Лажни покани до граѓани за истрага за измама во банка


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банка. Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат […]

Мијалков: Мицкоски не заслужува да е лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Ексдиректорот на УБК, како и поранешен партиски функционер, Сашо Мијалков го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека преку медиумите шири лаги за него и му порача да го искористи времето додека претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на одмор, за да ги убеди партиите на Албанците да коалицираат со него.   Реакцијата на Мијалков […]

Рекорден број новозаразени во БиХ


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистриани се нови 432 случаи со корона вирус, што е најголем број новозаразени во еден ден, соопштија денеска надлежните. Од тој број во Федерацијата БиХ потврдени се 309 нови случаи, додека во Република Српска 123, пренесе Klix. Во федерацијата БиХ починаа шестмина, а во РС пет […]

РКЕ не донесе одлука за цената на парното


Регулаторната комисија за енергетика денеска не донесе одлука за цената на парното греење што го плаќаат скопјани. Како што истакна директорот на РКЕ Марко Бислимоски, одлуката не е донесена заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат. -Согласно измените што ги направивме на правилниците на почетокот на јуни имаме […]

Трамп се предомисли за одложувањето на изборите


Американскиот претседател Доналд Трамп на денешниот брифинг со новинарите во Белата куќа изјави дека не сака презакажување на датумот за планираните избори годинава во ноември. – Не сакам да одложувам, туку сакам да има избори (во ноември). Но, исто така не сакам да чекам (резултати) три месеци а потоа да се открие дека сите (испратени по пошта) […]

Во Словачка прв смртен случај од Ковид-19 од мај


Во Словачка во последните 24 часа е регистриран првиот нов смртен случај од Ковид-19 по 15 мај, а заразени се уште 27 лица. Од почетокот на пандемијата, коронавирусот во Словачка е потврден кај 2.292 лица, од кои 29 пациенти ја изгубиле битката со болеста. Во моментов во болниците има 15 лица за кои е потврдено дека имаат […]

Обвинение за серискиот убиец од Струмица


Основното јавно обвинителство од Струмица поднесе обвинение против едно лице од село Добрејци поради основано сомневање дека во октомври 2018 година на подмолен начин и од материјални побуди го убил лицето Александар Мицев од Струмица испукувајќи два куршума од огнено оружје во неговата глава. Обвинителството потсетува дека на 6 февруари годинава истото лице е осудено […]

Спасовски: Очекувам наскоро да се формира Влада, нема нови избори


Премиерот и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на СДСМ. Ги оценува како небулозни обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, потенцирајќи дека ќе нема нови избори. -Наводното купување на пратеници е уште една небулоза на Мицкоски од спектарот небулози кои секојдневно ги кажува. Ние сме […]

Топлотен бран во Италија, 10 градови означени со црвена боја


Топлотниот бран од Северна Африка денеска во Италија донесе температура до 40 степени, а десет градови се обележани со црвена боја, што е предупредување за екстремно високи температури. Според билтенот на италијанското Министерство за здравство, алармот се активира во Рим, Болоња, Торино, Фиренца, Кампобасо, Пескара, како и во градовите Риети, Фрозиноне, Болцано и Перуџа. Како што е наведено, невреме и грмежи се очекуваат следната недела во централниот дел […]

Хераклеа со лифт ќе можат да ја посетат и лица со посебни потреби


Отпочна реконструкцијата на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис поддржана од Европската Унија . На прес-конференцијата за новиот проект зборуваа евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска и директорот на Завод и Музеј од Битола – Мери Стојановска. Проектот е во рамките на  SMART-CUL-TOUR кој што се спроведува во […]

Бугарија: 265 новозаразени, шестмина починаа


  Во Бугарија во текот на претходните 24 часа корона вирусот е потврден кај 265 лица, додека од последиците на заразата починале шест пациенти. Од Ковис-19 во последното деноноќие оздравеле 202 лица, пренесе БТА. Бугарија од почетокот на епидемијата бележи 11.420 случаи со Ковид-19 и 374 смртни случаи. Во болница се лекуваа 751 пациент, при […]

Струјата поскапува за 7,4 отсто


Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електро-енергетски компании заради […]

Аншобер: Возрасната пирамида на заразени се смени


Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер денеска изјави дека се забележува нов тренд на зараза во земјата и оти е сменета старосната пирамида на заразените со коронавирусот. Аншобер на прес-конференцијата рече дека до пред неколку недели постарите лица, на возраст од 85 и постари, биле најмногу погодени од новиот вирус. – Сепак, сега тоа се смени. Имаме нов […]

На 10 август ќе се знаат протоколите за училиштата


Работната група на Министерството за образование и наука ќе има средба со Комисијата за заразни болести во вторник или среда, за да се утврди конечна верзија на плановите и протоколите како да се одвива наставата од 1 септември во услови на епидемија од Ковид-19.  Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска за МИА изјави дека […]

Мерките против Ковид-19 ги намалија и другите заразни болести


  Мерките за физичка дистанца, кои се воведени како заштита од корона вирус ширум светот, доведоа до значителен пад на бројот на случаи од други заразни болести, па така бројот на заразени со грип е рекордно низок. Во Кина, која прва поради пандемијата воведе мерки на карантин, бројот на случаи како мали сипаници, заушки, некои […]

БДП во еврозоната со пад од 14,4 отсто


Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 14,4 проценти во вториот квартал, соопшти Евростат. На квартална основа, овој број е 11,9  отсто. Во првите три месеци падот беше 3,6 проценти. Забележано е дека на овој начин европската економија влегува во рецесија. Еврозоната вклучува 19 земји. Според првата проценка, нивниот БДП се намалил за 12,1 отсто во вториот квартал […]

Народна банка: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка


Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити со што сега таа е сведена на ниво од 4,80 проценти. Кај вкупните депозити во јуни се бележи минимално намалување на просечната каматна стапка од 0,01 процентен поен во споредба со минатиот месец и таа изнесува 1,09 проценти. Народната банка денеска информираше за позначајните […]

СЗО: Да се укинуваат мерките за меѓународни патувања, да се одредат приоритети


Швајцарија – Светската здравствена организација (СЗО) им порача на земјите ширум светот дека треба постепено да ги укинуваат мерките за меѓународни патувања, врз основа на темелна проценка на ризикот, и тој приоритет треба да им се даде на итни случаи. СЗО препорача приоритет да се даде на патувања поради итни случаи, хуманитарни активности, патувања на неопходен персонал и враќање во […]

Проектот „Патиштата на хероите“ на МНТ доби 395 илјади евра од ЕУ


Проектот „Патиштата на хероите“ на Македонскиот народен театар (МНТ) е поддржан од Програмата Креативна Европа, во рамки на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан со вкупно 395.183 евра. Oва е првпат театар од државава да добие средства од Програмата Креативна Европа од Европската Унија. Како што соопшти денеска МНТ, проектот се занимава […]

Фискална стратегија: Помал буџетски дефицит, зелени даноци, 5 отсто ДДВ за топлинска енергија…


Во периодот 2021 – 2023 година порастот на вкупните расходи на Буџетот постепено ќе забавува од 11,7 отсто годинава, на 5,4 отсто во 2023 година, што ќе овозможи со очекуваната наплата на приходите постепено да се намалува и вкупниот буџетски дефицит од 6,8 отсто од БДП во 2020 година на 3,2 отсто во 2021 година, […]