Мерките против Ковид-19 ги намалија и другите заразни болести


 

Мерките за физичка дистанца, кои се воведени како заштита од корона вирус ширум светот, доведоа до значителен пад на бројот на случаи од други заразни болести, па така бројот на заразени со грип е рекордно низок.

Во Кина, која прва поради пандемијата воведе мерки на карантин, бројот на случаи како мали сипаници, заушки, некои полови болести, забележаа пад, а најголем пад од 90 отсто, се регистрира кај грипот.

Бо неодамнешниот извештак за распространетоста на грипот, здравствените власти на Канада истакнаа дека исклучително е низок бројот на грип во таа земја, а истото важи и за други земји кои податоците за грип ги објавуваат неделно, како Велика Британија и Австралија.

Според најновите извештаи на надлежните во Јужна Кореја, бројот на случаи на грип во таа земја е помал за 83 отсто во однос на истиот период од лани, а една сиднејска болница во моментот бележи рекордно низок број пациенти со вирусни инфекции кои не се предизвикани со корона вирусот, наведува Ројтерс.

Светската здравствена организација проценува дека од грип во светот годишно заболуваат три до пет милиони луше, а умираат половина милион.

Додека, од една страна, падот на бројот на случаите на грип го намали бројот на починати од таа болест, како и притисокот на здравствените системи на земјите ширум светот, стручњаците стравуваат дека, од друга страна, рекордниот пад на стапката на зараза од грип може да има негативно влијание на имунитетот на населението во следните сезони, наведува Ројтерс.