Позитивен на корона Марко Чадеж, Претседател на Стопанската комора на Србија


Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, е позитивен на корона вирусот, јави Нова.рс. Како што изјави за порталот, тој нема сериозни симптоми и работи од дома. „Имав малку зголемена температура еден ден, веќе ја немам. Единствено се чувствувам малаксан и многу брзо се заморувам“, вели Чадеж, додавајќи дека прима вообичаена терапија – витамини и […]

„Гугл“ ќе им плаќа на медиумите за објавените содржини


Американскиот интернет гигант „Гугл“ во четвртокот објави дека е подготвен да потпише договори со медиумски куќи со што за прв пат би се обврзал да плаќа надомест за објавување на информативните содржини, јавија агенциите. „Гугл“ со години се обидува да се одбрани од барањата на медиумските компании ширум светот финансиски да им надомести за користењето […]

Зибери: Ќе ги бранам Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија во преговорите за коалиција


Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери во интервју за Слободен печат зборува за неговите мотиви да ја прифати оваа кандидатура. Прашан за тоа со која од големите партии би прифатил да коалицира Зибери вели: – Поборник сум на политиката што не го храни етничкото его кај една нација или партија и секоја политика што […]

Нова „бомба“: Мицкоски го уривал законот за ЈО за да се спаси Камчев


Во новата снимка поврзана со случајот “Рекет” која денес се појави на Јутјуб, се слуша конверзација помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, осудениот во случајот “Рекет” Зоки Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, поранешна директорка на Агенцијата за вработување и поранешна вработена во болницата “Систина”. Во разговорот Мицкоски потврдува дека Орце Камчец му помогнал кога му било […]

Рекорден број нови случаи во САД – се враќаат рестрикциите


Во САД се регистрирани 45.242 нови случаи на Ковид-19, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заболени. Вкупниот број на случаи од почетокот на епидемијата достигна 2,48 милиони. Рекордниот број нови случаи следи откако неколку држави ги олеснија ограничувања за да им се овозможи на помалите бизниси да продолжат да работат. Но, сега со […]

Светска банка одобри заем од 500 милиони евра за Хрватска


Одборот на извршни директори на Светска банка одобри два проекта во вредност од 500 милиони американски долари за Хрватска за итна поддршка во ублажување на ефектите од пандемијата на коронавирусот и земјотресот во Загреб. Како што прецизира Канцеларијата на Светска банка во Загреб, ефектите од пандемијата врз здравјето и економијата во Хрватска, како и во […]

Солскјер: Сè уште не знам колку пари ќе имам за трансфери


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека нема идеја каков буџет за трансфер ќе има за летото. Норвежанецот неодамна изрази надеж дека неговиот тим ќе биде активен на пазарот, но извршниот директор на „црвените ѓаволи“, Ед Вудвард, предупреди дека следното лето нема да биде како претходните заради пандемијата КОВИД-19, која го погоди тимот […]

Изминатото деноноќие 576 прекршоци за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие (26-27 јуни) на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани се 576 прекршоци за непочитување на мерката за носење лична заштита на лице, соопштија од МВР. МВР апелир до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

Медицинска сестра од Неготино позитивна на Ковид-19


Медицинска сестра на 57 годишна возраст од Неготино е новиот позитивен  случај на Ковид-19 во Тиквешко. Со мали симптоми, била на домашно лекување. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци за МИА потврди и појасни дека се работело на утврдување на нејзините контакти и нивна изолација.

„Мајкрософт“ ги затвора сите продавници и воведува само онлајн продажба


Американската компанија „Мајкрософт“ на својата веб-страница соопшти дека ќе ги затвори сите свои продавници во наредниот период и дека во иднина ќе има само онлајн продажба како дел од „стратешката корпоративна промена во областа на малопродажбата“. Како што е наведено во соопштението, компанијата нема да ги отпушти своите вработени поради оваа промена, но наместо тоа, […]

Како пропадна некогашната ѕвезда на берзата во Франкфурт


Германската финансиско-технолошка компанија „Вајркард“ (Wirecard) прогласи банкрот во четвртокот, откако од нејзините биланси без трага исчезнаа 1,9 милијарди евра. Новото раководство одлучи да поднесе барање за стечај во судот во Минхен „поради закана од несолвентност и прекумерна задолженост“, пренесе Хина. Во моментов се проценува дали треба да поднесат барање за банкрот и за нивните подружници. […]

СДСМ ветува чистка на корумпираните судии


Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. Ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 […]

Чулев чека одлука на Јавното обвинителство за гонење на Дончев


Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера во гостување на Канал 5 изјави дека Основното јавно обвинителство треба да реши дали ќе постапи против поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, кој вчера беше повикан на информативен разговор во полициска станица, а некои медиуми лажно тврдеа дека е приведен. „Податоците и информациите кој тој […]

ВМРО-ДПМНЕ ветува целосна гасификација на Македонија


Државата мора да биде економски и енергетски силна и независна, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, кој предвидува и целосна енергетска обнова.Нашата стратегија е за целосна гасификација на Македонија, достапност на природен гас до сите домаќинства, индустријата, малите и средни претпријатија, образовните и социјални институции и здравствените установи. Дополнително […]

Царовска: Само ние се грижиме за правата на жените


Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска синоќа на трибина во Аеродром ги повика сите жени на 15 јули да гласаат за Социјал-демократскиот сојуз затоа што во последните три години е направено многу за јакнење на жените во општеството и е единствената партија којашто препознава родова […]

Во Франција за 24 часа повеќе од 1.500 новозаразени со корона, најмногу од 30 мај


Повеќе од 1.500 новозаразени со вирусот корона беа регистрирани вчера во Франција, што е најголема бројка од 30 мај, додека бројот на загинати е најголем во изминатите три дена. Во изјавата на француското Министерство за здравство се вели дека бројот на заразените лица е зголемен за 1.588, што е над дневниот просек од 498 во […]

Силјановска ја обвини власта дека го крши Изборниот законик


Мора да се воспостави владеење на правото, тоа е есенцијата, ако сакаме просперитет, порача Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за пратеници во ИЕ 1 на средба со граѓани во Кисела Вода. Таа кажа дека по 15 јули доаѓа крај на незаконието и криминалот и посочи дека во предизборието има кршења […]

Европските мориња би можеле да претрпат „непоправлива штета“


Европските океани, мориња и морскиот живот се под притисок на човековите активности, вклучително и ефектите од загадувањето, прекумерниот риболов и влијанието на климатските промени, предупреди европското тело за животна средина. – Поради ефектите од тие промени, на повидок е непоправлива штета на морските екосистеми, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Морињата и океаните играат […]

Границите отворени, најфреквентно на Табановце и Блаце


Иако граничните премини од вчера  согласно одлуката на Владата целосно се отворени за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без задолжителен државен карантин, мал е интересот за патување надвор од државата. Најголем број патници забележани се на Табановце на границата со Србија и на Блаце, на границата со Коосово. […]

Избори: СДСМ денес во скопски Центар и во Кичево, ВМРО во Кочанско, ДУИ во Гостивар


Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремните парламентрани избори на 15 јули, денеска продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен, преку социјалните мережи и традиционалните медиуми. На четвртиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во скопски Центар и во Кичево, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ […]