Сензација на Тур де Франс: Тадеј Погачар како ураган ја облече жолтата маичка


„Мислам дека сонувам. Не знам што да кажам. Неверојатно е“, рече Тадеј Погачар по победата

Хронометарот на еден ден пред финалето во Париз ги урна сите надежи на Примож Роглич дека ќе го задржи жолтиот дрес до Шанзелизе. Погачар успеа да ја надокнади разликата од 57 секунди со фасцинантно возење

 

Тадеј Погачар (Емирати) го стресе Тур де Франс со победата хронометар на 20-та етапа во Ла Планш бел Филс, земајќи ја жолтатата маичка по едно од најшокантните возења во живите сеќавања за да го победи Примож Роглич (Јумбо-Висма) со разлика од 1:56 на патеката од 36 км.

Упатувајќи се во претпоследната етапа, 21-годишникот имаше 57 секунди заостанување зад својот сонародник, иако малкумина предвидоа дека специјалистот за хронометар Роглич навистина може да потклекне во трката против часовникот.

Сепак, Роглич почна да губи врме уште од почетокот, падна на 13 секунди подолу на првиот контролен пункт по 14 километри и 36 секунди на крајот од рамниот дел од патеката од 30 километри. Погачар леташе на искачувањето додека Роглич се бореше по недоволно идеалната размена на неговиот хронометарски со друмски велосипед.

Тој сѐ уште беше во водство од 20 секунди во тој момент, но се чинеше дека пропадна кога почна искачувањето на планината од прва категорија, кое беше долго 6 километри со просек на стрмнина од 8,3 проценти. За неколку секунди, неговото виртуелно водство испари во дефицит, замина во минус на 3,9 километри и никогаш не изгледаше како да ќе се врати.

Во тоа време додека возачите од тимот на Роглич, Том Думолан и Вут ван Ерт, во зашеметена тишина гледаа што се одвива на големиот екран.

До моментот кога Погачар ја мина границата за време 55:55 – 1:21 пред претходниот најбрз човек Думолан, трката веќе беше завршена со лидерот на ОАЕ кој се искачи на Ла Планш 22 секунди побрзо од кој било друг досега, поставувајќи нов рекорд за качување на сите времиња, и покрај тоа што го смени велосипедот на подножјето.

Роглич се бореше низ последните километри, но само губеше време. Неговиот сон на Тур де Франс заврши во планините Вош кога тој се струполи по влегувањето во целта, а неговите колеги од тимот го тешеа.

„Мислам дека сонувам. Не знам што да кажам. Неверојатно е“, рече новиот лидер на целта од етапата 20 откако беше прегрнат од Роглич. „Мојот сон беше да бидам на подиумот на Тур де Франс, сега сонот е вистински. Јас сум тука и сега има уште само една етапа. Ова е неверојатно.

Јас сум навистина горд на тимот. Тие направија толку голем труд. Да го добиеме жолтиот дрес на последниот ден е она што го сонувавме од самиот почеток. Го постигнавме тоа и неверојатно е.

Не бев само јас, тоа беше целиот тим. Направивме разузнавање и ги знаев секој агол, секоја дупка на патот, знаев кога да забрзам и тоа се честитки за целиот тим. Притиснав до крај и го направив тоа“.

Ричи Порте (Трек-Сегафредо) имаше неверојатна трка и стигна трет во исто време со Думолан.

Примож Роглич падна здобен од умор кога ја помина целта, но поразен

По неверојатните настани на денот, Погачар се упати кон Париз со предност од 59 секунди пред Роглич, додека Порте е на третото место со 3:30 заостанување. Погачар со 21 година е најмладиот победник на Тур де Франс во повоеното време.

Тоа беше најфасцинатниот пресврт во кулминацијата на Тур де Франс откако Грег Лемонд ја презеде титулата за само осум секунди од Лоран Фињон во 1989 година.

Заено со жолтата маичка, Погачар ќе го однесе дома и белиот дрес за најдобриот млад возач, плус дресот со точки – првиот возач кој ги освои сите три на еден Тур де Франс во историјата, бидејќи белиот дрес не постоеше во времето на Еди Меркс, кога тој исто така освои три маички во една трка (третата беше зелената). (Сајклинг њуз)