Албанија ги укина изборните коалиции


Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции. Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници …

Албанија ги укина изборните коалиции Read More »

Села: Зад настаните во село Синичане се крие бизнис заедницата на ДУИ


Нема да дозволиме некој да се освети на градоначалникот на Боговиње и на граѓаните на Синичане, заради тоа што некој сакал да направи бизнис со хидроцентрала во истото место каде граѓаните сакаат да земат вода за пиење, рече денеска од Скопје претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села. Според него на граѓаните во Северна Македонија …

Села: Зад настаните во село Синичане се крие бизнис заедницата на ДУИ Read More »

ОЈО: Еден осомничен за пукањето на „Пластичарска“


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а надлежен јавен обвинител му изрече забрана за напуштање на живеалиштето. Осомничениот, како што информира ОЈО, на …

ОЈО: Еден осомничен за пукањето на „Пластичарска“ Read More »

Во Романија нов рекорд – 1.356 заразени од коронавирус за еден ден


Во Романија во последните 24 часа од новиот коронавирус се заразиле 1.356 лица, што е нов рекорд по бројот на нови случаи за еден ден, соопштија денеска властите. Како што се наведува, станува збор за случаи кои претходно немале позитивен тест, пренесува агенцијата Агерпрес. Од последниот пресек, починале уште 35 лица, со што вкупниот број …

Во Романија нов рекорд – 1.356 заразени од коронавирус за еден ден Read More »

Истражување: Корона вирусот угинува во вода на собна температура за 72 часа


Експерти од рускиот Државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ спроведоа истражување за можноста на коронавирусот да живее во вода. „Околу 99,9 проценти од неговите честички умираат на собна температура на водата за 72 часа“, соопшти прес-службата на Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот. Како што …

Истражување: Корона вирусот угинува во вода на собна температура за 72 часа Read More »

Презентиран предлог ДУП за Стара железничка станица


Во салата на Советот на Општина Центар, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со вработените од Секторот за урбанистичко планирање и планерите, денеска го презентираа предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица. На јавната презентација присутни беа претставници од надлежните институции и комунални претпријатија (ЈП Водовод и канализација – …

Презентиран предлог ДУП за Стара железничка станица Read More »

Обвинителен предлог против главен и одговорен уредник на интернет портал за издавање службена тајна


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје. Во текот на првата половина на јули, како што информираат од скопското обвинтелство, обвиниетиот како главен и одговорен уредник на интернет портал, направил достапни на јавноста податоци од Управата за …

Обвинителен предлог против главен и одговорен уредник на интернет портал за издавање службена тајна Read More »

Индустријата потона во јуни минус 15,1 отсто, за шест месеци е помала за 14,6 од лани


Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пад од 15,1 отсто, додека за период јануари – јуни годинава во однос на тој период лани има намалување од 14,6 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос …

Индустријата потона во јуни минус 15,1 отсто, за шест месеци е помала за 14,6 од лани Read More »

Корона кризата го втурна „Ербас“ во загуба од 1,9 милијарди евра


Производитрелот на авиони „Ербас“ објави дека претрпе нето загуба од 1,9 милијарди евра во првата половина од годинава, како одраз на двојниот пад на испораките на неговите авиони во текот на периодот обележан со влијанието на кризата со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА. – Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз нашите финансии е многу …

Корона кризата го втурна „Ербас“ во загуба од 1,9 милијарди евра Read More »

Објавена програмата на 60. „Охридско лето“: Приоритет за македонските уметници


Во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, ќе започне годинешново јубилејно 60-то издание на фестивалот Охридско лето. На 4-ти август ќе блесне сцената на Античкиот театар со концертот на арии насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“  во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио …

Објавена програмата на 60. „Охридско лето“: Приоритет за македонските уметници Read More »

Нови 119 случаи со Ковид-19, починаа четворица, оздравени 89


Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 35 -Куманово 15 -Штип 17 -Прилеп 3 -Тетово 4 -Струга 3 -Велес 3 -Битола 8 -Охрид 3 -Кавадарци 2 -Гостивар 8 -Крива Паланка 1 -Кочани 1 -Демир Хисар 5 -Берово 1 -Свети Николе 1 -Кичево 8 -Ресен …

Нови 119 случаи со Ковид-19, починаа четворица, оздравени 89 Read More »

Истражување: Образовниот систем неподготвен за е-настава, потребен е уницифран модел и обука на наставниците


Образовниот систем не беше подготвен за настава од далечина и не овозможи квалитетни услови за нејзино одржување, е главниот заклучок од националното истражување за е-наставата во средните училишта за време на кризата со КОВИД-19, спроведено од здружението Лидери за едукација, активзам и развој (ЛЕАД), во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, канцеларија Скопје. Истражувањето е направено …

Истражување: Образовниот систем неподготвен за е-настава, потребен е уницифран модел и обука на наставниците Read More »

Работната група за „СК2014“ бара Богдановиќ да ги отстрани сите објекти од Мал Ринг


Во допис од осум точки, во форма на пополнет прашалник на јавната анкета за ДУП Мал Ринг на Општина Центар, работната група за справување со последиците од т.н. Проект „Скопје 2014“, го испрати своето мислење до Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар, држејќи се единствено до аспектите на проектот, при што бара отсранување на објектите, …

Работната група за „СК2014“ бара Богдановиќ да ги отстрани сите објекти од Мал Ринг Read More »

„Ист гејт“ – Скопје ќе го има третиот по големина шопинг мол и најголемата „Зара“ во регионот


Вкупната инвестиција изнесува 103 милиони евра, од кои денес беа обезбедени 72 милиони евра преку синдициран заем кој беше потпишан од страна на домашни и странски банки со кои се заокружува финансиската конструкција   Во периодот од септември до 15 ноември 2021 година во Скопје ќе биде отворен „Источна порта“ – East Gate Mall, третиот …

„Ист гејт“ – Скопје ќе го има третиот по големина шопинг мол и најголемата „Зара“ во регионот Read More »

Коронавирусот влезе во уште една штипска конфекција


Ковид-19 влезе во уште една штипска конфекција, денеска е регистриран еден случај во новата фабрика. Директорката на Центар за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека според нивните анализи од почетокот на пандемијата, па досега вирусот има влезено во вкупно 19 текстилни конфекции. Според пристигнатите резултати од тестирањето се очекува денеска бројката на нозаразени да биде …

Коронавирусот влезе во уште една штипска конфекција Read More »

И од Ниш до Белград возовите ќе „јурат“ со 200 километри на час


По кратката најава на српскиот претседателот Александар Вучиќ дека ќе се гради брза пруга од Белград до Ниш, денеска вицепремиерката Зорана Михајловиќ, го дообјасни овој иден крупен инфраструктирен проект на Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ на ТВ Хепи објаснувајќи дека покрај модернизацијата на брзата железница од Белград преку Нови Сад …

И од Ниш до Белград возовите ќе „јурат“ со 200 километри на час Read More »

Анкета: Секој втор гласач на избори не би гласал за политичар со религија различна од својата


Секој втор гласач на изборите во Република Северна Македонија не би гласал за политичар кој е верски различен од себе, но секој трет гласач нема таков проблем. Граѓаните се против користењето на религија и религиозни симболи во политичка кампања. Ова се дел од генералните заклучоци од последното истражување на Институтот за политички истражувања – Скопје …

Анкета: Секој втор гласач на избори не би гласал за политичар со религија различна од својата Read More »

Безбедниот туризам може да стане нов стандард


Туристичките знаменитости може и треба да се уживаат, но мерките и протоколите мора да се почитуваат за да се надмине КОВИД пандемијата, е заклучокот од средбата на туристичкиот сектор во земјава со претставниците на ОН. На вчерашниот онлајн состанок беше оценето дека туризмот има голема улога во актуелната ситуација. Според учесниците, можно е во вакви …

Безбедниот туризам може да стане нов стандард Read More »

Во тек е реализација на втората фаза од проектот за гасификација на Општина Илинден


Во рамките на проектот Воспоставување гасификациски систем, воведување гасификација на стопанските објекти, воОопштина Илинден во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3.500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа. Гасификацијата на општина Илинден како капитален проект е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, …

Во тек е реализација на втората фаза од проектот за гасификација на Општина Илинден Read More »

Рено забележа рекордна загуба од 7,3 милијарди евра во првите шест месеци од 2020 година


Францускиот производител на автомобили Рено претрпе најтешка загуба во својата историја во првите шест месеци од 2020 година,  во износ од  7,3 милијарди евра, јави дописникот на МИА. Групацијата, која веќе беше во тешка состојба пред пандемијата на новиот коронавирус, и која на крајот на мај најави намалување на 15.000 работни места ширум светот (од …

Рено забележа рекордна загуба од 7,3 милијарди евра во првите шест месеци од 2020 година Read More »