Нова производна линија на „Макпрогрес“, нови 15 вработувања и 30 во следниот период


„Макпрогрес“ Виница разви нова линија за производство на барови со што компанијата ја надополнува палетата на производи. Од компанијата информираат дека за потребите на новата линија се вработени 15 нови работници, а во следниот период планирани се уште 30. – Новиот производ „Баланс“ житните барови се високо квалитетен производ произведен од внимателно селектирани суровини како […]

Народна банка добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019


Народна банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери. Како што соопшти Народна банка, главни критериуми при изборот на добитниците на оваа традиционална годишна награда на „Комерцбанк“ се бројот на обработени трансакции и квалитетот […]

Се преврте комбе со мигранти кај Струмица


Седум мигранти се повредени откако синоќа околу 20:50 часот се превртело комбе со битолски регистарски таблички на магистралниот пат Струмица-Валандово, кај крстосницата за селото Раборци, соопшти портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска. Возачот на комбето побегнал, а увид на местото на несреќата извршиле полицијата и јавен обвинител. Во извлекувањето на повредените учествувале и пожарникари од Територијалната […]

Во Хонг Конг предупредуваат за трет бран на епидемијата на новиот корона вирус


Властите во Хонг Конг, кои успешно се бореа против пандемијата на корона вирусот, сега предупредуваат за можен „експоненцијален раст“ на нови случаи, како резултат на зголемувањето на локалниото пренесување. Од неделата, Ковид 19 е дијагностициран кај 65 лица, вклучувајќи 31 локално пренесен случај што се нарекува „трет бран“ на пандемијата во Хонг Конг. Инфицирани се […]

Рестриктивните мерки ја намалија нелегалната миграција во Словенија


Воведувањето рестриктивни мерки за борба против пандемијата на коронавирусот значително го намали приливот на илегални мигранти во Словенија во првите шест месеци од годинава. Сепак, полицијата сега повторно регистрира зголемување на бројот на нелегални обиди за преминување на границата. Бројот на странци кои влегле во Словенија без соодветни документи или дозволи во првите шест месеци […]

Кикиљас: Повеќе позитивни случаи на Ковид-19 имаме од копнената граница, отколку од авиолиниите


Грција– Ме загрижува одредената опуштеност, но од друга страна со смиреност и професионалност и со план ќе се справиме, чекор по чекор со било која ситуација и да произлезе,  вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Стар“,  јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на позитивните случаи на […]

Оксфам: Пандемијата ја влоши кризата со глад во најсиромашните земји


Хуманитарната група Оксфам соопшти дека пандемијата на коронавирусот ја влошила кризата со глад во најсиромашните делови на светот и предупреди дека секој ден од глад може да умрат до 12.000 луѓе, што е поврзано со социјалното и економското влијание на пандемијата. Во извештајот на групата се наведува дека масовната невработеност, нарушувањата во производството на храна […]

Рекорден пораст на бројот на новозаразени во Токио


Јапонија – Во Токио во изминатите 24 часа се пријавени 224 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата. Претходниот рекорд беше поставен на 17 април, кога за еден ден беа потврдени 206 нови случаи. Јапонските власти соопштија дека зголемувањето на бројот на заразени во последните две недели главно се должи […]

Во Индија најмногу новозаразени за еден ден од почетокот на епидемијата


Индија– Во Индија во последните пет часа се регистрирани повеќе од 100.000 нови случаи на коронавирус, а Министерството за здравство денеска пријави 24.879 новозаразени, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 767.296 случаи на коронавирус, и Индија е трета во светот по бројот на […]

Регистрирани 455 прекршоци за неносење маски


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани се 455 прекршоци за неносење маски за лична заштита од КОВИД-19. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Интервју, Зоран Заев: Не гледам пречки за коалиција со Алијансата за Албанците


  Љупчо Поповски Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја подотвора јавно вратата за постизборна владина коалиција со Алијансата за Албанците и Алтернатива. „Ние претходно соработувавме со Алијансата за Албанците. Во владината коалиција беше и Алтернатива. Ако сме соработувале претходно, можеме да ја обновиме соработката и во иднина“, вели Заев во интервјуто за „Независен“. Се разбира, […]

Секоја петта германска компанија стравува дека ќе пропадне


Секоја петта германска компанија не ја исклучува можноста од пропаѓање заради последиците од коронавирусот врз економијата, објави престижниот Институт Ифо со седиште во Минхен. – Може да се случи бран на несолвентност во наредните месеци во Германија – предупреди истражувачот на Институтот Ифо, Стефан Сауер коментирајќи ги извештаите на германските компании до Институтот во јуни […]

Брнабиќ: Во Србија нема да има преврат и анархија


Протестот пред српскиот Парламент заврши синоќа со протерување на демонстрантите од централните улици на Белград. Полицијата употреби солзавец на неколку локации во градот, а демонстрантите фрлиле факли врз неа. Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ рече дека протестите се обид да се преземе власта без волјата на народот, без учество во власта.Тој наведе дека […]

Работниците од германската кланица живееле во мувла, нехигиена и покриви што протекуваат


По инспекција на услови за домување на претежно источноевропски работници погодени од епидемијата на коронавирусот во голема германска кланица во минатиот месец откриени се речиси 1.900 неправилности, се вели во извештајот цитиран од ДПА. Извештајот беше претставен во Парламентот на државата Северна Рајна-Вестфалија од министерот за здравство Карл-Јозеф Лауман. Утврдени се пренатрупаност, мувла, ризици од […]

Мелбурн во карантин наредните шест недели


Нови карантин-мерки, што ќе траат шест недели, стапија на сила денеска во вториот по големина австралиски град Мелбурн. Одлуката е донесена поради новиот пик на инфекции со коронавирусот. Австралиските држави ги заострија контролите на нивните внатрешни граници за да избегнат втор бран на епидемијата. Мерките погодуваат околу пет милиони жители. Неколку недели по постепеното отворање, […]

Рекорден пораст на новозаразени во Аргентина


Aргентина– Во Аргентина денеска е регистриран рекорден број од 3.604 нови случаи на коронавирус, а земјата која на почетокот успешно одговори на пандемијата сега се бори со зголемување на бројот на заразени. Ова е прв ден од почетокот на епидемијата кога дневното зголемување на бројот на новозаразени надмина 3.000, додека вкупниот број на случаи се […]

Европските музеи губат 600.000 евра неделно поради пандемијата


Франција – Најголемите европски музеи губат и до 600.000 евра неделно, поради ограничувањата воведени за борба против коронавирусот, предупреди претседателот на Мрежата на европски музејски организации, Давид Вијом. Тој на онлајн конференцијата за работењето на музеите за време на кризата, рече дека загубите на музеите во туристичките региони во изминатите два месеци регистрирале загуба од 80 […]

Бугарија: Рекорден број заразени за 24 часа од Ковид-19


Бугарија–  Вкупно 240 се новите случаи на заразени со коронавирус во Бугарија за изминатите 24 часа и тоа рекорден број досега, јавија бугарски медиуми. Најголем број заразени лица има повторно во Софија – 71. Следат Пловдив и Благоевград, со 21 и 17 заразени, соодветно. Уште пет пациенти починале од Ковид-19 за 24 часа. Хоспитализирани се […]

Гугл знае каде си ти и каде сум јас


Не е новост дека технолошките компании повеќе од една деценија знаат многу за вас. Многу повеќе од што многумина би сакале, знаат и паметат работи што вие сте ги заборавиле. Се сеќавате на концертот од 2011 година? Е па, Фејсбук се сеќава, а има и фотографии. Каде сте биле точно пред три години? Знаат и […]

Трамп: Не ги слушам експертите за коронавирус


САД – Откако бројот на заразени со новиот коронавирус во САД надмина три милиони луѓе, и регистриран е втор дневен рекорд на повеќе од 60.000 заразени, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговата земја е во „добра позиција“ и призна дека „не ги слуша неговите експерти“ пишува Гардијан. Тој исто така јавно го критикуваше докторот Ентони […]