Солскјер: Сè уште не знам колку пари ќе имам за трансфери


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека нема идеја каков буџет за трансфер ќе има за летото.

Норвежанецот неодамна изрази надеж дека неговиот тим ќе биде активен на пазарот, но извршниот директор на „црвените ѓаволи“, Ед Вудвард, предупреди дека следното лето нема да биде како претходните заради пандемијата КОВИД-19, која го погоди тимот финансиски.

– Мислам дека пандемијата навистина многу нè погоди сите. Ќе мора да почекаме да видиме кои ќе бидат вистинските последици. Можете сами да видите дека некои тимови веќе започнале да инвестираат во играчи, но други не. Вистината е дека не знам точно колку ќе имам буџет за трансфери преку летниот прозорец. Јас сè уште не знам колку сме погодени од оваа зараза. Ние сме финансиски силен клуб во целина, но веројатно сме многу силно погодени од сè што се случи во последните месеци, рече тој.