-енергетскиот систем Маврово


Серијата земјотреси кои минатата недела беа регистрирани на мавровското подрачје засега не предизвикале оштетувања на објектите и структурата на најзначајниот хидро-енергетски систем во Македонија ХЕС Маврово. Наскоро се очекува и двете најголеми хидроцентрали Вруток и Равен да почнат со производство на струја. Од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираа дека непосредно по првиот потрес, […]

Во Берово измерени минус 7 степени, најтопло во Гевгелија и Дојран


Најниски температури утрово се измерени во Берово -7 степени, во Крушево и Струмица – 3 степени и во Тетово, Штип и Демир Капија – 2 степени целзиусови. Во Скопје се измерени 0 степени на мерното место кај Петровец и 1 степен кај Зајчев Рид. Највисока утринска температура од 5 степени целзиусови е измерена во Гевгелија […]

Mедведев за прв пат го победи Надал и се пласираше во финалето на АТП-завршниот турнир


Рускиот тенисер Данил Медведев синоќа го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2-1, по сетови 3:6, 7:6 и 6:3 во полуфиналето на АТП-завршниот турнир во Лондон. Средбата траеше 2 часа и 37 минути. Русинот направи 13 аса и три двојни грешки. Шпанецот имаше три аса, исто толку двојна грешка. За Медведев ова е прва победа над […]

Си Ен Ен: Трамп се појави кратко на самитот на Г-20, а потоа отиде да игра голф


Американскиот претседател Доналд Трамп учествуваше на отворањето на годинешниот виртуелен Г-20 самит, што викендов се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, а потоа добар дел од денот го помина на голф и праќање твитови, јави синоќа Си Ен Ен. -Ова беше соодветен крај за неговата кариера во глобален мултилатерализам, наведува иронично телевизијата. Самитот започна вчера пред […]

Вакцината против коронавирус ќе биде достапна за сите, ветуваат лидерите на најразвиените земји


Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за фер дистрибуција на вакцини против коронавирус, лекови и тестови во целиот свет, така што тие ќе бидат достапни за посиромашните земји. Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, […]

Преку Македонија, со гас ќе може да се снабдуваат и Косово и Црна Гора


Во врска со процесот на гасификација на државата пред две до три недели имавме посета, заедно со премиерот и со други министри направивме увид на кракот од Скопје до Тетово, кој потоа ќе оди кон Гостивар, таму е 65 отсто готова работата. Кон Битола и над 80 отсто е завршен проектот. Набрзо ќе се приклучиме […]

Инвестираме 100 милиони евра во патиштата кон Бугарија, вели Бочварски


Треба да развиваме појасни и посилни инфраструктурни проекти со Бугарија, дел од ова е и Коридорот 8, ако зборуваме за патната инфраструктура, источниот крак од Скопје до границата со Бугарија чини околу 100 милиони евра, што значи ние даваме енергија и придонес за развој на односите со Бугарија. Практично го рехабилитираме постоечкиот пат, го средуваме […]

Ќе помогне ли кризната состојба – лекарите се исцрпени, апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и така да ги поддржат


Бројките на позитивни на коронавирусот и на оние кои им е потребно болнично лекување и натаму остануваат високи. За подобро справување со ситуацијата и користење на сите ресурси на државата, па и приватните здравствени установи, Владата прогласи кризна состојба, а ЦУК веќе усвои Акциски план со 17 точки. И натаму остануваат апелите на надлежните, но […]