ВМРО-ДПМНЕ: Само Македонија нема отворени граници во Европа


Фото: Б. Грданоски

Поради лошото справување со здравствената криза предизвикана од епидемијата со корона вирусот,  Македонија е единствената земја во регионот и Европа која има втор пик или втор бран, тврдат денес од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Македонија станува европски Вухан и е единствената  европска земја која има затворени граници и може само странските државјани да транзитираат низ Македонија на патот до Грција.

-Ова е поразително. Во време кога цел регион и цела Европа излегуваат од првиот бран, ние поради неспособноста на Заев и Филипче веќе имаме втор пик, а можеме да замислиме само како ќе биде ако има и трет пик, реагираат од опозицијата.