Почна 61-часовниот викенд карантин во државата


Во 16 часот денеска почна забраната за движење на населението, и согласно одлуката на Владата ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова, почнува 61-часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава. Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици и земјоделските лица. Дежурните аптеки ќе работат непречено, а продавниците, маркетите […]

Главниот американски епидемиолог контра Трамп: Не е време за попуштање


Водечкиот американски стручњак за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека не е време за ублажување на строгите ограничувања на движењето иако резултатите за сузбивање на ковид 19 се позитивни и во жаришта како што е Њујорк. Д-р Фаучи со тоа предупредување реагираше на изјавите на водечките стопански функционети од администрацијата на претседателот Доналд Трамп кои […]

Новартис донира 100 илјади долари на Институтот за јавно здравје


Фармацевтската групација Новартис во Македонија (Претставништво на Новартис Фарма и Лек Скопје член на компанијата Сандоз) донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје со цел полесно справување на нашата земја со вирусот COVID-19, кој доби пандемски размери. -Со донираните средства ќе биде опремена уште една лабораторија за тестирање со целата потребната апаратура и тестови, […]

Меркел: Следува пресуден викенд


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел ги гледа првите успеси во борбата против коронавирусот и причина за „претпазливата надеж“, објави Дојче Веле. Сепак, таа и членовите на нејзиниот Кабинет едногласно ги повикаа Германците да останат претпазливи и дисциплинирани. – Ако граѓаните продолжат да бидат дисциплинирани, германската Влада верува дека првото и мало олеснување на строгите ограничувања […]

Како Србија, Хрватска и Словенија реагираа на појавата на корона вирусот


Земјите во регионот различно реагираа на појавата на корона вирусот. Ова е компаративна анализа на мерките и зголемувањето на бројот на пациенти во Хрватска, Словенија и Србија. Додека епидемијата во Кина од својот врв почна да опаѓа, ситуацијата во Европа штотуку започна да се комплицира. Хрватска ги презеде своите први мерки на крајот на јануари. […]

Борис Џонсон излезе од интензивна нега


Британскиот премиер Борис Џонсон е во „многу добро расположение“ откако синоќа се премести од единицата за интензивна нега во болничка соба, но неговото закрепнување сè уште е во почетна фаза, изјави денеска неговиот портпарол. – Премиерот штотуку започнува да закрепнува и тој ќе ги следи советите на медицинскиот тим, рече портпаролот на прашањето кога Џонсон […]

Во полициски час смеат да работат само маркети со дозвола


За време на полицискиот час Државниот пазарен инспекторат во секој град има дежурни екипи кои ќе вршат проверка на маркети кои работат и дали имаат соодветни дозволи, изјави директорот на државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. – Освен маркети кои се определени од Кризниот штаб во градовите, другите немаат право да работат и доколку бидат затечени […]

Министер замина во викендичка, па остана без фотелја


Министерот за култура во австралиската држава Нов Јужен Велс, Дон Харвин поднесе оставка, откако беше казнет со 1.000 долари заради кршење на забранат за патување. Харвин е казнет затоа што е откриено дека патувал во својата викендичка. Тој тврди дека патувањето се случило пред на сила да стапат правилата за ограничување на патувањата, но истакнува […]

Болничар од штипското Инфективно одделение позитивен на Ковид -19


Болничар од Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип е позитивен на корона вирус потврди директорот, Ален Ѓеорѓијев. Негативен е резултатот за младиот лекар инфектолог, а останатите 12 медицински лица од ова одделение ќе се тестираат на утврдени датуми. МИА претходно информираше деца вкупно 14 здравствени работници, од кои двајца инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари […]

Сотирова: Новинарот имал контакт со член од семејството кој е позитивен на вирусот


Во семејството на новинарот кој е позитивен на коронавирусот има член кај кој е потврден вирусот. Новинарот имал контакт со тој член од блиската фамилија, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова. – Во блиската фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен. Новинарот имал контакт со тој член од […]

Ревизорите бараат „тајм-аут“ до крајот на септември


Советот за унапредување и надзор на ревизијата денеска официјално побара од Владата да се одложи законскиот рок за спроведување ревизии до 30 септември 2020 година. Од Советот информираат дека со цел да се заштитат вработените во ревизорските друштва, како и менаџментот и вработените во компаниите кои што се предмет на ревизија, денеска  е донесе официјална […]

Затворени уште четири кафеани и 40 кафемати


Затворени се четири угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово кои не ја почитувале забраната за работа, а надвор од употреба се ставени 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар, при надзорите што ги спровеле пазарните инспектори од 6 до 8 месецов во однос на почитување на мерките и препораките на Владата за спречување […]

Дуќани во Аеродром што ќе вршат достава на храна и други производи


Ве информираме дека викендов за време на полицискиот час, на територијата на Општина Аеродром ќе работат следниве маркети и ресторани, кои ќе примаат нарачки и ќе вршат достава до вашите домови: 1. ТДППУ ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ СКОПЈЕ тел. за достава 075/499-782 и 075/499-129 2. ПРО ЛОГИСТИК МАХ ДООЕЛ СКОПЈЕ (ресторан) тел. за достава 072/575-756, 070/355-686 3. […]

Загадувањето на Вардар не е од правните субјекти во кругот на Железара


Инспекциските надзори извршени вчера во комплексот Железара во правни субјекти кои подлежат на А-Интегрирани еколошки дозволи кои се во надлежност на Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на дојава за испуштање на загадувачки материи во река Вардар од одводниот канал во населба Гази Баба, покажале дека испусните води од овие субјекти се во граничните […]

ДКСК со прекршочни за Катица Јанева и Фатиме Фетаи


Врз основа на добиени сознанија, Државната Комисија за спречување на корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски кој во својство на надворешен соработник и управител […]

Танец ќе донира средства од хуманитарниот концерт за семејствата погодени од коронавирус


НУ „Танец“ годинава ќе одржи голем хуманитарен концерт, а донацијата ќе ја адресираат на најпогодените семејства од епидемијата, соопштија од оваа Национална установа. Како што наведуваат во соопштението, во програмата на „Танец“ за оваа година е предвиден хуманитарен концерт, за кој се планира донација од приближно 300.000 денари, но истата и ќе се удвои, со […]

(Во живо) Прес на Инспекцискиот совет


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – Директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова – Директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза – Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу – Директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини – Директор на државен инспекторат за транспорт и […]

Џесика Симпсон без шминка: Ова е време на домаќинки


САД– Поп-ѕвездата Џесика Симпсон ,сега во карантин, се  пошегува на сметка на својот супер изглед од 2003 година кога ја красеше насловната страница на „Ролинг Стоунс“. Наместо секси девојка во долна облека и со потпетици, 17 години подоцна Симпсон позира со средства за чистење и без шминка. „Домаќинката на годината изгледа малку поразлично деновиве“, ги […]

Владата не изгласала уредба за помош на ИВЗ и на МПЦ


Не е точно дека Владата изгласала Уредба за помош на МПЦ и ИВЗ, се спроведува исклучиво постара одлука за поддршка за реализација на студиските програми на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет и на Факултетот за исламски науки за 2020 година Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека е донесена […]

Регистрирани 48 нови случаи од Ковид 19, двајца починаа


Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови. Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 […]