Новартис донира 100 илјади долари на Институтот за јавно здравје


Фармацевтската групација Новартис во Македонија (Претставништво на Новартис Фарма и Лек Скопје член на компанијата Сандоз) донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје со цел полесно справување на нашата земја со вирусот COVID-19, кој доби пандемски размери.

-Со донираните средства ќе биде опремена уште една лабораторија за тестирање со целата потребната апаратура и тестови, со што ќе се обезбеди побрзо и полесно надминување на најголемата здравствена криза во нашата земја, стои во соопштението за медиуми.

Глобалната швајцарска компанија Новартис, од која е дел и Лек (Сандоз), пред неколку дена објави дека ќе донира 20 милиони американски долари за земјите најпогодени од епидемијата на коронавирус. Новартис е силно посветен во глобалната битка против COVID-19 и насочен кон поддршка на глобалните здравствени системи.