СДСМ: Дурловски ќе гради пат врз веќе изграден пат


Еден до друг на прославата на отворањето на штабот во Битола
СДСМ реагираше денес на кампањата на кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски прашувајќи го – каде ќе гради пат, таму каде што СДСМ веќе изградија?
-Дурловски претендира да ги претставува жителите на својот роден град Битола а притоа  не ја познава основата на својата таканаречена програма. Што точно Дурловски сака да гради? Пат врз постоечкиот пат? Патишта кои ние за само три кратки години ги изградивме и рехабилитиравме? Од што ќе ги градиш Дурловски овие фиктивни патишта? Од провизијата од 200.000 евра за упад во собранието и обид за убиство на пратеници?-стои во реакцијата на СДСМ.
 Тие го потсетуваат притоа Дурловски што се е изградено во изборната единоца каде што тој претендира да биде избран за пратеник.
-Изградивме и рехабилитиравме 7 патни правци, во должина од 38 километри, во вредност од 4,322,601 евра.(Битола –Новици, Обиколница на Битола, Р1101 Кл. Крклино-Влез Битола-Братин Дол, Лозани-Вашерејца, Бистрица – Драгош, Скочивар-Коњарка, Битола-Демир Хисар).Тампонирање на улици во с.Кишава, уредување на улици и пат до црквата во с.Драгарино, Кикуречани, Раштани, Крклино, Драгарино; Санација и реновирање на улиците во с.Поешево, Логоварди; санирање на полски патишта во с.Габалавци; осветлување и асфалтирање на улиците во Г.Оризари.

Реконструкција на 14 улици во АРМ 1 и АРМ 2 во вредност од 155,000,000 денари. Асфалтирање на улица „Широка“ во вредност од 3,300,000 денари. Асфалтирана улица Леринска во вредност од 2,500,000 денари. Реконструкција на дел од “ – нов коловоз и водовод и канализација со вкупна вредност од 3,397,444 денари.Имаме и 43 проекти во тек (поплочување на пешачки патеки, сообраќајна сигнализација, тротоари, реконструкција и поправки на улични коловози, мостови и полски патишта во рурални средини), стои во реакцијата на владеечката партија.