ВМРО-ДПМНЕ одбележува 30 години постоење


 ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 30 години од основањето во далечната 1990 година. На денешен ден беше крунисана идејата да се создаде политички субјект кој ќе биде носител на вековната македонска борба за сопствена независна и самостојна држава. Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која прва зборуваше за Македонија надвор од југословенската федерација. И тој идеал својата финализација ја […]

Заев: Преспанскиот договор вредеше


Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – ВРЕДЕШЕ!, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Вредеше, посочува Заев, затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и […]

(ВИДЕО)Будва под полициска опсада по апсењето на градоначалникот


Хосот во Црна Гора продолжува. Нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите се префрли и на локално поле. Синоќа бил уапсен градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ , како и претседателот на Советот на општината. Причина за апсењето наводно е неговата поддршка на литиите на Српската црква. Специјалците на специјалната единица САЈ упаднаа во […]

Корисниците на домашна платежна картичка да следат информации од банките


Македонската банкарска асоцијација (МБА) апелира корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката. Од МБА денеска информираа дека сите нивни членки вклучени во проектот „Купувам домашно“, преку кој во следните недели треба да се изработат и дистрибуираат до […]

Петар Атанасов отпаднал од трката за ректор


 Петар Атанасов соопшти дека Универзитетската изборна комисија вчера без да го извести претходно и без сериозна причина  не го прогласила за официјален кандидат во натпреварот за избор на нов ректор на УКИМ, а сите други шест кандидати освен него, како што вели, се јасно нотирани во одлуката за избор. Во отворено писмо наведува дека  сите […]

Маска не носеле 633 лица, на 336 издадени решенија за изолација


 Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација, соопштија […]

Сместувачките објекти и хотелите од понеделник работат по специјални протоколи


Од понеделник 22 јуни ќе почнат со работа хотелите и другите угостителски објекти за сместување туристи. Тоа е овозможено со Протоколот што го усвои Владата на синоќешната 69-та седница, кој ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и […]

Израел го одобри лекот ремдесивир за третман на заболените од Ковид-19


Израел денеска ја одобри употребата на антивирусниот лек на компланијата Гилед – ремдесивир  за лекување на пациенти со Ковид-19. Ремдесивир е првиот лек за кој при тестирањето на луѓе се покажа дека е ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус. Јужна Кореја, Јапонија, Индија, САД и Сингапур веќе го одобрија за употреба во итни случаи Канцеларијата […]

По новите случаи на Ковид-19, војската на Нов Зеланд ги чува карантините


Нов Зеланд денеска соопшти дека армијата ќе ги надгледува карантинските објекти и ќе ги заостри граничните контроли, откако на две лица заразени со корона вирусот им било дозволено да се движат низ целата земја. Нов Зеланд вчера го загуби статусот „земја без корона“, откако на две жени кои пристигнаа од Велика Британија им било дозволено […]

ВМРО-ДПМНЕ: Само Македонија нема отворени граници во Европа


Поради лошото справување со здравствената криза предизвикана од епидемијата со корона вирусот,  Македонија е единствената земја во регионот и Европа која има втор пик или втор бран, тврдат денес од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Македонија станува европски Вухан и е единствената  европска земја која има затворени граници и може само странските државјани да транзитираат низ Македонија […]

Чиле: Грешка во системот за евиденција на заболените од корона вирус – испуштени 31.000 случаи


Грешка во компјутерскиот систем во Чиле довела до пропуштање на повеќе од 31.000 потврдени случаи на заразени од корона вирус, или на речиси шестина од вкупниот број досега евидентирани, соопштија здравствените власти во земјата. Случаите, откриени за време на прегледот на базите на податоци на Министерството за здравство, биле потврдени кон средината на март, кога […]

Принцот Чарлс страда од губиток на мирис и вкус по заразата со коронавирус


Англија– Принцот Чарлс вели дека сè уште не го вратил своето чувство за мирис и вкус откако се зарази со коронавирусот во март. Престолонаследникот говореше за својата здравствена состојба и искуството од заразата за време на посетата на Кралската болница во Глочестершир. Тој беше придружуван од неговата сопруга – војвотката од Корнвол, Камила. Притоа, тие […]

Се подготвуваат мерките за безбедно гласање на изборите


Институциите и политичките партии со уверување до граѓаните и членовите на изборната администрација дека ќе обезбедат заштита од ширење на Ковид-19 за спроведување на изборите и гласањето на предвремените парламентарните избори. Целта е да се заштити здравјето на граѓаните, но и да се постигне поголема излезеност на изборите. Државната изборна комисија (ДИК), која го усвои […]

Врховниот суд на Венецуела ги смени раководствата на двете највлијателни опозициски партии


Врховниот суд на Венецуела вчера нареди преземање на двете највлијателни опозициски партии во земјата, а тоа се случува во годината кога треба да се оддржат парламентарни избори, јавија американските медиуми. Врховниот суд го суспендираше и потоа го замени целиот управен одбор на партијата Правда пред сѐ, само еден ден откако истата интервенција ја имаше и […]

Во Кина се врати кризниот режим


Се чинеше дека коронавирусот во Кина е под контрола, но сега расте стравот од втор бран на инфекции. Во Пекинг се регистрирани многу нови случаи, колку што немало со недели на назад. Погодените населби се во кризен режим. Во Кина денеска се пријавени нови 49 случаи на заразени со коронавирусот од кои 36 во главниот […]

Шекеринска на министерски состанок на НАТО


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на Алијансата, кој заради глобалната пандемија, вторпат се одржува преку видео-конференциска врска. Министрите за одбрана на 30 земји – членки на НАТО, како што соопштуваат од Министерството за одбрана, ќе разговараат за активностите на Алијансата во намалување на последиците […]

Секој што сака да има средба со Путин мора да мине низ тунел за дезинфекција


Рускиот претседател Владимир Путин е заштитен од новиот коронавирус со посебен тунел за дезинфекција преку кој мора да мине секој кој доаѓа да ја посети неговата резиденција во близина на Москва. Специјални тунел е изграден од руска компанија, а е поставен во официјалната резиденција на Путин, во Ново-Огарјово, пренесува „Њујорк пост“, повикувајќи се на руски […]

Пекинг воведува карантин поради вториот бран на коронавирусот


Пекинг повторно воведува строги рестриктивни мерки поради новиот бран на коронавирусот, а властите апелираат до граѓаните да не ги напуштат своите домови, пренесува весникот „Saut Čajna morning post “. Весникот наведува дека сите основни и средни училишта во градот ќе бидат затворени, а учениците ќе продолжат со настава од дома. Универзитетите, исто така, се затвораат, […]

Северна Кореја повторно ќе одржува воени вежби на границата со Јужна Кореја


Северна Кореја планира повторно да почне со одржување на воените вежби на границата со Јужна Кореја и да испрати трупи во области кои претходно беа заеднички локации за индустрија и туризам. Армијата ќе биде испратена во индустриски парк во пограничниот град Каесонг и на планините Кумганг на источниот брег, соопшти денеска севернокорејското воено раководство, пренесуваат […]

Џонсон: Израелскиот план за анексија е кршење на меѓународното право


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во Долниот дом на Парламентот дека плановите на Израел за анексирање на делови од Западниот Брег „дополнително би придонеле за кршење на меѓународното право“. На прашањето во парламентот дали планира да воведе санкции кон Израел поради најавата за анексија на делови од Западниот Брег, Џонсон одговори: Верувам дека плановите на […]