Во приватни клиника во Атина 34 заразени и тројца починати од Ковид-19


Во една од двете приватни клиники во Атина за кои грчкото Обвинителство ќе започне истрага за ширењето на коронавирусот, заразени се вкупно 37 лица (пациенти и вработени) од кои тројца починаа, јави дописничката на МИА од Атина. Пациентите се лица со бубрежни заболувања, а во приватната клиника биле во одделот за хемодијализа. Претставникот за Ковид-19 […]

Пазарниот инспекторат не врши контрола на продажбата на маски преку Фејсбук


Државниот пазарен инспекторат може да врши контрола на онлајн продажбата само ако е во прашање правно лице, но не и за физичко лица кое нуди производи на социјалната мрежа Фејсбук. -Ние можеме да вршиме контрола на онлајн продажбата само ако е во прашање правно лице, со седиште, каде може да се контролира цената на маските. […]

Министерството за финансии очекува пад на БДП од 3,7 отсто оваа година


Министерството за финансии очекува пад на домашниот бруто-производ од 3,7 отсто оваа година, како резултат на корона кризата. Проекциите на Министерството за финансии за намалување на БДП на годишно ниво се уште не се официјално објавени, но министерката за финансии Нина Ангеловска го откри овој податок на денешната прес конференција, одговарајќи на прашање на новинарите. […]

Концертите на отворено продолжуваат во Скопје


Кај Музејот на современа уметност во Скопје вечер, во 20 часот, ќе се одржи нов концерт од програмата „Култура во време на Корона“. Музичката група „Ај кју“ (EYE CUE) ќе одржи едночасовен концерт. Како што соопшти Град Скопје, за наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, […]

Животни правила на руски хирург кој живеел 104 години


Федор Углов, советски и руски хирург, писател и јавна личност, доктор по медицински науки и професор, имал посебни правила на кои се придржувал во текот на целиот живот. Благодарение на нив, тој живеел 104 години на многу активен живот. Правила за здрав живот на Федор Углов: Добрите дела и добрите мисли даваат долговечност. Ова е […]

Онлајн обложувањето на владина седница


Онлајн обложувањето ќе биде една од точките што ќе ги разгледува Владата на седница, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. Станува збор за иницијатива, како што објасни, на која се работело во изминатиот период, и пред корона-кризата. Иницијативата не е нешто ново, зашто и постојното законско решение содржи одредби и членови за онлајн игри […]

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра


Халкбанк вчера официјално изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. „Со цел да се одговори навремено и што е можно подобро на барањата на реалниот сектор во земјава во новонастанатата ситуација, Халкбанк АШ Турција […]

Анализа: Корона кризата удри и врз пазарот на недвижности


Со ограничувањето на движењето и општото чувство на економска несигурност во март и април се бележи намалена посетеност на станбените комплекси на продажба за околу 83 отсто или за околу пет пати намалување во однос на јануари и февруари   Состојбата предизвикaнa од епидемијата на коронавирус ќе има негативно краткорочно до среднорочно влијание и врз […]

Рудникот САСА продолжува со работа, вработените добија тримесечен бонус


Рудникот за олово и цинк САСА и покрај предизвиците предизвикани од Ковид-19 пандемијата, продолжи со производство и продажба на метален концентрат, при што ги исполни планираните производни цели за првиот квартал од оваа година. Во соопштението до медиумите се вели дека како резултат на тоа, раководниот тим на САСА одлучи на сите вработени, покрај редовните […]

Во 2019 година пет финансиски институции и шест осигурителни компании имале загуба


До Централниот регистар се поднесени вкупно 78.486 годишни сметки за 2019 година, соопшти денеска директорката Марија Бошковска Јанковски. Како што рече Бошковска Јанковски на прес-конференција во Владата, Трговскиот регистар има поднесено 60.810 годишни сметки и 3.720 субјекти поднеле известување дека немале деловна активност или вкупно 64.530 трговски друштва. Од нив, 43.672 се микро субјекти, 19.506 […]

Од среда почнува аплицирањето за новата бескаматна кредитна линија „Ковид2“


Од среда идната недела, односно на 29 овој месец ќе почне аплицирањето за втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“ во износ од 8 милиони евра за поддршка на претпријатијата погодени од состојбата со корона вирусот, соопштија денес на прес конференцијаа министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Развојната банка Кире Наумов и директорката на Централниот […]

Товарен воз кај велешка „Порцеланка“ удри во возило, тешко повредено 19-годишно момче


Товарниот воз, кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп, утрово во 06.40 часот на патниот премин кај влезот на поранешната фабрика за порцелан „Порцеланка“ кај  Велес, удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19 годишниот  А.Џ. од село Согле, од  Општина Чашка. Возачот, кој и самиот бил пожарникар, од приклештеното возило бил […]

Владата интервентнo набавува заштитни маски


Владата објави Јавен повик https://vlada.mk/node/21153 за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот за време на вонредната состојба. Согласно повикот, маските треба да бидат повеќекратно употребливи, изработени од 100 отсто памук, грамажа: 140-160 гр/м2 и промена на димензиите при перење и сушење (собирање) на 95°C максимум пет отсто, на јаток […]

„Форин полиси“: Русија ќе го поткопува НАТО преку Македонија


Русија се специјализира за мешање во земјите преку вклучување во изборите, воспалување на етничките тензии и предизвикување насилен конфликт, пишува американскиот магазин. НАТО мора да преземе итни чекори во Македонија   Влијателниот американски магазин „Форин полиси“ во своето најново издание пишува дека Русија ќе се обиде да се вмеша во изборите во Македонија што нема […]

Возовите во државава ќе сообраќаат со нов возен ред


Почнувајќи од 27 април, возовите во државава ќе сообраќаат по нов возен ред поради измените во времетраењето на полицискиот час кој сега трае од 19  до 5 часот во работни денови, и од 15 часот во сабота до 5 часот во понеделник. Како што соопштија од ЖРСМ Транспорт АД Скопје според новиот некои пак  возови […]

Шведска се закани дека ќе ги затвори кафулињата и рестораните што не ги почитуваат препораките


Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца. – Гледаме загрижувачки извештаи за пренатрупани тераси од кафулиња и ресторани. Дозволете ми да бидам многу јасен. Не сакам да видам пренатрупани тераси од рестораните во Стокхолм или кое било друго место, […]

Тела на умрени од корона вирусот на улиците во Еквадор


Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во Еквадор е меѓу најголемите во светот и се претпоставува дека починале 15 пати повеќе луѓе отколку официјалната статистика. Според „Њујорк тајмс“ сликите од безживотни тела на тротоарите, нафрлани на колички или во картонски ковчези укажуваат на тоа дека земјата е разорена од пандемијата со новиот коронавирус. […]

Истражување: Бројот на невработени во Германија ќе надмине 3 милиони лица


Невработеноста во Германија ќе се зголеми за околу 520.000 луѓе на над три милиони луѓе оваа година. Тоа го предвидува Институтот за истражување на пазарот на трудот И-А-Бе, кој е дел од сојузната агенција за труд. Додека пандемијата на коронавирусот турка повеќе луѓе надвор од пазарот на трудот, институтот предвидува пад на германската економија за […]