Дополнително олабавување на мерките во Грција


Од денеска започнува осмата фаза на укинување на рестриктивните мерки во Грција и постепеното враќање во новата нормалност со отворање на камповите за деца, дозволено организирање концерти и конференции, но и одржување претстави и културни манифестации, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, се отвораат и кината што работат во текот на целата година, како […]

Брима: Расте стравот кај нас од можна зараза со корона вирусот


Кај населението во земјава се бележи зголемен страв од можноста за зараза со коронавирусот. Се намалува скептицизмот на луѓето за опасноста и заканите од вирусот, а влошената ситуација со епидемијата ја намалила поддршката на граѓаните за власта во однос на справувањето со неа, покажале податоците од истражувањето на Gallup International Association спроведено во 19 земји […]

САД: Влошување во 36 држави, Флорида можно ново жариште на Ковид-19


Во САД во последните 24 часа се регистрирани најмалку 38.845 новозаразени случаи со коронавирус, од чии последици починале уште 264 лица, со што вкупниот број на заразени во земјата достигна 2.548.996, а на смртни случаи 125.804, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс. Намалување на бројот на инфицирани е забележано само во две сојузни држави – […]

Мас: Лошо е за Советот за безбедност на ОН што нема единство околу пандемијата


Германија има намера да покрене нова иницијатива за усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за пандемијата на коронавирусот, најави министерот за надворешни работи, Хајко Мас. – Лошо е за Советот за безбедност на ООН што сè уште не постигна единство околу оваа важна глобална тема, рече Мас. Како што пренесуваат германските медиуми, […]

Кина воведува реципрочни визни ограничувања за Американците


Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја информира јавноста дека воведува визни ограничувања за американските граѓани кои „се однесуваат непримерено“ во однос на Хонг Конг, откако Вашингтон истото тоа го најави за одредени кинески функционери. Портпаролот на Министерството, Џао Лианг, изјави дека Кина ги повика САД да престанат да се мешаат во кинеските внатрешни работи […]

Апликацијата за следење на заразени ќе стане обврзувачка во Словенија


Словенечката Влада подготвува повеќе нови закони со цел државата да биде подготвена за вториот бран на коронавирусот кој се очекува наесен, јави дописникот на МИА од Љубљана. Меѓу другото со законите кои набрзо по итна постапка ќе влезат и во собраниска процедура се предвидува државата финансиски да ги помогне платата на работниците кои ќе мораат […]

СДСМ: Дурловски ќе гради пат врз веќе изграден пат


СДСМ реагираше денес на кампањата на кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски прашувајќи го – каде ќе гради пат, таму каде што СДСМ веќе изградија? -Дурловски претендира да ги претставува жителите на својот роден град Битола а притоа  не ја познава основата на својата таканаречена програма. Што точно Дурловски сака да гради? Пат врз […]

Ангеловска: Домашната платежна картичка ќе го амортизира економскиот пад


Инјекцијата од 28 милиони евра преку домашната платежна картичка, односно преку зголемувањето на приватната потрошувачка за краток период насочена кон домашните производи ќе го амортизира економскиот пад. Во третиот квартал, согласно симулациите направени од Министерството за финансии, благодарение на домашната платежна картичка, економскиот резултат ќе биде подобар за 0,7 до 0,9 процентни поени. Ова, како […]

ММФ: Пакетот за закрепнување на ЕУ треба да има повеќе грантови, а не заеми


Пакетот мерки на Европската унија за опоравување на економијата од пандемијата на коронавирус треба да се состои во најголем дел од грантови, а не од заеми, изјави Гита Гопинат, главен економист во Меѓународниот монетарен фонд за германскиот весник „Шпигел“. – Во спротивно, пакетот мерки нема да предизвика економско закрепнување, вели Гопинат во изјавата објавена денеска […]

До трети јули продолжен јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19


До 03.07.2020 се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за брзо прилагодување на КОВИД-19, соопшти денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Како што информира ФИТР, апликации може да се поднесуваат до трети јули до 14:00 часот. -Овој повик  е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал […]

Нова „бомба“: И Мијалков донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ


Нов дел од снимката од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески – Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, се појави на Јутјуб. Во новата снимка, Милески потврдува дека и Сашо Мијалков бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ со донации од по 5.000 евра, за покривање трошоци за автобуси. Мицкоски го наведува 2 […]

Мицкоски повикан во полициска станица за настанот на „Боемска“


  Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е повикан денеска во полициската станица Центар.Лидерот на опозицијата е повикан за случајот „Боемска“, кога  инспекторите го фатија како седи во внатрешноста на кафана во Дебар Маало иако тоа беше забрането поради ширење на заразата со Ковид 19. Претходно беше најавено дека против Мицкоски ќе биде поднесена прекршочна […]

Казино „Фламинго“ хотел Гевгелија донираше дезинфекциони средства во вкупна вредност од 20.000 евра на ЈЗУ Општа болница Гевгелија


Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, членка на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија додели донација со дезинфикциони средства во износ од 20.000,00 на ЈЗУ Општа Болница во Гевгелија, како дел од хуманитарната кампања за потпомагање на здравствените институции кои се вклучени во борбата против КОВИД-19 вирусот. Оваа пандемија сосема го измени начинот на живот во целиот свет и […]

Обвиненија против лицата кои се обидоа да го урнат споменикот на потранешниот американски претседател Ендрју Џексон


Американските власти обвинија четворица мажи за минатонеделниот обид да ја урнат статуата на поранешниот американски претседател Ендру Џексон во близина на Белата куќа во Вашингтон. Властите велат дека четворицата биле во групата која го оштетила и се обидела да го урне споменикот лоциран на плоштадот Лафајет. Плоштадот е местото на протестите што се случуваат по […]

Глобалната продажба на „Тојота“ во мај опаднала за 34 отсто поради пандемијата


Јапонскиот производител на автомобили „Тојота Мотор“ соопшти дека неговата продажба на возила во мај е опадната за 34,1 отсто во однос на истиот период од минатата година,  609.460 парчиња поради глобалната пандемија на коронавирус, јави ДПА. Групацијата „Тојота“, во која се вклучени „Дајхатсу Моторс“  и „Хино Моторс“, исто така, соопшти дека глобалното производство и опаднало […]

Французите открија нов вирус, почина жена


Француски научници идентификуваа нов вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на вирусот корона, но велат дека нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на оваа предизвикана од вирусот корона. Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го […]

Тепачка во тајванскиот Парламент


Во Парламентот на Тајван денеска се случи тепачка кога членовите на владејачката Демократска напредна партија (ДПП) влегоа во салата која во текот на ноќта беше опколена од членовите на најголемата опозициска Кинеска националистичка партија (КМТ), во знак на протест против „владината тиранија“. Повеќе од 20 пратеници на КМТ ја окупираа собраниската сала во текот на […]

Филипче: Лекови има во секое време, со укинувањето на квотите решен деценискиот проблем


Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава – решен е деценискиот проблем. Сега, граѓаните имаат достапни лекови во секое време, наведуваат од Министерството за здравство. – Веќе десетти месец како има лекови во секое време, било да е тоа на почетокот, на средината или кон крајот на месецот. Граѓаните […]

Mакедонските граѓани трошат над 10 милијарди денари на домашни производи годишно


Македонските граѓани трошат повеќе пари на странски производи, отколку на домашни. Од јули минатата година, до средината на овој месец, на домашни производи потрошиле 10,8 милијарди денари, а на производи од увоз 19,7 милијарди денари. Ова е регистриран промет преку апликацијата Мој ДДВ, односно на скенираните сметки од граѓаните во периодот од јули минатата година […]

Партијата на Макрон загуби на локалните избори во Франција, Зелените слават


Вториот круг на општинските избори 2020 во Франција ќе биде одбележен по  рекордната неизлезеност на гласачите. По гласањето, левицата се обојува во зелено, десницата опстојува, претседателското парламентарно мнозинство ги губи изборите, додека крајната десница првпат освојува град со над 100 000 жители, јави дописникот на МИА. По, вечерашните општински избори обележани од кризата со коронавирусот, […]