Чулев чека одлука на Јавното обвинителство за гонење на Дончев


Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера во гостување на Канал 5 изјави дека Основното јавно обвинителство треба да реши дали ќе постапи против поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, кој вчера беше повикан на информативен разговор во полициска станица, а некои медиуми лажно тврдеа дека е приведен.

„Податоците и информациите кој тој ги изнел за време на разговорот ќе бидат доставени во форма на известување до ОЈО и понатамошното постапување ќе зависи од насоките кои ќе бидат дадени од нивна страна“, вели Чулев.

Две нови аудио снимки се појавија вечерва на новоотворен Јутјуб канал под име Дон КорлеДонев, под наслов „Силно светнал ден 1 и 2“. Дончев неодамна си поднесе оставка од позицијата директор на ФЗО.