Во Москва повеќе од 60.000 доброволци за руската вакцина


Повеќе од 60.000 луѓе се пријавија доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против Ковид-19 во Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин. – Повеќе од 60.000 лица доброволно се пријавија, а повеќе илјади луѓе ги поминаа потребните медицински тестови со цел да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање, рече Собјанин во интервју за телевизијата „Русија-1“. […]

Трамп го одобри договорот меѓу ТикТок и Оракл


Американскиот претседател Доналд Трамп одобри договор што ќе овозможи апликацијата ТикТок да продолжи да се користи во САД, благодарение на новата компанија „ТикТок глобал“, со која ќе управуваат Американци. Трамп изјави дека го одобрил договорот меѓу компаниите „Оракл“ и „ТикТок“, во кој може да се вклучи и „Волмарт“, пренесува лондонски „Гардијан“. Тој рече дека договорот гарантира „стопроцентна безбедност“, откако […]

Денес „Вело родео“ во Градски парк


Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност денеска кај Школка во Градскиот парк ќе се одржи настан „Вело Родео” во организација на здружението на граѓани „Еко Логик”. Настанот е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Скопје, а право на учество имаат учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта кои имаат […]

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на „Макфест“


Победничка песна на 35-то издание на „Макфест“ е „Сакам да живеам“  од групата Нокаут, втората награда е за „Ден по ден“ изведена од Ѓоко Таневски и трета награда за „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски. Никола Перевски-Пере од Нокаут за МИА вели дека ова е награда по 24 години работа, а слатка трема немал […]

Поетско читање во Бигорски во чест на 1000-годишнината


Свештената Бигорска обител беше домаќин на уште еден духовно-културен настан, посветен на големиот јубилеј, илјада години од основањето. Во големата манастирска просторија за посебни пригоди беа промовирани три збирки на поезија: „Свештена Бигорска Обител“ и „Нашите празници“ од група автори, уредени од Вера Благојевиќ – Самарјанин и „Муабетење со умот“ од Нада Алексоска. Свеченоста ја […]

Жестоки протести во Лондон против рестриктивните мерки


Полицијата во Лондон синоќа се судри со демонстранти кои протестираа против рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, по што беа уапсени 32 лица. Протестот беше предизвикан од изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон дека размислува дали повторно да се воведат одредени мерки низ цела Англија. На протестот на плоштадот Трафалгар се собраа повеќе од 1.000 луѓе, а немирите избувнаа […]

Трамп: Кандидатот за Врховниот суд на САД ќе биде жена


Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека следната недела ќе номинира жена што ќе ја наследи починатата Рут Бадер Гинзберг во Врховниот суд на САД. – Името на кандидатот ќе го објавам следната недела. Тоа ќе биде жена, рече Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина. – Мислам дека би требало да биде жена, затоа […]

Пандемијата го фрли на колена Лос Анџелес


Изграден за повеќе од пет милијарди долари за нешто помалку од четири години, фудбалскиот стадион СоФи (SoFi) со својата џиновска купола може да се замени за вселенски брод поставен на масивен паркинг. Одговара на Лос Анџелес, кој со децении е синоним за Холивуд: центарот на филмската индустрија. На паркингот на стадионот, работниците во жолти елеци […]

Во Франција рекордни 13.498 новозаразени со Ковид-19


Франција за последните 24 часа пријави 13.498 нови потврдени случаи на коронавирусот, што е уште еден рекорд во бројот на новозаразени за еден ден. Вкупниот број на случаи во земјата сега изнесува 442.194, а неделниот просек на нови дневни инфекции се зголеми на повеќе од 9.700, во споредба со најнискиот 272 на крајот на мај, две недели по укинувањето на […]

Пендаровски до Вартоломеј: Употребете го своето апелационо право, нашите граѓани од православна христијанска вероисповед да бидат еднакви со другите во светот


Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, истакна претседателот Стево Пендаровски во писмото кое го упати до Архиепископ […]

„Ѕвезда плус“ за угостителите, субвенции за алтернативен и културен туризам…, предвидува владината програма


Археолошки локалитети ќе станат достапни за посета на домашни и странски туристи, ќе се обноват постоечките и ќе се изградат нови планинарски домови, ќе се стимулира здравствен и пензионерски туризам за домашните и странските пензионери, ќе се воведе систем за субвенционирање алтернативен и културен туризам, ќе стартува проектот „Ѕвезда плус“, ветува Владата во Програмата за […]

Добрососедските односи и ЕУ во фокусот на надворешната политика, недоразбирањата со Бугарија да се решат со интензивна комуникација


Еден од главните приоритети на надворешната политика во следниве четири години е унапредувањето на добрососедските односи, а во таа насока недоразбирањата кои настанаа со Бугарија изминатите денови поради бугарскиот меморандум испратен до земјите-членки на Унијата треба да се решаваат со интезивирање на меѓусебната комуникација и на политичко ниво и преку состаноци на Мешовитата македонско-бугарска комисија […]

Бројот на деца одлучувачки за целодневната настава, МОН понуди решение за децата кои немаат ИТ-уреди


Наближува почетокот на учебната година, која поради корона кризата ќе стартува на 1 октомври, а Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта, со оглед на тоа што наставата со физичко присуство, која е предвидена за деца до трето одделение ќе биде скратена. Министерот за здравство […]

Повторно се зголемува процентот на позитивни од вкупниот број тестирани, се прави анализа на причините


Изминативе три дена е зголемен процентот на позитивни случаи на Ковид-19 од вкупниот број на направени тестови. Според министерот за здравство Венко Филипче имавме тренд на опаѓање од 10 проценти, стигнавме донекаде 6,5, а сега е околу осум. Министерот вчера информира дека деновиве се прават анализи за зголемениот процент на позитивни случаи што ќе продолжи […]

Сончево и топло преку ден, утринските температури ниски


Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. За денеска, според метеоролозите, утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 24 до 29 степени. Слично време ќе преовладува и во Скопје каде утринската температура ќе […]

Родилка и нејзиното бебе починале на ГАК


Вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, починала родилка, врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво. Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави за утре. Јовановска информира дека станува збор за родилка на […]

Пожар на Стогово, Центар Жупа нема противпожарна единица


Шумски пожар на планината Стогово во Општина Центар Жупа. Гори нискостеблеста шума. За сега не е активирана авионската единициа за гаснење на пожари поради недостапноста на теренот. -Во контакт сме со општината, но Центар Жупа нема противпожарна единица. Останува ноќта да ја минеме во набљудување на состојбата, велат за Сител жителите од селото Броштица, кое […]

Евростат: Кина стана главен трговски партнер на ЕУ


Кина стана главен трговски партнер на ЕУ во првите седум месеци од 2020 година, со што ги замени САД, кои претходно беа главен партнер на европските земји, соопшти Евростат. Европскиот увоз од Кина се зголеми за 4,9 проценти во периодот од јануари до јули во споредба со истиот период минатата година, додека увозот од САД […]

(Фото) Столе Попов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, Јануш Зигмунд Камински на „Златна камера 300“


Режисерот и сценаристот Столе Попов е добитник на наградата  „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на 41-то издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, а полско-американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински ја доби наградата „Златна камера 300“ за животно дело или животен опус.  Во името на градот домаќин пред присутните гости се обрати градоначалничката Наташа Петровска која истакна дека […]

Сензација на Тур де Франс: Тадеј Погачар како ураган ја облече жолтата маичка


Хронометарот на еден ден пред финалето во Париз ги урна сите надежи на Примож Роглич дека ќе го задржи жолтиот дрес до Шанзелизе. Погачар успеа да ја надокнади разликата од 57 секунди со фасцинантно возење   Тадеј Погачар (Емирати) го стресе Тур де Франс со победата хронометар на 20-та етапа во Ла Планш бел Филс, […]